Поранешна куќа на „Охридско лето“

куќа во Охрид

Поранешна куќа на „Охридско лето“ — стара куќа во градот Охрид, прогласена за значајно културно наследство на Македонија поради нејзината архитектонска вредност и улогата во културниот живот на градот.[1]

Поранешна куќа на „Охридско лето“
Поглед на куќата
Карта
Општи податоци
Статусспоменик на културата
Видкуќа
Стилнеокласично-необарокен
ГрадОхрид
Земја Македонија
Завршенапочеток на XX век
Технички податоци
Катови3

Архитектура

Куќата е сместена на самиот почеток на градското шеталиште, на кејот „Македонија“ бр. 1 (старо име кеј „Маршал Тито“), на аголот со булеварот „Македонски Просветители“.[1] Во зградата се наоѓало седиштето на фестивалот „Охридско лето“.[2]

Изградена е на почетокот на XX век во неокласичен стил од непознати мајстори. Поставена е независно и се состои од сутерен, приземје, кат и мансарда. Од јужната страна има двор, ограден со низок парапетен камен ѕид и ограда од ковано железо. Градбата изобилува со неокласически и необарокни елементи — конструктивните и украсните столбови на приземјето и првиот кат, оградите на терасите со керамички балустради и тимпанонот над мансардниот балкон. Јужната фасада, која е најубава, има карактеристични лоѓии и балкони со балустради, столбови и пиластри со капители, профилирани венци и други украсни елементи својствени за класичниот академизам. Прозорците и вратите се симетрично и хармонично распоредени, разделени на полиња на оригинален начин. Другите фасади се поскромни и не се симетрични.[1]

Градбата е масивна со носечки ѕидови. Сутеренот е од камен, а приземјето, катот и мансардата се од полна тула. Меѓукатната и покривната конструкција се дрвени.[1]

Поврзано

Наводи