Парапет

Парапет — бариера што се јавува на работ од кров, тераса, балкон, коридор и слично. Зборот потекнува од Италјанскиот збор parapetto (parare "да покриеш/ одбраниш" и petto "гради"). Кога се наоѓа над кровот парапетот може едноставно да биде продолжение од ѕидот под него, да има улога на противпожарен ѕид или Архитектонски орнамент. Првичната намена на парапетот била да го заштити објектот од воени напади, додека денес се користи како заштитна ограда и за заштита од пожари.

Парапет за заштита на кула

Типови на парапети

Едноставен парапет - како продолжение на фасдниот ѕид. Парапет со отвори - отвори како декоративни мотиви или од функционални причини за заштита на воена опрема, дренажен систем и др. Перфорирани парапети - перфорирани со најразлични форми во зависнот од дизајнот и матерјалот.Панелни парапети - серија од сегменти(парчиња) меѓусебно поврзани во една целина.

Противпожарни парапети

Дел од ѕид во фунцкија на заштита од проширување или спречување на пожари.

Мостовски парапети

Служат како заштитна ограда за минувачите по мостовите, понекогаш служат да го блокираат погледот кон нешто или да ги заштитат минувачите под мостот од предмети што може да паднат врз нив.

модерен парапет на пешачки мост во Чикаго
🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица