Припечене

село во Петричко, Пиринска Македонија

Припечене[1] (бугарски: Генерал Тодоров од 1984[2]) — село во Петричко, Пиринска Македонија, денес во општината Петрич на Благоевградската област, југозападна Бугарија.

Припечене
Генерал Тодоров
Поглед кон селото
Поглед кон селото
Припечене is located in Бугарија
Припечене
Припечене
Местоположба во областа
Припечене во рамките на Пиринска Македонија
Припечене
Местоположба на Припечене во Општина Петрич и Благоевградската област
Координати: 41°28′N 23°16′E / 41.467° СГШ; 23.267° ИГД / 41.467; 23.267
ЗемјаБугарија
ОбластБлагоевградска област
ОпштинаПетрич
Површина
 • Вкупна9.134 км2 (3,527 ми2)
Надм. вис.&1000000000000009600000096 м
Население (2015)
 • Вкупно639
 • Густина0,070/км2 (0,18/ми2)
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.2873
Повик. бр.074207
Реката Струма во регионот на селото
Црквата „Св. Пантелејмон“

Географија и местоположба

Селото Припечене се наоѓа на 18 километри североисточно од Петрич. Селото се наоѓа на надморска висина од 96 метри. Атарот на селото зафаќа површина од 9.134 км2, во Петричко-санданската котлина. Реката Струма тече 500 метри западно од селото, а месноста Кожух е оддалечена околу еден километар во истиот правец. Селото е важна железничка станица по линијата Кулата - Софија.

Историја

Средновековен период

Во денешното село Припечеме се наоѓа средновековната карпеста црква „Свети Пантелејмон“, која во антиката била светилиште на Асклепиј. Веројатно во средниот век имало христијанско братство. Ова е потврдено од трагите на многу уништени и неколку преживеани карпести ќелии. Според народните приказни, најраниот период од делувањето на Свети Јован Рилски е поврзан со подрачјето на селото[3].

Османлиско Царство

Во 1519 година, Припечене е село во кое се произведувало ориз, и претставувало хас на султанот во Ќустендилскиот Санџак, со приход од 10.400 акчиња. Населено е со 6 муслимански и 39 христијански домаќинства[4].

Во текот на 19 век, селото било мешано и било во составот на Мелничката каза. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Препечина (Prépétchina) е село со 29 семејства со 30 жители Турци и 60 Македонци[5][6].

Георги Стрезов кон 1891 за селото напишал:

Препечен, село крај левиот брег на Струма помеѓу Левуново и Марикостиново, последно село од Мелничката каза. 45 бугарски куќи и 10 турски.[7]


Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 198 жители, од кои 80 Турци и 114 Македонци[5][8].Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 48 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија[5][9].

По избувнувањето на Балканските војни во 1912 година, две лица од селото биле доброволци во Македонско-одринските доброволни чети[10]. За време на Балканските војни, во 1913 година селото било окупирано и запалено од страна на грчката армија[11].

Бугарија

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија. На 28 октомври 1984 година, селото било преименувано во Генерал Тодоров, посвета на пешадискиот генерал Георги Тодоров. Следната година селото имало 837 жители[12].

Стопанство

Во почетокот на декември 2010 година бил откриен Сончев парк „Припечене“ со моќност од 0,8 мегавати и површина од 18,6 декари.[13]

Население[5][14]

Население на Припечене по попис[14]
Година1934194619561965197519851992200120112015
Жители404631719877812837817788693639
Етнички состав на населението
од 2011 година[15]:
НационалностЖителиПроцент
Бугари63698,45%
Роми60,93%
Останати30,46%
Вкупно646
Население по возраст
од 2011 година
[16]:

Културни и природни знаменитости

Во селото се наоѓа црквата „Св. Пантелејмон“ која датира од средниот век. Во близина на селото се наоѓа месноста Рупите, познато по минералните извори и храмот на Баба Ванѓа. Над месноста пак се наоѓа врвот Кожух, кој во минатото бил вулкан.

Редовни настани

Празникот на селото е на 18 јануари.

Личности

Родени
  • Атанас Танчев, основач и тренер на ФК Локомотив.
  • Георги Костов, мелнички војвода[17]
  • Иван Вангелов Попов, балкански шампион по табла.
  • Стојан Милев (р. 25 јули 1948), бугарски писател
Починати

Наводи