Ристо Бајалски

политичар

Ристо Бајалски (Солун, 27 септември 1916Скопје, 2 март 1999)[1] — револуционер, организатор на НОБ во Гевгелиско,[2] македонски комунист и политичар.

Биста на Ристо Бајалски во Гевгелија

Станал член на СКОЈ во 1935 година, а на КПЈ во 1936 година. Бил секретар на Месниот комитет на КПЈ (1936) и на Окружниот комитет на КПЈ во Гевгелија (1942 — почетокот на 1943). Во НОВ бил политички комесар на Гевгелискиот партизански одред „Сава Михајлов“, политички комесар на баталјонот „Страшо Пинџур“ и политички комесар на Првиот бугарски баталјон „Христо Ботев“, формиран на македонска територија. Бил избран за учесник на Првото заседание на АСНОМ и делегат на Третото заседание на АВНОЈ.[1][2]

По Ослободувањето бил министер за трговија и снабдување во Владата на НРМ, член на ЦК на КПМ, секретар на ГО на НФМ, претседател на Трговската комора на Македонија, генерален секретар и претседател на Трговската комора на Југославија, потпретседател и генерален секретар на Стопанската комора на СФРЈ, сојузен и републички пратеник во повеќе свикувања.

Носител е на Партизанска споменица 1941.[3]

Наводи