27 септември

датум
<<септември>>
НПВСЧПС
01020304050607
08091011121314
15161718192021
22232425262728
2930
2024

27 септември — 270-иот ден во годината според грегоријанскиот календар(271-и во престапна година). Остануваат 95 денови до крајот на годината.

Настани:

1529 Османлиската војска под команда на Сулејман Величествениот ја започна Опсадата на Виена.
1822 Жан-Франсоа Шамполион објавил дека го дешифрирал Каменот од Розета.
1825 Англискиот пронаоѓач Џорџ Стивенсон управувал со својата парна локомотива која влечела 38 вагони на линијата Стоктон - Дарлингтон во Велика Британија. За кратко време железничката мрежа се проширила низ цела Европа.
1854 Во Атлантскиот Океан потонал бродотАрктик“ со околу 300 патници.
1905 Списанието „Анали на физиката“ го објавило трудот на Алберт Ајнштајн „Дали инерцијата на телото зависи од неговата енергија“ каде за првпат е претставена познатата равенка E=mc².
1908 Во Солун излегол првиот број на весникот „Единство“ под редакција на Димитар Влахов.
1939 По 19-дневен отпор Варшава паднала во рацете на германските трупи.
1940 Во Берлин, Италија и Јапонија потпишале 10-годишен воен и економски пакт и формално создале сојуз на фашистички сили познат под името Оската Берлин - Рим - Токио.
1993 Република Македонија е примена за член на Меѓународната агенција за атомска енергија.
1994 Република Македонија воспоставила дипломатски односи со Португалија и со Кралството Саудиска Арабија.
1994 Во Скопје е основано Македонско-кинеското друштво за пријателство и соработка.
1995 Република Македонија е примена во Советот на Европа како 38-ма членка.

Родени:

1389 Козимо де Медичи — владетел на Фиренца.
1601 Луј XIII — француски крал.
1783 Аугустин Итурбиде — генерал, потоа цар на Мексико под името Августин I.
1901 Иван Милутиновиќ — југословенски комунист, партизан и народен херој.
1920 Таки Хрисик — македонски композитор и музички педагог.
1922 Артур Пен — американски филмски режисер.
1953 Роби Шекспир — јамајски реге-музичар.
1958 Ирвин Велш — шкотски писател.
1965 Стив Кер — американски кошаркар и тренер.
1972 Гвинет Палтроу — амриканска глумица.
1976 Франческо Тотииталијански фудбалер.
1982 Лил Вејн — американски рапер.
1984 Аврил Лавињканадска пејачка.
1987 Петар Игнатенко — руски велосипедист.
1991 Симона Халеп — романска тенисерка.
1992 Гранит Џака — швајцарски фудбалер.
1999 Елиф Елмас — македонски фудбалер од турска националност.
1999 Игор Дивеев — руски фудбалер.

Починале:

1590 Урбан VIIримски папа.
1891 Иван Гончаров — руски писател.
1917 Едгар Дегафранцуски сликар и вајар.
2018 Благој Истатовмакедонски фудбалски голман.
2018 Марти Белин — американски рок-музичар.
2021 Драган Поповски - Дада — македонски вајар.
2021 Роџер Хант — англиски фудбалер.


🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица