Теќе „Зејнел Абедин-паша“

теќе во Охрид

Теќе „Зејнел Абедин-паша“османлиско теќе со џамија во градот Охрид, прогласени за културно наследство на Македонија.[1][2][3][4]

Теќе „Зејнел Абедин-паша“
Поглед на теќето
Основни податоци
МестоОхрид, Македонија
Координати41°6′59.3″N 20°48′0.4″E / 41.116472° СГШ; 20.800111° ИГД / 41.116472; 20.800111
ПрипадностХалветиски ред (суфизам)
Архитектонски опис
Архитектонски типтеќе, џамија
Архитектонски стилосманлиски
Особености
Минариња1
Прогласен закултурно наследство на Македонија
Теќиската џамија

Местоположба

Теќето е сместено на Охридската чаршија, на самиот плоштад до стариот чинар.[1]

Историја

Според натпис во теќето, по пристигањето на Пир Хајати Баба во 1766 година, раководителите се стекнуваат со титулата „шех“. По добивањето на хилафет од карабашата на Сер, Шех Мехмед Хајати пристигнал во Охрид, каде го основал теќето на Халветискиот ред со ферман од султанот.[1] За џамиската града некои сметаат дека е изградена во XV век како медреса (верско училиште). Кон крајот на XVI век таа е претворена во теќиска џамија.[2] Ова теќе е мајка на Теќето „Халвети Хасан Баба“ во Струга и на теќињатата во Кичево и Штип, кои му биле потчинети.[5]

На 22 март 1968 година теќето „Зејнел Абедин-паша“ е прогласено за споменик на културата.[6]

Архитектура

Теќето (со џамијата) ги има сите потребни простории — семхана, халвет, зимски и летен кафе-оџак, молитвена просторија и мисахирхана, просторија за гости.[1] Минарето е изградено во XVII век и е зачувано во изворниот облик.[1]

Дел од комплексот е и Турбето на Хајати Баба од XVIII век, во кое е погребан основачот на теќето.[1][2] Шеховата куќа од XIX век е факсимилно обновена во доцниот XX век, а Шадрванот на шехот Зекерија е од XIX век. Во комплексот има и две групи гробови — едните кај влезот до џамијата, а другите на запад од турбето. Во нив се погребани членовите на семејствата на шеховите и прислугата на теќето, како и неговите дарители.[2]

Поврзано

Наводи

Надворешни врски