Суфизам
Суфизмот — мистички аспект на исламот. Суфија е човек што чека искуство пратено директно од Алах. Суфизмот најчесто се среќава во Иран и Турција, но застапен е и во Македонија во теќињата на дервишите.[1] Покрај мажите, суфии биле и жени, како што е случајот со најпознатата суфи-светица, Рабија ел-Адевија (починала во 801 година), која аскетската традиција ја споила со посебен вид љубовен мистицизам. Притоа, нејзината љубов кон Бога била апсолутна и ексклузивна во однос на сè, не допуштајќи место за страв од пеколот, омраза кон ѓаволот или страст за рајот.[2]
Суфизмот како тема во уметноста и во популарната култура
Суфиите се честа тема во арапската книжевност и во популарната култура, како:
- „Суфито кој себе се нарекувал џукела“ - суфиска приказна.[3]
- „Рабија ал-Адавија“ - суфиска приказна.[4]
- „Авицена и Абу Саид“ - суфиска приказна.[5]
- „Бахаудин“ - суфиска приказна.[6]
- „Ардабили“ - суфиска приказна.[7]
- „Халкави“ - суфиска приказна.[8]
- „Сиапош“ - суфиска приказна.[9]
- „Абуд од Обдурман“ - суфиска приказна.[10]
- „Халаби“ - суфиска приказна.[11]
- „Нахас“ - суфиска приказна.[12]
- „Барбари и имитаторот“ - суфиска приказна.[13]
- „Приказната за Фази Раби“ - суфиска приказна.[14]
- „Рабија“ (Rabia) - турски филм од 1973 година, во режија на Осман Ф. Седен.[15]
- „Рабија, првата жена-светица“ (Rabia, İlk Kadın Evliya) - турски филм од 1973 година, во режија на Суреја Дуру.[16]
Наводи
🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица