Тимфи

планина во Епир

Тимфи (грчки: Τύμφη) — планина во северниот дел на округот Јанина, дел од веригата Пинд. Во реонот на Тимфи се наоѓа областа Загори. Врвовите на Тимфи се издигаат над 2400 m надморска височина. Планината е шеста по височина во Грција и е долга 20 – 25 км во правец исток-запад, и ширина 15 км север-југ. На Тимфи извира Водоматица, притока на реката Војуша.

Тимфи
Τύμφη
Поглед на западната страна на Гамила во лето
Највисока точка
Надм. вис.2497 м [1]
Истакнатост1266 м [2]
Координати39°58′54″N 20°48′54″E / 39.98167° СГШ; 20.81500° ИГД / 39.98167; 20.81500[3]
Друго имеΤύμφη
Географија
Тимфи на карта

Карта

МестоОкруг Јанина, Епир, Грција
Матичен венецПинд
ТопокартаHMGS Tsepelovo; Anávasi Topo 50 Pindus Zagori
Геологија
Старост на карпатапалаеоцен-еоцен
Видвенечна планина
Искачување
Прво освојувањенепознато; прво регистрирано искачување: 1956
Најлесен патпрошетка

Највисок врв на планината, Гамила, се издига на 2497 м, а Гура со 2467 м и Астрака со 2432 м ја пополнуваат водечката тројка. Во масивот на Тимфи, на неговата јужна страна, се наоѓа клисурата Вик со должина од околу 20 км, променлива длабочина од 450 до 1 600 м, како и ширина од 400 м до само неколку метри во најтесниот дел[4]. Се смета за најдлабока клисура или кањон на светот според Гинисовата книга на рекорди.[5] Клисурата Вик, заедно со соседната на Војуша, го образуваат Националниот парк Вик-Војуша во северниот дел на Тимфи.

Особена одлика на ова подрачје се природните базени настанати со ерозија на локални струи.[6] На највисоки надморски висини на планината Тимфи се наоѓаат голем број алпски езера и ретки видови водоземци кои главно живеат на планинските пасишта. Најголемо езеро во паркот е Драколимни, формација која настанала после повлекување на ледници[6], а се наоѓа на надморска висина од 2.050 м. Површината му е околу 1 хектар, а најголемата длабочина изнесува 4,95 м.[7]
На просторот на селото Папинго во близина на врвовите Гамила и Астака, во рамки на националниот парк, се наоѓаат голем број јами и пештери. Некои од нив ги добиле имињата од старогрчката митологија, како што е пештерата Одисеја и Епската Провалија. Пештерата Проватина е длабока 408 m, што ја прави една од најдлабоките пештери на светот. Била откриена во 1965 година од страна на британскиот спелеолог и од тогаш била истражувана повеќепати. Длабочината на Епската Провалија е 451 метар и таа црпи вода од подземни извори.[8]

Поврзано

Надворешни врски