Еоцен

Еоцен (од старогрчките зборови ἠώς-ēṓs = зора и καινός= нова; нова зора) – геолошка епоха во ерата кенозоик, траел од 56 до 33,9 милиона година. Називот ја симболизира појавата на нова фауна која се развила во оваа епоха.

Епохата еоцен е позната како „мезонумулитик” бидејќи во неа нагло се развиваат нумулитите. Траел околу 20 милиона година. Растителни видови од мезозоикот изумираат, а застапени се семејствата на жбунести тропски растителни заедници: Proteacea, Amentacea, а најзастапени родови се Eucalyptus и палми (Cocos, Phoenix). Заедниците од умерениот појас сè уште се ретки (Quercus и Pinus). Цицачите снажно се развиваат, се јавуваат првите претставници на коњи со висина на волк, први елени, тапири, волови и први торбари и месојади. Во морињата живеат нумулити, полжави, школки од кои некои и денес живеат во тропските мориња.

Еоценот врз основа на седименти од Паратетис бил поделен на долен, среден и горен еоцен. Во еоценот се јавуваат две области на развој: северен (во областа на Северното и Аралско-туркестанското Море) и јужен (преостанатиот дел од Тетида). Во северниот дел седиментите се претставени со песоци, варовници, дуни и лапорци. За време на еоценот, Тетида го покрива поголемиот дел на Европа. Еоценските седименти учествуваат во градбата на Јадранското Приморје. во долниот еоцен таложени се милолски варовници, во средниот алвеолински, а во средниот и горниот нумулитски варовници.

Алпската орогенеза засилено продолжува. Во еоценот се одвива пиринејската фаза, како една од најзначајните во текот на орогензата. Во текот на оваа фаза најзначајни се набирањата во Пиринеите. Тетида ги поплавува просторите на југот на Европа и пошироко на север до Карпатите, Кавказ и преку Провансалскот Залив се поврзува со Северното Море. Магматизмот оживеал како и вулканизмот во Северозападна Европа. Тетида нагло е зголемен кон север. Во Европа и понатаму се одржува Северното Море кое на исток е поврзано со Аралско-туркестанското Море, а со Провелинскиот Залив и со Тетида. Во распоредот на континентите нема поголеми промени. Континетите на јужната полутопка ги вообличуваат своите контури. Со пиринејската фаза некои планини настанати со ларамиската фаза се снижени и расчленети. Денудацијата и ерозијата се намалени. Реките во Европа се насочени кон Северното Море, реките од Северна и Јужна Америка кон Атлантскиот Океан, а реките од Азија кон Аралско-туркестанското Море и Големиот Океан. Климата е азонална и променлива. Растителноста укажува на влажна и топла клима. Од минералните суровини најчести се каустобиолити, нафта и јаглен (Романија, Албанија, Еквадор, Перу, Тексас...)

Поделба

Еоценот е епоха од палеогенот и според ICS се дели на четири века: приабониј, бартониј, лутетиј и ипресиј.[1]

Палеоген
ПериодЕпохаВекПочеток (Ma)Крај (Ma)
Палеоген
ОлигоценХатиј27,8223,03
Рупелиј33,927,82
ЕоценПриабониј37,7133,9
Бартониј41,237,71
Лутетиј47,841,2
Ипресиј56,047,8
ПалеоценТанетиј59,256
Селандиј61,659,2
Даниј66,061,6

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица