Трка околу Баскија 2014

Трка околу Баскија 2014 — 54. издание на велосипедската етапна трка Трка околу Баскија. Започнала на 7 април 2014 година во Ордизија и завршила на 12 април во Маркина-Хемејн, составена од шест етапи, вклучувајќи го и поединечниот хронометар. Претставува деветта трка во сезоната на Светската турнеја.

Трка околу Баскија 2014
Светска турнеја на UCI 2014, трка 9 од 29
Детали за трката
Датум(и)7–12 април 2014
Етапи6
Растојание840,8 км
Време21ч 09' 11" (24,7 км/ч)
Добитници на наградите
Победник Алберто Контадор (Шпанија)(Тинкоф-Саксо)
Втор Михал Квјатковски (Полска)(Омега Парма-Квик Степ)
Трет Жан Кристоф Перо (Франција)(Аг2р-Ла Мондијал)

Бодовен Михал Квјатковски (Полска)(Омега Парма-Квик Степ)
Планински Давиде Вилела (Италија)(Канондејл)
Спринтерски Омар Фраиле (Шпанија)(Каха Рурал-Сегурос РГА)
ЕкипенВанти-Груп Гобер
2013
2015

Трката по третпат била освоена[1] од шпанскиот велосипедист Алберто Контадор од Тинкоф-Саксо,[2] кој ја освоил воведната етапа на трката по нападот кон крајот на етапата и го држел водството на трката до крајот. Контадор го освоил генералниот пласман со 49 секунди[3] пред второпласираниот Михал Квјатковски (Омега Парма-Квик Степ) додека возачот на Аг2р-Ла Мондијал Жан Кристоф Перо го заокружил подиумот,[4] 15 секунди зад Квјатковски и 64 секунди зад Контадор. Обајцата, Квјатковски и Перо, последната етапа ја започнале на места надвор од првите тројца, но се искачиле во пласманот благодарение на нивните солидни резултати на хронометарот.

Со пет трети места од шест етапи, Квјатковски исто така бил победник на белата маичка за бодовниот пласман,[5] преземајќи го водството на последната етапа од возачот на Мовистар Тим Алехандро Валверде; Валверде исто така паднал од второто на петтото место во генералниот пласман.[6] Возачот на Канондејл Давиде Вилела бил освојувач на планинскиот пласман,[7] одржувајќи го тоа водство од почетокот до крајот, додека спринтерскиот пласман втора година по ред бил освоен од возач на екипата Каха Рурал-Сегурос РГА; Омар Фраиле го освоил пласманот,[7] откако Аметс Чурука го направил истото во 2013. Екипниот пласман бил освоен од Ванти-Груп Гобер,[8] со тројца од нивните возачи во првите 15 во генералниот пласман.

Екипи

Бидејќи Трката околу Баскија е настан од Светската турнеја, сите 18 UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да испратат екипа. Специјална покана им била доделена само на Каха Рурал-Сегурос РГА, со што се создала група од 19 екипи.

Екипите кои настапиле на трката биле:[9]

† Специјално поканета екипа на трката.

Етапи

Етапа 1

7 април 2014 — Ордизија до Ордизија, 153,4 км
Резултат од етапа 1 и генерален пласман по етапа 1
ВозачЕкипаВреме
1  Алберто Контадор (ШПА) Тинкоф-Саксо4ч 05' 07"
2  Алехандро Валверде (ШПА)Мовистар Тим+ 14"
3  Михал Квјатковски (ПОЛ)Омега Парма-Квик Степ+ 34"
4  Јуриј Трофимов (РУС)Катјуша+ 36"
5  Дамијано Кунего (ИТА)Лампре-Мерида+ 36"
6  Жан Кристоф Перо (ФРА)Аг2р-Ла Мондијал+ 36"
7  Микел Ниеве (ШПА)Тим Скај+ 36"
8  Кедел Еванс (АВС)Ванти-Груп Гобер+ 36"
9  Роман Кројцигер (ЧЕШ)Тинкоф-Саксо+ 54"
10  Микел Ланда (ШПА)Астана+ 54"

Етапа 2

8 април 2014 — Ордизија до Урдазуби, 155,8 км
Резултат од етапа 2
ВозачЕкипаВреме
1  Тони Мартин (ГЕР)Омега Парма-Квик Степ3ч 46' 17"
2  Бен Свифт (ВБР)Тим Скај+ 30"
3  Михал Квјатковски (ПОЛ)Омега Парма-Квик Степ+ 30"
4  Дамијано Кунего (ИТА)Лампре-Мерида+ 30"
5  Паул Мартенс (ГЕР)Белкин Про Сајклинг+ 30"
6  Алехандро Валверде (ШПА)Мовистар Тим+ 30"
7  Максим Иглински (КАЗ)Астана+ 30"
8  Јукија Араширо (ЈАП)Тим Јуропкар+ 30"
9  Мајкл Метјус (АВС)Орика-ГринЕЏ+ 30"
10  Риналдо Ночентини (ИТА)Аг2р-Ла Мондијал+ 30"
Генерален пласман по етапа 2
ВозачЕкипаВреме
1  Алберто Контадор (ШПА) Тинкоф-Саксо7ч 51' 54"
2  Алехандро Валверде (ШПА)Мовистар Тим+ 14"
3  Михал Квјатковски (ПОЛ) Омега Парма-Квик Степ+ 34"
4  Дамијано Кунего (ИТА)Лампре-Мерида+ 36"
5  Кедел Еванс (АВС)Ванти-Груп Гобер+ 36"
6  Жан Кристоф Перо (ФРА)Аг2р-Ла Мондијал+ 36"
7  Микел Ниеве (ШПА)Тим Скај+ 36"
8  Јуриј Трофимов (РУС)Катјуша+ 36"
9  Роман Кројцигер (ЧЕШ)Тинкоф-Саксо+ 54"
10  Микел Ланда (ШПА)Астана+ 54"

Етапа 3

9 април 2014 — Урдазуби до Виторија, 194,5 км
Резултат од етапа 3
ВозачЕкипаВреме
1  Мајкл Метјус (АВС)Орика-ГринЕЏ5ч 02' 09"
2  Кевин Реза (ФРА)Тим Јуропкари.в.
3  Михал Квјатковски (ПОЛ) Омега Парма-Квик Степи.в.
4  Бен Свифт (ВБР)Тим Скаји.в.
5  Паул Мартенс (ГЕР)Белкин Про Сајклинги.в.
6  Јукија Араширо (ЈАП)Тим Јуропкари.в.
7  Даниеле Рато (ИТА)Канондејли.в.
8  Максим Иглински (КАЗ)Астанаи.в.
9  Енрико Гаспарото (ИТА)Астанаи.в.
10  Тош ван дер Санде (БЕЛ)Лото-Белисоли.в.
Генерален пласман по етапа 3
ВозачЕкипаВреме
1  Алберто Контадор (ШПА) Тинкоф-Саксо12ч 54' 03"
2  Алехандро Валверде (ШПА)Мовистар Тим+ 14"
3  Михал Квјатковски (ПОЛ) Омега Парма-Квик Степ+ 34"
4  Дамијано Кунего (ИТА)Лампре-Мерида+ 36"
5  Кедел Еванс (АВС)Ванти-Груп Гобер+ 36"
6  Жан Кристоф Перо (ФРА)Аг2р-Ла Мондијал+ 36"
7  Јуриј Трофимов (РУС)Катјуша+ 36"
8  Микел Ниеве (ШПА)Тим Скај+ 36"
9  Роман Кројцигер (ЧЕШ)Тинкоф-Саксо+ 54"
10  Микел Ланда (ШПА)Астана+ 54"

Етапа 4

10 април 2014 — Виторија до Ејбар, 151 км
Резултат од етапа 4
ВозачЕкипаВреме
1  Ваут Пулс (ХОЛ)Омега Парма-Квик Степ3ч 39' 29"
2  Алехандро Валверде (ШПА)Мовистар Тим+ 1"
3  Самуел Санчес (ШПА)Ванти-Груп Гобер+ 1"
4  Том-Јелте Слагтер (ХОЛ)Гармин-Шарп+ 3"
5  Бауке Молема (ХОЛ)Белкин Про Сајклинг+ 3"
6  Јуриј Трофимов (РУС)Катјуша+ 3"
7  Кедел Еванс (АВС)Ванти-Груп Гобер+ 3"
8  Микел Ланда (ШПА)Астана+ 3"
9  Дамијано Кунего (ИТА)Лампре-Мерида+ 3"
10  Алберто Контадор (ШПА) Тинкоф-Саксо+ 3"
Генерален пласман по етапа 4
ВозачЕкипаВреме
1  Алберто Контадор (ШПА) Тинкоф-Саксо16ч 33' 35"
2  Алехандро Валверде (ШПА) Мовистар Тим+ 12"
3  Дамијано Кунего (ИТА)Лампре-Мерида+ 36"
4  Кедел Еванс (АВС)Ванти-Груп Гобер+ 36"
5  Жан Кристоф Перо (ФРА)Аг2р-Ла Мондијал+ 36"
6  Јуриј Трофимов (РУС)Катјуша+ 36"
7  Михал Квјатковски (ПОЛ)Омега Парма-Квик Степ+ 41"
8  Микел Ланда (ШПА)Астана+ 54"
9  Ваут Пулс (ХОЛ)Омега Парма-Квик Степ+ 55"
10  Самуел Санчес (ШПА)Ванти-Груп Гобер+ 56"

Етапа 5

11 април 2014 — Ејбар до Хемејн, 160,2 км
Резултат од етапа 5
ВозачЕкипаВреме
1  Бен Свифт (ВБР)Тим Скај3ч 56' 56"
2  Алехандро Валверде (ШПА) Мовистар Тими.в.
3  Михал Квјатковски (ПОЛ)Омега Парма-Квик Степи.в.
4  Том-Јелте Слагтер (ХОЛ)Гармин-Шарпи.в.
5  Дамијано Кунего (ИТА)Лампре-Меридаи.в.
6  Сирил Готје (ФРА)Тим Јуропкари.в.
7  Џонатан Ивер (ФРА)Белкин Про Сајклинги.в.
8  Жан Кристоф Перо (ФРА)Аг2р-Ла Мондијали.в.
9  Алберто Контадор (ШПА) Тинкоф-Саксои.в.
10  Кедел Еванс (АВС)Ванти-Груп Гобери.в.
Генерален пласман по етапа 5
ВозачЕкипаВреме
1  Алберто Контадор (ШПА) Тинкоф-Саксо20ч 30' 31"
2  Алехандро Валверде (ШПА) Мовистар Тим+ 12"
3  Дамијано Кунего (ИТА)Лампре-Мерида+ 36"
4  Кедел Еванс (АВС)Ванти-Груп Гобер+ 36"
5  Жан Кристоф Перо (ФРА)Аг2р-Ла Мондијал+ 36"
6  Јуриј Трофимов (РУС)Катјуша+ 36"
7  Михал Квјатковски (ПОЛ)Омега Парма-Квик Степ+ 41"
8  Микел Ланда (ШПА)Астана+ 54"
9  Ваут Пулс (ХОЛ)Омега Парма-Квик Степ+ 55"
10  Самуел Санчес (ШПА)Ванти-Груп Гобер+ 56"

Етапа 6

12 април 2014 — Хемејн, 25,9 км, поединечен хронометар
Резултат од етапа 6
ВозачЕкипаВреме
1  Тони Мартин (ГЕР)Омега Парма-Квик Степ38' 33"
2  Алберто Контадор (ШПА) Тинкоф-Саксо+ 7"
3  Михал Квјатковски (ПОЛ)Омега Парма-Квик Степ+ 15"
4  Симон Шпилак (СЛО)Катјуша+ 16"
5  Жан Кристоф Перо (ФРА)Аг2р-Ла Мондијал+ 35"
6  Том Димулен (ХОЛ)Џајант-Шимано+ 38"
7  Јон Изагире (ШПА)Мовистар Тим+ 41"
8  Алехандро Валверде (ШПА) Мовистар Тим+ 1' 02"
9  Тиџеј ван Гардерен (САД)Ванти-Груп Гобер+ 1' 05"
10  Тибо Пино (ФРА)FDJ.fr+ 1' 25"
Краен генерален пласман
ВозачЕкипаВреме
1  Алберто Контадор (ШПА) Тинкоф-Саксо21ч 09' 11"
2  Михал Квјатковски (ПОЛ) Омега Парма-Квик Степ+ 49"
3  Жан Кристоф Перо (ФРА)Аг2р-Ла Мондијал+ 1' 04"
4  Симон Шпилак (СЛО)Катјуша+ 1' 07"
5  Алехандро Валверде (ШПА)Мовистар Тим+ 1' 07"
6  Тиџеј ван Гардерен (САД)Ванти-Груп Гобер+ 1' 56"
7  Кедел Еванс (АВС)Ванти-Груп Гобер+ 1' 56"
8  Јуриј Трофимов (РУС)Катјуша+ 2' 13"
9  Тибо Пино (ФРА)FDJ.fr+ 2' 14"
10  Ваут Пулс (ХОЛ)Омега Парма-Квик Степ+ 2' 26"

Поредок

На Трка околу Баскија 2014 се доделувале четири различни маички. На генералниот пласман, пресметуван преку додавање на завршните времиња на секој велосипедист по секоја етапа, предводникот ја добивал жолтата маичка. Овој пласман бил сметан за најважен на Трка околу Баскија 2014 и победникот на пласманот бил победник на трката.

Дополнително, постоел бодовен пласман, на кој се доделувала белата маичка. За бодовниот пласман, велосипедистите добивале бодови доколку завршат на првите 15 места на етапата. За победа на етапа, возачот добивал 25 бода, второто место добивало 20 бода, третото место 16 бода, четвртото 12 бода, петтото 12, шестото 10 и по еден бод помалку до еден бод за 15. место. Постоел, исто така, и планински пласман, каде водството во пласманот било обележано со црвена маичка со бели точки. Во планинскиот пласман, бодовите биле освојувани доколку велосипедистите стигнат на некое искачување пред останатите велосипедисти и повеќе бодови биле достапни на повисоките категоризирани искачувања.

Четвртата маичка го претставувала спринтерскиот пласман, обележан со сината маичка. Во спринтерскиот пласман, велосипедистите добивале бодови доколку завршат на првите три места на средните спринтови во текот на етапите, со исклучок на завршниот поединечен хронометар. Постоел и екипен пласман, во кој времињата на тројцата најдобри велосипедисти од секоја екипа биле собирани заедно; водечката екипа на крајот на трката била екипата со најниско вкупно време.

ЕтапаПобедникГенерален пласман
Бодовен пласман
Планински пласман
Спринтерски пласман
Екипен пласман
1Алберто КонтадорАлберто КонтадорАлберто КонтадорДавиде ВилелаМатео МонтагутиВанти-Груп Гобер
2Тони МартинМихал Квјатковски
3Мајкл Метјус
4Ваут ПулсАлехандро ВалвердеОмар Фраиле
5Бен Свифт
6Тони МартинМихал Квјатковски
На крајАлберто КонтадорМихал КвјатковскиДавиде ВилелаОмар ФраилеВанти-Груп Гобер

Наводи

Надворешни врски