Трка околу Полска

велосипедска трка

Трката околу Полска (француски: Tour de Pologne, полски: Wyścig Dookoła Polski) — друмска велосипедска етапна трка. Се состои од седум или осум етапи и обично се вози на растојание од 1.200 километри во должина. Трката била првпат одржана во 1928 година. До 1952 година трката била одржувана повремено, но оттогаш е одржувана како годишна трка. До почетокот на 1993 година трката била отворена само за аматерски велосипедисти и најмногу од победниците доаѓале од Полска.

Трка околу Полска
За трката
Датумавгуст
РегионПолска
Месно имеWyścig Dookoła Polski (полски)
ДисциплинаДрумски велосипедизам
НатпреварувањеСветска турнеја на UCI
ВидЕтапна трка
Директор на тркатаЧеслав Ланг
Историја
Прво одржување1928 (1928)
Одржувања77 (до 2020)
Прв победник Феликс Вичек (ПОЛ)
Најмногу победи3 победи:
 Дариуш Барановски (ПОЛ)
 Маријан Вјенцковски (ПОЛ)
Неодамнешен победник Ремко Евенепул (БЕЛ)
Групата на Трката околу Полска 2004.

Меѓународниот велосипедистички сојуз (UCI) оваа трка ја вброил како дел од UCI ProTour во 2005 година и дел од календарот на Светскиот ранкинг во 2009 година.

Историја

Првичната замисла на Трката околу Полска како повеќеетапна трка била правена по популарниот Тур де Франс. Предлогот за организирање на трката бил објавен од велосипедското здружение Варшава и спортскиот весник Пжеглад Спортови, издаван во Краков. Благодарение на нивната иницијатива, трката била одржана во летото на 1928. Историското прво издание на трката се случило од 7 до 11 септември 1928. 71 велосипедист се тркале на околу 1.500 километри - победник бил Феликс Вичек од велосипедскиот клуб Бидгошч.

До почетокот на Втората светска војна, трката била одржана четирипати, два од нив - во годините 1937 и 1939 - биле освоени од „тигарот на патиштата“ - Болеслав Напјерала.

Првите трки значајно се разликувале од денешните. Етапите биле многу подолги (чести на растојанија од 300 километри) и возачите постојано се здобивале со дупнати гуми на калдрмата и правеле паузи кај локалните ресторани.

По војната, идејата за велосипедско натпреварување околу Полска била повторно обновена. Во 1947, благодарение на соработката на полскиот велосипедистички сојуз, новинско-издавачката куќа „Чителник“ и група на новинари, трката била повторно активирана по осумгодишна пауза. Победник по само четири етапи и околу 606 километри (најкратката патека во историјата на трката) бил Станислав Гжелак (Трамвајарз Лоѓ). До 1993 не им успевало на организаторите на трката да добијат соодветен ранг за нивната трка. Ова било поради официјалниот став на властите и давањето предност на друга велосипедска трка - Мировната трка. Значајни моменти од тој временски период: триумфите на странските велосипедисти - Франческо Локатели (1949), Роџер Диркен (1960), Хосе Виехо (1972) и Андре Делкроа (од 1974), најдолгото издание на трката - 2.311 километри и 13 етапи (во 1953) и трикратниот победник Маријан Вјенцковски (1954–56), рекордот е постигнат и од Дариуш Барановски (1991–93).

Од 1993, Чеслав Ланг, сребрениот велосипедски медалист од Летните олимписки игри 1980 и победникот на Трката околу Полска 1980, ја преземал функцијата дикретор на трката. Благодарение на неговите постојани напор, трката сега е дел од календарот на Светскиот ранкинг.

Во 1997, во текот на конгресот на UCI во Сан Себастијан, трката била унапредена од професионалната категорија 2.4 и сега била класификувана како „национална трка“ (прва од таков вид во државите од Средна и Источна Европа).

На Светските првенства 1999 во Веројна, техничката комисија на UCI ја унапредил трката во класа 2.3. На 12 октомври 2001, на трката ѝ била доделена категоријата 2.2.

Во 2005 со одлука на UCI, Трката била вклучена во елитата на велосипедските трка - UCI ProTour. Составот на натпреварувањето биле три Гранд Тур: Џиро д’Италиа, Тур де Франс, Вуелта а Еспања, класичниот Светски куп, етапните трки од категорија 2.HC (н.п. Париз-Ница, Тур де Свис), класиците 1.HC (н.п. Флеш Валон) и Трката околу Полска, која била унапредена во 2 категории.

Низ претходните години - Чеслав Ланг, аматерската трка Коларска, позната главно во комунистичките земји, била трансформирана во добро организирана професионална трка. Ова ја довело трката во светот на врвните професионални трки со настапи на врвните ѕвезди во професионалниот велосипедизам, како Данило ди Лука (победник на ProTour 2005), Лорен Брошар (професионален светски првак од 1997), Оскар Фреир (светски првак 1999, 2001 и 2004), Романс Вајнштајнс (светски првак од 2000), Вјачеслав Екимов (олимписки првак 2000), Џанлука Бортолами (победник на Светскиот куп 1994), Ерик Декер (победник на Светскиот куп 2001), Стефано Гарцели (победник на Џиро д’Италиа 2000) или одличните спринтери: Андрус Ауга, Баден Кук и Даниеле Бенати.

Трката околу Полска четирипати била добитник на наградата „најдобар спортски натпревар на годината“, доделувана од весникот Пжеглад Спортови во 1995, 1996, 2004 и 2008.

Победници

ГодинаПобедникНационалностЕтапиРастојание
2020Ремко Евенепул  Белгија5911,4 км
2019Павел Сиваков  Полска61.036,2 км
2018Михал Квјатковски  Полска71.014 км
2017Дилан Тенс  Белгија71.122 км
2016Тим Веленс  Белгија6996 км
2015Јон Изагире  Шпанија71.076 км
2014Рафал Мајка  Полска71.255 км
2013Питер Венинг  Холандија71.238 км
2012Морено Мозер  Италија71.231,6 км
2011Петер Саган  Словачка71.113,3 км
2010Даниел Мартин  Ирска71.256,5 км
2009Алесандро Балан  Италија71.158 км
2008Јенс Фогт  Германија71.258,6 км
2007Јохан Вансумерен  Белгија71.224 км
2006Штефан Шумахер  Германија71.226 км
2005Ким Кирхен  Луксембург81.246 км
2004Ондреј Сосенка  Чешка81.264 км
2003Чезари Замана  Полска81.133 км
2002Лорен Брошар  Франција81.273 км
2001Ондреј Сосенка  Чешка81.249 км
2000Пјотр Пжиѓал  Полска71.164 км
1999Томаш Брозина  Полска71.164 км
1998Сергеј Иванов  Русија81.434 км
1997Ролф Јерман  Швајцарија81.499 км
1996Вјачеслав Джаванијан  Русија81.346 км
1995Збигњев Шпрух  Полска71.254 км
1994Маурицио Фондрист  Италија71.110 км
1993Дариуш Барановски  Полска121.794 км
1992Дариуш Барановски  Полска81.149 км
1991Дариуш Барановски  Полска81.222 км
1990Мјечислав Карлович  Полска91.207 км
1989Марек Врона  Полска81.271 км
1988Анджеј Мјежејевски  Полска71.016 км
1987Збигњев Пјонтек  Полска81.162 км
1986Марек Кулас  Полска101.490 км
1985Марек Лешњевски  Полска101.224 км
1984Анджеј Мјежејевски  Полска91.219 км
1983Тадеуш Кравчик  Полска91.147 км
1982Анджеј Мјежејевски  Полска8892 км
1981Јан Бжезни  Полска91.195 км
1980Чеслав Ланг  Полска101.282 км
1979Хенрик Чаруки  Полска91.335 км
1978Јан Бжезни  Полска111.415 км
1977Леснослав Михалак  Полска101.460 км
1976Јануш Ковалски  Полска101.499 км
1975Тадеуш Митник  Полска101.440 км
1974Андре Делкроа  Белгија111.593 км
1973Луцјан Лис  Полска121.512 км
1972Хосе Луис Виехо  Шпанија101.194 км
1971Станислав Шозда  Полска121.291 км
1970Јан Стахура  Полска121.611 км
1969Војќех Матузијак  Полска131.795 км
1968Јан Кудра  Полска121.757 км
1967Анджеј Блавѓин  Полска111.682 км
1966Јузеф Гавличек  Полска101.272 км
1965Јузеф Бекер  Полска91.318 км
1964Рајмунд Зјелињски  Полска101.394 км
1963Станислав Газда  Полска81.482 км
1962Јан Кудра  Полска81.278 км
1961Хенрик Ковалски  Полска81329 км
1960Роџер Диркен  Белгија81.336 км
1959Вислав Подобас  Полска111.621 км
1958Богуслав Форналчик  Полска112.038 км
1957Хенрик Ковалски  Полска111.968 км
1956Маријан Вјенцковски  Полска81.221 км
1955Маријан Вјенцковски  Полска101.563 км
1954Маријан Вјенцковски  Полска121.925 км
1953Мјечислав Вилчевски  Полска132.311 км
1952Вацлав Вујцик  Полска111.959 км
1949Франческо Локатели  Италија121.994 км
1948Вацлав Вујцик  Полска111.963 км
1947Станислав Гжелак  Полска4606 км
1939Болеслав Напјерала  Полска81.291 км
1937Болеслав Напјерала  Полска91.336 км
1933Јежи Липињски  Полска91.721 км
1929Јузеф Стефањски  Полска122.250 км
1928Феликс Вјенќек  Полска81.491 км

Надворешни врски