Летни олимписки игри 1980

Летните олимписки ирги - 1980 или официјални игрите на 22. Олимпијада се одржале во Москва. Покрај Москва, кандидат за град-домаќин бил и Лос Анџелес. Изборот се одржал на 23 октомври 1974 година на 75. сесија на МОК одржана во Виена. Натпреварите во едрење се одржале во Талин, а прелиминарните и четвртфиналните натпревари во фудбал во Ленинград, Киев и Минск. Тоа биле првите Олимписки игри кои биле одржани во источна Европа.

XIII Зимски олимписки игри
Игри на 22. Олимпијада
Игри на 22. Олимпијада

Град домаќинЛејк Пласид, САД
Бр. на држави80[1]
Бр. на спортисти5,179
(4,064 мажи, 1,115 жени)[1]
Натпревари203 од 21 спортови
Отворени14 февруари
Затворени23 февруари
Официјално отворени од:Леонид Брежнев
Спортска заклетваНиколај Андријанов
Олимписка заклетваАлександар Медвед
Олимписки оганСергеј Белов
СтадионСтадион Лејк Пласид
Беџ во чест на игрите

Резултатите од гласањето за изборот на град-домаќин на игрите се дадени во следната табела:

Резултати од гласањето за избор на град-домаќин на Летните олимписки игри - 1980
ГрадПрв круг
Москва СССР СССР39
Лос Анџелес  САД20

Ретроспектива

  • 24. нации кои ги бојкотирале игрите во Монтреал, учествувале на овие игри. Но, на овие имало нов бојкот предводен од САД поради Советската војна во Авганистан во 1979 година. Протест за војната пројавиле 64 нации, но сепак е тешко точно да се утврди бројот на нации кои ги бојкотирале игрите. Се смета дека е од 45 до 60.
  • На игрите учествувале 81 нација, што е најмал број од игрите одржани во Монтреал во 6 година. Нациите кои учествувале освоиле 71% од медалите и 71% од златните медали на игрите во Монтреал. За споредба, земјите кои учествувале на игрите во Лос Анџелес во 1984 освоиле 49% од медалите и 42% од златните медали на игрите во Монтреал.
  • Како протест на советската интервенција во Авганистан, 15 нации на церемонијата на отворање марширале со Олимпиското знаме, а при освојувањето на златните медали се интонирала Олимписката химна. Нов Зеланд го користел знамето на својата олимписка сацијација.
Олимпискиот факел за Летните олимписки игри - 1980
  • Италијанците освоиле 4 пати повеќе златни медали од игрите во Монтреал, а напредувале и Французите кои освоиле 3 повеќе. Романија освоила повеќе златни медали од нејзините најсјајни одличја на сите претходни Олимписки игри заедно. По вкупниот број на освоени медали, Ирска освоила највеќе од Летните олимписки игри - 1956, а истото важи и за Велика Британија. Земјите од „третиот свет“ биле доста успешни и освоиле повеќе медали отколку на сите претходни учества на Олимписките игри.
  • 21% од натпреварувачите биле жени, што е рекорден процент дотогаш.
  • На овие Олимписки игри имало и најмногу натпревари, вкупно 203.
  • На игрите се постигнале многу добри резултати. А за тоа сведошат и 36. светски, 39. европски и 74. олимписки рекорди кои биле поставени.
  • Олимписките рекорди биле подобрувани 241 пат, а светските 97 пати.
  • Принцот Александар де Мерод од Белгија бил шеф на медицинската комисија при МОК. Биле направени вкупно 9.292 анти-допинг тестови и сите биле негативни.
  • Влијанијата на бојкотот биле различни за некои спортови. Спортовите како хокеј на трева и коњички спортови биле „тешко погодени“, додека пак во спортовите атлетика, пливање, веслање, бокс, џудо, подигање тегови и др. се натпреварувале многу повеќе спортисти од претходните Олимписки игри.
  • Спортистите на земјата-домаќин СССР и покрај натпреварувањето на домашен терен, не успеале да одбранат 16 Олимписки титули освоени во Монтреал.
  • Според анализите на Асошиејтед Прес, Советскиот Сојуз и Источна Германија имале таква доминација што дури и да учествувале останатите водечки спортски нации како САД, Јапонија и Западна Германија конечната табела на освојувачи на медали би останала иста.
  • Игрите имале најдобар телевизиски пренос дотогаш. За таа цел биле употребени 20 канали. Во Монтреал 16, Минхен 12 и Мексико Сити 7.
  • Според официјалните извештаи на МОК и Националниот олимписки комитет на Советскиот Сојуз, трошоците за игрите изнесувале 862,7 милиони рубљи, а приходите биле помали и изнесувале 744,8 милиони рубљи.
  • За да останат во сеќавање игрите во Москва , биле ковани и комеморативни монети во периодот од 1977 до 1980. Биле сковани 5 платинести, 6 златни, 28 сребрени и 6 бакарно- никелни монети.
  • На игрите присуствувале 5 милиони гледачи во спортските зданија кои директно ги следеле натпреварите. Тоа било за 1,5 милиони повеќе од игрите во Монтреал.
  • На игрите суделе 1.248 судии од 78 земји.
  • На затворањето на игрите, како симбол на следните Олимписки игри се веело знамето на градот Лос Анџелес, но не знамето на САД.

Спортови

Земји-учеснички

Земји учеснички

На Летните олимписки игри - 1980 одржани во Москва учествувале 81 нација, но по марширањето на церемонијата на свеченото отворање, Либија се откажала, па така всушност учество земале спортисти од 80 нации.

И покрај големиот бојкот 6 нации дебитирале на игрите: Ангола, Боцвана, Јордан, Лаос, Мозамбик и Сејшели. Шри Ланка и Зимбабве настапувале за првпат под овие имиња, заменувајќи ги поранешните Цејлон и Родезија.

Земји кои ги бојкотирале игрите

Земјите кои ги бојкотирале игрите се претставени со сина и со зелена боја

62 земји и региони предводени од САД ги бојкотирале Летните олимписки игри - 1980:

Освојувачи на медали

 Место ЗемјаЗлатоСреброБронзаВкупно
1 СССР (домаќин)806946195
2 Источна Германија473742126
3  Бугарија8161741
4 Куба87520
5  Италија83415
6  Унгарија7101532
7  Романија661325
8  Франција65314
9 Обединето Кралство57921
10  Полска3141532

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица