Туризам во Словениjа

Словенија на туристите нуди широк спектар на пејзажи: алпски на северозапад, средоземни на југозапад, панонски на североисток и динарски на југоисток. Тие отприлика одговараат на традиционалните региони на Словенија, засновани на поранешните четири хабсбуршки крунски земји (Крањска, Корушка, Штаерска и Приморска). Секoe поединечно нуди свои природни, географски, архитектонски и културни особености. Словенија има планини, ливади, езера, пештери и море, што ја прави привлечно одредиште во Европа.[1]

Триглав, највисокиот врв.
Бледското Езеро.
Постојнска Јама.
Планица.
Крајбрежното гратче Пиран.

Главниот град на државата, Љубљана, има многу важни барокни и југендстилски градби, со неколку важни дела на родниот архитект Јоже Плечник. Други знаменитости се Јулиските Алпи со живописното Бледско Езеро и долината Соча, како и највисокиот врв во државата, Триглав. Можеби уште попозната е Карстната Висорамнина во Приморска. Повеќе од 28 милиони туристи ја посетиле Постојнската Јама, додека на 15 минути возење од неа се Шкочјанските Јами, светско наследство на УНЕСКО. Неколку други пештери се отворени за јавноста, вклучувајќи ја и пештерата Виленица.

Понатаму во истиот правец е и брегот на Јадранот, каде најважен историски споменик е венецијанскиот готски средоземен град Пиран. Соседниот град Порторож е познато современо туристичко одморалиште, кое нуди забава во туризмот со коцкање. Поранешниот рибарски град Изола исто така бил претворен во познато туристичко одредиште; многу туристи го ценат и старото средновековно средиште на пристаништето на Копер, кој сепак е помалку познати меѓу туристите од другите два словенечки крајбрежни градови.

Штаерска е познат по своето бело вино, особено Љутомер Ризлинг, по ски-центарот Похорје, по летните културни фестивали во Марибор и по маслото од семки од тиква. Познато е и како област за одгледување каде се произведува штаерски голдингс, разновидност на англискиот арома фуглс.

Североисточниот регион Прекмурје е познат по својата препознатлива кујна. Меѓу традиционалните јадења, најпознати се тепсија од свинско, репка и прасечко наречена бујта репа и слоевито печиво прекмурска гибаница. Важен бањски град во регионот е Моравске Топлице, кој привлекува многу германски, австриски, италијански и руски посетители.

Руралниот туризам е важен низ целата земја, а особено е развиен во регионот на Карстната Висорамнина, делови од Нотрањска, Долењска и северна Истра, како и во областа околу Подчетртек и Козје во источна Штаерска. Јавањето коњи, велосипедизмот и планинарењето се меѓу најважните туристички активности во овие области.

Националниот парк Триглав (словенечки: Triglavski narodni park) е национален парк кој се наоѓа во Словенија. Името го добила по планината Триглав, национален симбол на Словенија. Триглав се наоѓа речиси во средината на националниот парк. Од него долините странично се шират, снабдувајќи со вода два големи речни системи кои имаат свои извори во Јулиските Алпи: Соча и Сава, кои течат кон Јадранското и Црното Море, редоследно.

Предлогот за зачувување датира од 1908 година, а бил реализиран во 1924 година. Потоа, на иницијатива на Одделението за заштита на природата на Словенечкото музејско друштво, заедно со Словенечкото планинарско друштво, беил подигнат дваесетгодишен закуп на подрачјето на долината на Триглавските Езера, околу 14 км2. Тој бил предодреден да стане алпски заштитен парк, но трајно зачувување во тоа време не бил можно. Во 1961 година, по долги години напор, заштитата била обновена (овој пат на трајна основа) и донекаде зголемена, опфаќајќи околу 20 км2. Заштитеното подрачје било службено означено како Национален парк Триглав. Со овој акт, сепак, не биле постигнати сите цели на вистински национален парк и поради оваа причина во следните две децении биле изнесени нови предлози за проширување и преуредување на заштитата. Конечно, во 1981 година било постигнато преуредување и паркот добил нов концепт и бил зголемен на км2 - површината што продолжува да ја покрива до денес.

Планинскиот венец Караванки и Камничко-савињските Алпи се исто така важни туристички одредишта, како и планината Похорје. Меѓутоа, за разлика од Јулиските Алпи, овие области се чини дека привлекуваат претежно словенечки посетители и посетители од соседните региони на Австрија, и остануваат главно непознати за туристите од другите земји. Најголем исклучок е долината Логар, која е многу промовирана од 1980-тите.

Словенија има голем број помали средновековни градови, кои служат како важни туристички знаменитости. Меѓу нив најпознати се Птуј, Шкофја Лока и Пиран. Укрепените села, претежно сместени во западна Словенија (Штањел, Випавски Криж, Шмартно), станале и важна туристички одредишта, особено поради културните настани организирани во нивните живописни средини.

Странски туристи

Пристигнувања

Најмногу странски пристигнувања во Словенија по држава:[2]

МестоДржава201820192020Раст
1  Германија506.081  584.831  289.143   102.3%
2  Италија598.825  597.261  159.080   275.4%
3  Австрија381.709  396.464  142.828   177.6%
4  Хрватска218.896  234.980  82.062   186.3%
5  Унгарија180.802  190.944  63.152   202.4%
6  Холандија185.275  186.700  45.080   314.2%
7  Чешка160.079  189.802  44.944   322.3%
8  Србија137.516  144.753  42.680   239.2%
9  Франција148.166  166.860  35.679   367.6%
10  Босна и Херцеговина66.927  72.049  34.757   107.3%
11  Полска125.209  132.566  26.413   401.9%
12  Словачка58.886  64.765  24.196   167.7%
13  Обединето Кралство163.996  159.767  20.189   691.4%
14  Швајцарија67.751  78.698  18.186   332.7%
15  Белгија107.656  113.872  17.760   541.2%
16  САД138.488  148.739  14.327   938.2%
17  Русија62.845  69.881  13.997   399.3%
18  Романија55.982  57.060  12.740   347.9%
19  Јужна Кореја145.746  139.429  10.525   1225%
20  Шпанија81.905  88.132  9.407   836.7%

Преноќувања

Најмногу странски преноќувања во Словенија по држава:[3]

МестоДржава201820192020Раст
1  Германија1.362.214  1.522.057  813.962   87.0%
2  Австрија1.011.153  1.011.682  373.236   171.1%
3  Италија1.334.059  1.278.454  364.373   250.9%
4  Хрватска527.118  538.140  224.235   140.0%
5  Унгарија484.913  496.971  181.859   173.3%
6  Холандија612.710  583.274  155.956   274.0%
7  Србија376.162  379.755  141.872   167.7%
8  Чешка431.335  511.754  129.436   295.4%
9  Босна и Херцеговина195.513  195.874  116.491   68.1%
10  Франција339.177  370.188  82.350   349.5%
11  Полска297.403  312.763  65.934   374.4%
12  Словачка154.780  164.025  65.336   151.0%
13  Обединето Кралство470.588  444.333  61.127   626.9%
14  Русија298.443  303.280  59.664   408.3%
15  Белгија325.845  327.392  49.839   556.9%
16  Швајцарија150.388  165.301  39.810   315.2%
17  САД314.861  323.064  37.414   763.5%
18 Македонија65.651  59.511  31.834   86.9%
19  Шпанија204.002  207.770  30.514   580.9%
20  Украина118.220  120.849  29.004   316.7%

Општини

Пристигнувања

Вкупно пристигнувања во словенечките општини.

МестоОпштина201820192020Раст
1 Пиран604.592  620.495  368.510   68.4%
2 Љубљана1.022.862  1.127.904  254.944   342.4%
3 Крањска Гора308.193  325.955  202.705   60.8%
4 Блед496.677  509.247  170.084   199.4%
5 Бохињ248.639  271.692  157.469   72.5%
6 Бовец175.705  188.514  127.420   47.9%
7 Брежице202.780  202.470  115.953   74.6%
8    Моравске Топлице168.760  171.930  114.806   49.8%
9 Изола140.690  148.173  103.248   43.5%
10 Подчетртек122.986  129.933  90.011   44.4%
11 Копер100.788  103.786  76.388   35.9%
12 Марибор208.279  217.817  72.380   200.9%
13 Зрече76.612  78.935  63.271   24.8%
14 Анкаран83.402  83.335  62.984   32.3%
15 Кобарид67.698  79.915  57.513   39.0%
16 Радовљица124.026  141.012  57.488   145.3%
17 Лашко93.057  83.661  44.771   86.9%
18 Толмин56.446  61.809  44.142   40.0%
19 Нова Горица107.616  102.981  44.039   133.8%
20 Рогашка Слатина59.904  58.208  33.434   74.1%
21 Птуј64.078  66.970  32.138   108.4%
22 Постојна105.497  116.330  26.511   338.8%
23 Сежана69.348  70.685  22.465   214.6%
24 Лендава35.059  39.105  19.396   101.6%
25 Крањ68.798  70.938  15.298   363.7%

Преноќувања

Вкупно преноќувања по словенечките општини.

RankMunicipality201820192020Growth
1 Пиран1.882.383  1.874.462  1.272.942   47.3%
2 Крањска Гора828.763  870.949  613.583   41.9%
3 Љубљана2.179.916  2.227.669  540.195   312.4%
4 Бохињ677.695  724.094  468.588   54.3%
5 Блед1.151.831  1.132.574  433.831   161.1%
6 Изола522.290  529.069  412.118   28.4%
7 Брежице680.003  686.869  403.066   70.4%
8    Моравске Топлице559.169  558.544  393.094   42.1%
9 Бовец462.077  468.798  364.536   28.6%
10 Подчетртек391.859  404.916  293.165   38.1%
11 Анкаран323.355  318.914  280.883   13.5%
12 Копер283.217  293.622  250.601   17.2%
13 Зрече274.228  278.331  233.790   19.1%
14 Марибор466.620  454.004  196.397   131.2%
15 Радовљица280.103  317.586  158.805   100.0%
16 Кобарид186.187  202.297  158.011   28.0%
17 Лашко289.797  235.187  139.714   68,3%
18 Рогашка Слатина295.474  298.835  121.120   146.7%
19 Толмин157.852  161.160  119.228   35.2%
20 Долењске Топлице138.609  133.877  100.234   33.6%
21 Нова Горица214.181  193.824  91.627   111.5%
22 Птуј146.677  156.668  90.845   72.5%
23 Лендава124.081  132.294  66.134   100.0%
24 Постојна164.425  165.298  45.078   266.7%
25 Крањ128.510  121.367  39.099   210.4%

По години

Вкупно пристигнувања

ГодинаСтранскиДомашниВкупноРаст
20153.022.0181.351.8604.373.878 12.1%
20163.396.8731.437.1984.834.071 10.5%
20173.990.6821.512.6025.503.284 13.8%
20184.425.1391.508.1285.933.266 7.8%
20194.701.8781.527.6956.229.573 4.94%
20201.216.1141.848.9713.065.085 103.2%

Вкупно преноќувања

ГодинаСтранскиДомашниВкупноРаст
20157.481.657  4.172.197  11.653.764   8.5%
20168.339.978  4.307.898  12.647.876   8.5%
20179.685.329  4.523.216  14.208.545   12.3%
201811.176.010  4.518.695  15.694.705   10.5%
201911.370.766  4.404.565  15.775.331   0,51%
20203.354.365  5.850.018  9.204.374   71.4%

Наводи

Надворешни врски