Туризам

Туризам (англиски: Tourism) е стопанска дејност, која вклучува патување за рекреација, одмор или бизнис цели. Светската туристичка организација ги дефинира туристите како луѓе кои „патуваат и остануваат во места надвор од нивната вообичаена околина повеќе од дваесет и четири (24) часа и не повеќе од една последователна година за одмор, бизнис и други цели кои не се поврзани со извршување активност исплатена во местото кое се посетува“.[3] Туризмот стана популарна глобална активност за одмор. Во 2007 г. имало над 903 милиони меѓународни туристички пристигнувања, со пораст од 6,6% во споредба со 2006 г. Меѓународните туристички приходи изнесувале 856 милијарди американски долари во 2007 г.[4]

Франција е најпосетувана земја во светот во последниве години.[1][2]
Партенон во Атина, Грција
Плоштадот Св.Петар, Базиликата Св.Петар, Ватикан
Пирамидата Кукулкан, Чичен Ица, Мексико
Плоштадот Трафалгар во Лондон, Обединетото Кралство
Дизниленд, Токио
Бранденбуршката порта во Берлин, Германија
Кинескиот ѕид
Колосеумот во Рим, Италија
Таџ Махал во Агра, Индија
Коплексот пирамиди во Гиза во Египет
Замокот Нојшванштајн во Баварија, Германија
Храмот на смарагдниот Буда– света капела во Големата палата, Бангкок, Тајланд.
Статуата на Спасителот Исус Христос во Рио де Жанеиро, Бразил

И покрај несигурностите во глобалната економија, меѓународните туристички пристигнувања во текот на првите четири месеци од 2008 г. имале сличен растечки тренд како истиот период во 2007 г.[4] Меѓутоа, како последица на економската криза во 2008 г., меѓународната побарувачка за патување доживеала силно намалување кое почнало во јуни 2008 г., со паѓање на порастот на меѓународните туристички пристигнувања за 2% во текот на летните месеци, додека растот од јануари до април 2008 г. достигнал просечни 5,7% во споредба со нивото во 2007 г. Растот од 2006 до 2007 г. бил само 3,7%, бидејќи вкупните меѓународни туристички пристигнувања од јануари до август биле 641 милион туристи, повеќе од оние 618 милиони во истиот период во 2007 г.[5]

Туризмот е битен за многу земји, како Обединетите Арапски Емирати, Египет, Грција и Тајланд, и многу островски земји, како Бахамите, Фиџи, Малдивите и Сејшелите, како резултат на големиот прилив на пари од тргувањето со нивните стоки и услуги и можноста за вработување во услужните дејности поврзани со туризам. Овие услужни дејности опфаќаат услуги за транспорт, како воздухопловни компании, патување со брод и такси, услуги за сместување, кои опфаќаат хотели и одморалишта, и места за забава, како забавни паркови, казина, трговски центри, разни места за музика и театар.

Дефиниција

Ханцикер и Крапф, во 1941 г., го дефинирале туризмот како луѓе кои патуваат „збир од феномени и врски кои произлегуваат од патувањето и престојот на гостите, до степен кој не води до постојано живеалиште и кој не е поврзан со заработувачка активност“.[6] Во 1976 г., дефиницијата на Здружението за туризам на Англија била: „Туризмот е привремено, краткотрајно движење на луѓето кон одредишта надвор од местата во кои обично живеат и работат и нивните активности во текот на престојот на секое одредиште. Тоа опфаќа движења со секакви цели.“ Во 1981 г., Меѓународната асоцијација на научни експерти во туризмот го дефинирала туризмот како одредени активности одбрани по избор кои се преземаат надвор од домот.[7]

Обединетите нации разликуваат три форми на туризам во нивните „Препораки за статистиките на туризмот“од 1994 г.: домашен туризам, кој опфаќа жители на дадената земја кои патуваат само во таа земја, влезен туризам, кој опфаќа гости кои патуваат во дадената земја, и излезен туризам, кој вклучува жители кои патуваат во друга земја. ОН, исто така, создал различни категории на туризам со комбинирање на трите основни форми на туризам: внатрешен туризам, кој е составен од домашниот туризам и влезниот туризам, национален туризам, кој е составен од домашниот туризам и излезниот туризам, и меѓународен туризам, кој е составен од влезен и излезен туризам. Меѓуграничен туризам е израз составен од Корејската туристичка организација и е многу употребуван во Кореја. Меѓуграничниот туризам се разликува од домашниот туризам во тоа што првиот вклучува создавање политика и спроведување на националните туристички полиси.

Скоро, туристичката индустрија се префрлила од промовирање влезен туризам на промовирање меѓуграничен туризам, бидејќи многу земји се соочуваат со голема конкуренција за влезните туристи. Некои национални творци на политика го смениле својот приоритет на промовирање меѓуграничен туризам за да придонесат за локалната економија. Примери за такви кампањи се: „Искуси ја Америка“ во Соединетите Држави, „Искрено Азија“ во Малезија, „Тргнувај Канада“ во Канада, „Перу. Доживеј ја легендата“ во Перу, „Супер Филипини“ на Филипините, „Особено Сингапур“ во Сингапур, „100% Чист Нов Зеланд“ во Нов Зеланд, „Прекрасен Тајланд“ во Тајланд, „Неверојатна Индија“ во Индија и „Скриениот шарм“ во Виетнам.

Статистика и рангирање на светскиот туризам

Најпосетувани земји

Свестската туристичка организација ги објави следниве десет земји како најпосетувани во 2007 г. според бројот на странски туристи. Во споредба со 2006 г., Украина влезе на топ десет листата, престигнувајќи ги Русија, Австрија и Мексико. Повеќето од најпосетуваните земји сѐ уште се од Европскиот континент.

РангЗемјаСТООН
Регионален
пазар
Меѓународни
туристички
пристигнувања
(2007г.)[4]
Меѓународни
туристички
пристигнувања
(2006г.)[8]
1  ФранцијаЕвропа81,9 милиони79,1 милион
2  ШпанијаЕвропа59,2 милиони58,5 милиони
3  САДСеверна Америка56,0 милиони51,1 милион
4  КинаАзија54,7 милиони49,6 милиони
5  ИталијаЕвропа43,7 милиони41,1 милион
6  Обединето КралствоЕвропа30,7 милиони30,7 милиони
7  ГерманијаЕвропа24,4 милиони23,6 милиони
8  УкраинаЕвропа23,1 милион18,9 милиони
9  ТурцијаЕвропа22,2 милиони18,9 милиони
10  МексикоСеверна Америка21,4 милиони21,4 милиони

Меѓународни туристички приходи

Меѓународните туристички приходи изнесувале 96,7 милијарди американски долари во 2007 г., повеќе од 2006 г. кога изнесувале 85,7 милијарди американски долари. Кога извозната вредност на патните приходи од странските туристи била пресметана, вкупниот приход во 2007 г. достигнал рекордни 1,02 трилиони или 3 милијарди американски долари дневно.[4] Светската туристичка организација ги објави следниве земји како најдобри десет заработувачи за 2007 г. Забележливо е што повеќето од нив се на Европскиот континент, но сепак Соединетите Држави и понатаму се најдобри заработувачи.

РангЗемјаСТООН
Регионален
пазар
Меѓународни
туристички
приходи
(2007г.)[4]
Меѓународни
туристички
приходи
(2006г.)[8]
1  САДСеверна Америка96,7 милијарди долари85.7 милијарди долари
2  ШпанијаЕвропа57,8 милијарди долари51,1 милијарди долари
3  ФранцијаЕвропа54,2 милијарди долари46,3 милијарди долари
4  ИталијаЕвропа42,7 милијарди долари38,1 милијарди долари
5  КинаАзија41,9 милијарди долари33,9 милијарди долари
6  Обединето КралствоЕвропа37,6 милијарди долари33,7 милијарди долари
7  ГерманијаЕвропа36,0 милијарди долари32,8 милијарди долари
8  АвстралијаОкеанија22,2 милијарди долари17,8 милијарди долари
9  АвстријаЕвропа18,9 милијарди долари16,6 милијарди долари
10  ТурцијаАзија18,5 милијарди долари16,9 милијарди долари

Најголеми потрошувачи во меѓународниот туризам

Светската туристичка организација ги објави следниве земји како десет најголеми потрошувачи во меѓународниот туризам за 2007 г. Пет години по ред, Германските туристи се најголеми потрошувачи.[4] Испитувањето на Дрезденската банка[9] предвидува дека во 2008г., Германците и, генерално, Европејците и понатаму ќе бидат најголеми потрошувачи поради јачината на еврото наспрема американскиот долар, со силна побарувачка за САД пред другите одредишта.[10]

РангЗемјаСТООН
Регионален
пазар
Меѓународни
туристички
трошоци
(2007г.)[4]
Меѓународни
туристички
трошоци
(2006г.)[8]
1  ГерманијаЕвропа82,9 милијарди долари73,9 милијарди долари
2  САДСеверна Америка76,2 милијарди долари72,1 милијарди долари
3  Обединето КралствоЕвропа72,3 милијарди долари63,1 милијарди долари
4  ФранцијаЕвропа36,7 милијарди долари31,2 милијарди долари
5  КинаАзија29,8 милијарди долари24,3 милијарди долари
6  ИталијаЕвропа27,3 милијарди долари23,1 милијарди долари
7  ЈапонијаАзија26,5 милијарди долари26,9 милијарди долари
8  КанадаСеверна Америка24,8 милијарди долари20,5 милијарди долари
9  РусијаЕвропа22,3 милијарди долари18,2 милијарди долари
10  Јужна КорејаАзија20,9 милијарди долари18,9 милијарди долари

Најпосетувани атракции

Форбсовиот „Патник“ објави список на 50 најпосетувани туристички атракции во светот во 2007 г., вклучувајќи ги и странските и домашните туристи.[11] Следат топ 10-те атракции и уште некои познати места кои се на списокот на 50-те најпосетувани.[12] Впечатливо е дека четири од првите пет се во Северна Америка.

Најпосетувани атракции од домашни и странси туристи во 2007 г.[11]
Топ 10 туристички атракции
Светски
ранг
Туристичка атракцијаЛокацијаЗемјаБрој на
посетители
(милиони)
1Плоштад ТајмсЊујорк  САД35
2Национален трговски центар и Меморијални парковиВашингтон  САД25
3Магично кралствоЕзеро Буена Виста, Орландо  САД16,6
4Плоштад ТрафалгарЛондон  Обединето Кралство15
5ДизнилендАнахајм, Калифорнија  САД14,7
6Нијагарини водопадиОнтарио и Њујорк  Канада и  САД14
7Рибарско пристаниште и Голден ГејтСан Франциско, Калифорнија  САД13
8Дизниленд Токио и Дизни подводен свет ТокиоУрајасу Јапонија12,9
9Катедралата Нотр ДамПариз  Франција12
10Дизниленд ПаризПариз  Франција10,6
Други одбрани познати одредишта
11Кинески ѕидБадалинг НР Кина10
15ЛуврПариз  Франција7,5
18Ајфелова кулаПариз  Франција6,7
24Дизниленд ХонгконгХонгконг НР Кина5,2
28Студијата UniversalЛос Анџелес  САД4,7
31Големиот кањонАризона  САД4,4
36Статуа на слободатаЊујорк  САД4,24
37ВатиканВатикан  Ватикан4,2
38Сиднејската оперaСиднеј Австралија4
39КолосеумотРим  Италија4
42Емпаер Стејт БилдингЊујорк  САД4
44Лондонското окоЛондон  Обединето Кралство3,5
47Пирамидите во ГизаКаиро Египет3
50Таџ МахалАгра Индија2,4

Најпосетувани градови

Euromonitor ги објави 150-те најпосетувани градови во светот од странски туристи во 2007 г.[13] Следат водечките 15 града според рангирањето од Euromonitor:

Најпосетувани градови од странски туристи во 2007 г.
Топ 15 градови
РангГрадЗемјаБрој на
странски гости
(милиони)
РангГрадЗемјаБрој на
странски гости
(милиони)
РангградДржаваБрој на
странски гости
(милиони)
1Лондон  Обединето Кралство15,346Њујорк  САД7,6511Барселона  Шпанија5,04
2Хонгконг НР Кина12,057Торонто  Канада6,6312Сеул Република Кореја4,99
3Бангкок  Тајланд10,848Дубаи  ОАР6,5413Шангај НР Кина4,80
4Сингапур Сингапур10,289Истанбул  Турција6,4514Даблин  Ирска4,63
5Париз  Франција8,7610Рим  Италија6,1215Куала Лумпур  Малезија4,40

Сепак, некои извори покажуваат дека Париз е најпосетуван град во светот со 30 милиони посетители.[14][15][16][17][18]

Историја

Кинкаку, храмот Златен Павилјон во Киото, Јапонија.
Матерхорн, во близина на Цермат на Швајцарските Алпи.
Големата бања кај Римските бањи во Бат, Сомерсет, едно од првите здравствени туристички места во светот.
Ски-скокалница во Карпач, Полска

Богатите луѓе отсекогаш патувале на далечни места во светот за да гледаат големи градби, уметнични дела, за да учат нови јазици, да искусат нови култури и да вкусат различни кујни. Многу одамна, во времето на Римската република, местата како Баиа биле популарни крајбрежни одморалишта за богатите. Зборот туризам бил употребуван од 1811 г. и турист од 1840 г.[19] На пример, во 1845 година, во својата книга Purositnice, хрватскиот автор Антун Немчиќ Гостовински го употребил зборот „турист“.[20] Во 1936 г., Лигата на нации го дефинирала странскиот турист како „некој кој патувал во странство најмалку дваесет и четири часа“. Нејзиниот наследник, Обединетите нации, ја подобриле оваа дефиниција во 1945 г. со вклучување максимален престој од шест месеци.[21]

Патување за одмор

Патувањето за одмор се поврзувало со Индустриската револуција во Обединетото Kралство, првата европска земја која се залагала за време за одмор на индустриското население кое се зголемувало. На почетокот, ова се однесувало на сопствениците на машинеријата за производство, економската олигархија, сопствениците на фабрики и трговците. Тие ја сочинувале новата средна класа. Cox & Kings била првата официјална туристичка компанија која се формирала во 1758 г.[22]Британското потекло на оваа нова индустрија е прикажано во многу имиња на места. Во Ница, Франција, едно од првите и најдобри одморалишта на Француската ривиера, долгото шеталиште покрај море до ден денес е познато како Шеталиште на Англичаните. Во многу други историски одморалишта во континентална Европа, стари, докажани големо хотели имаат имиња како Хотел Бристол, Хотел Карлтон или Хотел Маџестик, што ја покажува доминантноста на англиските туристи.Многу туристи за одмор патуваат кон тропски места, и во лето и во зима. Често посетувани места се: Куба, Доминиканска република, Тајланд, Северен Квинсленд во Австралија и Флорида во Соединетите Држави.

Зимски туризам

Главните скијачки центри се сместени во разни европски земји( на пр: Австрија, Чешка, Франција, Германија, Италија, Норвешка, Полска, Словачка, Шпанија, Швајцарија), Канада, Соединетите Држави, Австралија, Нов Зеланд, Јапонија, Кореја, Чиле и Аргентина.

Масовен туризам

Масовниот туризам можел да се развие само со подобрувањата во технологијата, овозможувајќи транспорт на голем број луѓе за кратко време до места за одмор, за голем број луѓе да можат да уживаат во благодетите на слободното време.Во Соединетите Држави, првото големо приморски одморалишта, во европски стил, биле Атлантик Сити, Њу Џерси и Лонг Ајленд, Њујорк.Во континентална Европа, првите одморалишта ги вклучувале: Остенд, популаризирано од народот во Брисел, Болоња сир Мер (Па де Кале) и Деаувиљ (Калвадос) за Парижаните и Хајлигендам, основан во 1797г., како прво приморско одморалиште на Балтичкото Море.

Придавни туризми

Придавниот туризам се однесува на бројните насочени или специјални форми на патување во туризмот кои се појавиле во текот на годините, секој со своја придавка. Многу од нив почнале често да се употребуваат од туристичката индустрија и академици. Други сè уште се појавуваат и ќе станат или нема да станат популарни. Примери за најчести насочени туристички пазари се:

  1. Кулинарски туризам
  2. Црн туризам
  3. Туризам на места каде што се случила катастрофа
  4. Екотуризам
  5. Туризам на културно наследство
  6. Туризам на ЛГБТ популацијата
  7. Медицински туризам
  8. Спа и велнес туризам
  9. Поморски туризам
  10. Секс туризам
  11. Вселенски туризам
  12. Воен туризам

Современ развој

Црвениот плоштад во Москва, Русија.
Водопадите Игуасу на границата помеѓу Аргентина и Бразил.
Островите Галапагос, Еквадор
Прага

Во последните неколку декади, постои скап тренд на туризам, особено во Европа каде што се чести меѓународни патувања за краток одмор. Туристите имаат повисок степен на расположлив приход и повеќе слободно време, а исто така се и пообразувани и имаат пософистициран вкус. Сега има побарувачка за производи со подобар квалитет, што резултирало со делење на масовниот пазар за летувања. Луѓето сакаат поспецијализирани верзии, како Club 18-30, мирни одморалишта, семејни одмори или хотели од насочените пазари.

Развојот на технолошката и транспортната инфраструктура, како џамбо-џетови, воздухопловни компании со ниски цени и попристапни аеродроми, овозможиле многу видови туризам да се подостапни. Исто така, има промени во животните стилови, како на пример пензионерите кои го поддржуваат туризмот во текот на цела година. Ова се олеснило со интернет продажба на туристичките производи. Некои места сега почнале да нудат динамично пакување, за кое се наведува цена која опфаќа специјално направен пакет кој го побарал клиентот по потреба.

Се појавија неколку препреки во туризмот, на пример нападите на 11 септември и терористичките закани во туристичките одредишта, како оние на Бали и во неколку европски градови. Исто така, на 26 декември 2004 година, цунами, предизвикани од земјотресот во Индискиот Океан, ги погодија азиските земји кои излегуваат на океанот, вклучувајќи ги и Малдивите. Илјадници животи беа загубени и многу туристи умреа. Ова, заедно со многубројните чистења во местото, го запреле или сериозно го отежниле туризмот во околината.

Изразите „туризам“ и „патува“ понекогаш се заменуваат. Во овој контекст, патува има слична дефиниција со туризам, но означува патување со поголема цел. Термините туризам и турист понекогаш се употребуваат погрдно, за да укажат на површен интерес за културите или локациите посетувани од туристи.

Витален туризам

„Виталниот туризам е замислен како водечки за раководењето на сите извори на начин со кој ќе се исполнат економските, социјалните и естетските потреби додека се одќува културниот интегритет, основните еколошки процеси, биолошката разновидност и системите за поддржување на животот.“ (Светска здравствена организација).

Виталниот развој значи „исполнување на потребите на сегашноста без сомневање за способноста на идните генерации во исполувањето на нивните потреби“ (Светска комисија за животна средина и развој, 1987 г.)[23]

Екотуризам

Медицински туризам

Кога постои значајна разлика меѓу земјите во цените за одредена медицинска постапка, особено во Југоисточна Азија, Индија, Источна Европа и онаму каде што има различни регулативни режими во однос на одредени медицински постапки (на пр: стоматологија), патувањето за да се искористи разликата во цената или регулативните разлики често се нарекува „медицински туризам“.

Спа и велнес туризам

Според податоците на „Глобалниот спа и велнес стопански монитор“, во 2013 година, приходите од спа-туризмот во светот достигнале 94 милијарди долари. Со 3.200 локации и остварени приходи од речиси 30 милијарди долари, Европа била водечко одредиште на спа и велнес туризам, а по одделни региони и земји, најголеми приходи од овој туризам остваруваат земјите од Источна Европа, Русија и балтичките држави. Втор по важност регион бил Азија-Тихоокеанија (ообено, Кина и Индија), со приходи од речиси 19 милијарди долари, а потоа следувала Северна Америка, со приходи од 18,3 милијарди долари. Итовремено, во 2013 година, вкупниот приход од велнес туризмот се проценувал на 50 милијарди долари.[24]

Образовен туризам

Образовниот туризам се развил поради популарноста на предавањето и учењето и подобрувањето на техничката стручност надвор од училниците која се зголемува. Во образовниот туризам, главната цел на турата или слободните активности опфаќа посета на друга земја за да се учи нивната култура, како што се Програмите за размена на студенти и Турите за учење, или за да се работи и да се употребат вештините научени во училницата во различна околина, како во Меѓународната програма за обука.

Други видови туризам

Творечки туризам

Овој вид туризам постоел како облик на културниит туризам, уште од раниот почеток на самиот туризам. Неговите евреопски корени датираат од времето на Големата обиколка, каде синовите од аристократските семејства патувале за да стекнат главно интерактивни, образовни искуства. Скоро, творечкиот туризам го добил своето име од Криспин Рејмонд и Грег Ричардс, кои како членови на Здружението за образование за туризам и одмор (ATLAS), голем број проекти насочиле кој Европската комисија, вклучувајќи го културниот и занаетчискиот туризам, познати како витален туризам. Тие го дефинирале „творчкииот туризам“ како туризам поврзан со активното учество на патувачите во културата на заедницата-домаќин, преку интерактивни работилници и искуства од неформално учење.

Во меѓувреме, концептот за творечки туризам бил забележан од значајни организации, како УНЕСКО, кои преку Мрежата на кративни градови го поддржале творечкиот туризам како задолжително, автентично искуство кое промовира активно разбирање на специфичните културни особини на некое место.

Набргу творечкиот туризам стекнал популарност како вид културен туризам, кој привлекува активно учество на патувачите во културата на заедниците-домаќини кои ги посетуваат. Пример за овој вид туристички развој се неколку земји, вклучувајќи ги Обединетотo |Kралство, Бахамите, Јамајка, Шпанија, Италија и Нов Зеланд.

Црн туризам

Една област на туризам од посебен интерес која се појавува е идентификувана како „црн“ туризам од Ленон и Фоли (2000 г.). Овој вид туризам вклучува посети на „темни“ места, како бојни полиња, сцени од страчни злосторства или дела на геноцид, како на пример концентрациони логори. Црниот туризам создава тешки етички и морални дилеми: треба ли овие места да се отворени за посети и ако треба, од каква природа треба да е публиката. Црниот туризам останува мал насочен пазар, носен од разни мотиви, како жалење, сеќавање, страшна њубопитност, па дури и забава. Неговите рани корени потекнуваат од саемските простори и средновековните панаѓури.[25]

Пораст

Аја Софија, своевремено црква, подоцна џамија, сега музеј во Истанбул, Турција.

Предвидувањата на Светската туристичка организација (СТООН) дека меѓународниот туризам ќе продлжи да расте со просечната годишна стапка од 4%.[26] Според проекциите, до 2020 г. Европа ќе остане најпопуларно одредиште, но нејзинито удел ќе падне од 60%, во 1995 г., на 46%.Долгите патувања ќе растат малку побргу од интрарегионалните патувања и до 2020 г. нивниот удел ќе се зголеми од 18% во 1995 г. на 24%.

Со појавувањето на електронската трговија, туристичките производи станаа едни од најпродаваните работи на интернет.Туристичките производи и услуги се достапни преку посредниците, иако туристичките снабдувачи (хотели, воздухопловни линии, итн.) можат да ги продаваат своите услуги директно. Ова ги ставило под притисок посредниците и од интернет и од традиционалните продавници.

Се укажува на тоа дека постои силна врска помеѓу туристичкиот трошок по човек и степенот до кој земјите стигнуваат во глобална смисла.[27] Не само како резултат на важниот економски придонес на туристичката индустрија, туку и како показател за степенот на доверба со кој глобалните граѓани влијаат на изворите на земјата за нивните локални економии да имаат корист. Затоа прикажувањето на растот во туризмот може да послужи како показател за соодветното влијание кое секоја земја ќе го примени во иднина.

Вселенскиот туризам се очекува да „полета“ во првата четвртина од 21-иот век, иако во споредба со традиционалните одредишта бројот на туристи во орбитата ќе остане низок сè додека технологиите, како вселенски лифт, не го направат вселенското патување евтино.

Технолошкото подобрување најверојатно ќе овозможи воздухопловни хотели, кои ќе бидат основани или на авиони со сончева енергија или на големи балони. Подводни хотели, како Хидрополис, кој се очекува да се отвори во Дубаи во 2009 г.,ќе се градат. Во океаните, туристите ќе се пречекуваат на најголеми бродови за крстарење до сега, а најверојатно и градови што пловат.

Најнови трендови

Како последица на економската криза во 2008 г., меѓународните пристигнувања почнале значително да се намалуваат во јуни 2008 г. Порастот од 2007 г. до 2008 г. бил само 3,7% во првите осум месеци од 2008г. Азискиот и тихоокеанскиот пазар биле погодени, а Европа стагнирала во текот на летните месеци, додека Америка била подобра, намалувајќи ја нивната стапка на распространетост, но зачувувајќи 6% пораст од јануари до август 2008 г. Само Средниот Исток продолжил со брзиот развој во текот на истиот период, достигнувајќи 17% пораст во споредба со истиот период во 2007г.[5] Ова намалување на побарувачката на меѓународниот туризам се одрзила и во индустријата на воздучен транспорт, со негативен пораст во септември 2008 г. и со 3,3% пораст на сообраќајот на патници во текот на септември. Хотелската индустрија, исто така, пријавила намалување, бидејќи изнајмувањето соби и понатаму се намалувало.[5] Бидејќи глобалната економска ситуација драматично се влошила во текот на септември и октомври како последица на глобалната финансиска криза, порастот на меѓународниот туризам се очекува да забави уште повеќе до крајот на 2008 г. и ова намалување на порастот на побарувачката се предвидува да продолжи во 2009 г., бидејќи рецесијата веќе ги погодила повеќето најголеми земји-потрошувачи, со што се очекува долгите патувања да бидат најпогодени од економската криза.[5]. Меѓутоа, некои патнички одредишта доживеале пораст за време на тешките економски времиња, привлекувајќи ниски трошоци за живеење, пристапност и пријателни имиграциски закони кои ќе овозможат туристите да останат подолг период. Туризмот во рецесија, фраза создадена од Мет Ландо во неговото истражување Панам, се развил како алтернативна опција за бегство за нервозните во 2009 г.

Според податоците на Светската туристичка организација, во првите десет месеци од 2014 година, вкупниот број туристи во светот изнесувал 978 милиони туристи, т.е. за 45 милиони, или 4,7% повеќе во однос на истиот период од 2013 година. Притоа, Европа учестувала со речиси 50% во вкупниот број туристи во 2014 година, а најголем пораст на бројот на туристи бил остварен во Северна и Јужна Америка (8%), во Северна Европа (7%) и во јужното Средоземје (7%).[28]

Негативни влијанија

Туризмот е проблем со кој скоро секој град се соочува. Распространето е низ светот и е закана за плажите, познатите обележја, свети места и одморалишта. Првлекувањето многу туристи може да има негативни влијанија, како влијанието на 33 милиони туристи годишно во градот Њујорк[29] или потенцијалот негативно да се влијае врз осетливите средини,[30] или влијанието на цунамито од 26 декември 2004 г. врз самите туристи.[31] Врз околината може да се делува негативно со загадување од бродовите за крстарење на многу начини, меѓу кои испуштање баластна вода и загадување од воздухопловството.

Туризмот како тема во уметноста и во популарната култура

  • „Рајата од туристичкиот рај“ — расказ на израелскиот писател Ефраим Кишон од 1977 година.[32]
  • „Турист“ (англиски: The Tourist) — песна на британската рок-група Рејдиохед (Radiohead) од 1997 година.[33]

Поврзано

Наводи

{{|2}}

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица