Хавајско-алеутски часовен појас

Хавајско-алеутски часовен појасчасовен појас во САД, десет часа зад координираното универзално време (UTC) при стандардно сметање (UTC−10:00) и девет часа зад него при летно сметање (UTC−09:00)[1][2]. Часовничкото време на појасот се води по средното сонечево време на 150. западен меридијан од Гринич.

Хавајско-алеутски часовен појас
часовен појас
Отстапување од UTC
HSTUTC−10:00
HDTUTC−09:00
Тековно време
02:13, 14 мај 2024 HST [поднови]
{{time}} — грешка при пресметување на времето и датумот (dst) (помош)
Сметање на летно време
Летното време важи во целиот појас.

Часовниот појас е наречен по двете подрачја кои ги опфаќа: Хаваите и дел од Алеутските Острови на Алјаска западно од 169° 30′ ЗГД.

При летно сметање на времето (DST), алјаскиот дел се види по хавајско-алеутското летно време (HDT, UTC−09:00), додека пак Хаваите остануваат на стандардното време, бидејќи таму летното време е укинато во септември 1945 г.[3]

Од 1900 до 1947 г. стандардно време на Хаваите било UTC−10:30.[4]

Француска Полинезија користи UTC−10:00 за поглемите населени места.[5] Истото време важи и на Куковите Острови.[6] Во овие краишта не важи летното сметање на времето. „Хавајско-алеутски часовен појас“ е американски поим и затоа полинезиските подрачја не се сметаат за дел од овој појас.

Најголемиот град во хавајско-алеутскиот часовен појас е Хонолулу.

Поголеми градови

  • Капаа, Хаваи
  • Каилуа-Кона, Хаваи
  • Кахулуи, Хаваи
  • Хило, Хаваи
  • Хонолулу, Хаваи

Други значајни места

Поврзано

Наводи

Надворешни врски