Француска Полинезија

Француска Полинезија (француски: Polynésie française, тахитски: Pōrīnetia Farāni) е француска прекуморска територија во јужниот Тихи Океан. Ја сочинуваат неколку групи на полинезиски острови, од кои најпознат е Тахити од Друштвените Острови каде што се наоѓа и главниот град Папете.

Француска Полинезија
Polynésie française
Знаме на прекуморската територија Грб
Гесло"Tahiti Nui Mare'are'a"
"Liberté, Égalité, Fraternité"
Химна„Марселеза“
Местоположба на Француска Полинезија
Главен градПапете
17°34′S 149°36′W / 17.567° ЈГШ; 149.600° ЗГД / -17.567; -149.600
Најголем град Фаа
Службен јазик француски
Народности  (последен етнички попис од 1988)[1]
66,5% немешани полинезијци
7,1% Полинезијци благо мешани со Европејци и азијати
11,9% Европејци (највеќе французи)
9,3% Демиси (мешани Европејци и полинезијци)
4,7% Источни азијати (претежно кинези )
Уредување Зависна територија
 •  Претседател на Франција Никола Саркози
 •  Претседател на Француска Полинезија
Оскар Темару
 •  Висок комесар на Ф. Полинезија
Адолф Колра
француска прекуморска територија
 •  Протекторат 1842 
 •  Прекуморска територија 1946 
 •  Прекуморска територија 2004 
Површина
 •  Вкупна 4,167 км2 (173rd)
 •  Вода (%) 12
Население
 •  Попис авг. 2007 259.596[2] (176та)
 •  Густина 62 жит/км2 (130та)
БДП (номинален) проценка за 2005 г.
 •  Вкупно US$5,49 милијарди[3] (not ranked)
 •  По жител US$21,565[3] (not ranked)
Валута тихоокеански франк (XPF)
Часовен појас (UTC-10)
НДД .pf
Повик. бр. 689
Топографско-административна карта на Француска Полинезија

Географија

Француска полинезија се состои од 130 острови и атоли, кои припаѓаат на следните 5 архипелази:

Друштвени Острови13 острови1.647 км2163.000 жители
Туамоту76 атоли850 км2~ 15.000 жители
Маркиски Острови10 острови1.274 км28.632 жители
Австралски Острови7 острови148 км26.669 жители
Гамбје26 острови31 км2986 жители

Демографија

Вкупното население на пописот во август 2007 изнесувал 259.596 жители.[2] Од нив 68,6% живееле на островот Тахити.[2] Урбаната област на главниот град Папете, имал 131.695 жители.

Според истиот попис, 87,3% од жителите биле родени во Француска Полинезија, 9,3% биле родени во Франција, 1,4% во некои од прекуморските територии на Франција надвор од полинезија и 2,0% во странски држави.[4] На пописот од 1988 кога за последен пат имало прашања во врска со етничкото потекло, 66,5% од жителите биле чисти полинезијци, 7,1 % биле полинезијци со делумно европско и азијатско потелко, 11,9% биле Европејци, 9,3% мешани Европејци и полинезијци, т.н. Демис (во превод "пола"), и 4,7% биле источни азијати (претежно кинези).[1]

Тахитски девојки

Пописи

190719111921192619311936194119461951
30,60031,90031,60035,90040,40044,00051,20058,20063,300
195619621971197719831988199620022007
76,32384,551119,168137,382166,753188,814219,521245,516259,596
Официјални бројки на пописите.[2][5][6][7]

Јазик

Францускиот јазик е службен јазик во Француска Полинезија. Според законот од 12 април 1996 се вели "Францускиот јазик е службен јазик, а тахитскиот и другите полинезиски јазици исто така се користат." Според пописот од 2007, населението од 15 години и постаро, односно 68,5% изјавиле дека францускиот јазик го користат во домашна употреба, 29,9% изјавиле дека во домашна употреба користат еден од полинезиските јазици (80 % тахитски), 1,0% користеле кинески и 0,6% други.[8] Според истиот попис, 94,7% од луѓето изјавиле дека можат да разберат, пишуваат и читаат француски јазик, додека само 2.0% немале никакво познавање од јазикот.[8] 74,6% изјавиле дека можат исто така што зборуваат, пишуваат и читаат на еден од полинезиските јазици, додека 13,6% од попишаните немаат никакви познавања од истите.[8]

Религија

Христијанството е најзастапената религија на островите, од кои мнозинството (54%) припаѓа кон неколку варијанти на протестантството додека другиот дел (30%) се припадници на католицизмот.

Наводи

Галерија

Надворешни врски

Владини
Информативни
Туризам
🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица