Циклон-3

Циклон-3 — ракета од Советскиот Сојуз и последователно Украинска орбитална носечка ракета. Подизведба на Р-36 ИКБР, и член на семејството Циклон, својот прв лет го има на 24 јуни 1977 година и ставена е вон употреба на 30 јануари 2009 година.[1] Изведените Циклон ракети од страна на Украинците биле ставени вон употреба поради идните сеносечки руски ракети, како што е Ангара и бидејќи користеле отровно хиперголно гориво.[2]

Циклон-3
Лансирање на Циклон-3 која го носи сателитот Метеор.
НаменаНосечка ракета
ПроизодителЈужмаш
Земја на потеклоСоветски Сојуз (Украина)
Големина
Висина39,27 m
Пречник3 m
Маса189.000 кг
Фази3
Капацитет
Товар до НЗО4.100 кг
Надоврзни ракети
СемејствоР-36, Циклон
ПодизведбиЦиклон-4
СпоредливостДелта II
Лансирна историја
СостојбаВон употреба[1]
Лансирно местоПлесетски космодром ЛЦ-32
Вкупно лансирања122
Успешни114
Неуспешни8
Прв лет24 јуни 1977
Последен лет30 јануари 2009[1]
Значајни товариЦелина
Метеор
Океан
Гео-ИК
Стрела
Прва фаза – 11K69
Мотори1 РД-261
Потисок3.032 kN
Специфичен импулс301 s
Време на согорување120 ѕ
ГоривоN2O4/UDMH
Втора фаза – 11S692
Мотори1 РД-262
Потисок941 kN
Специфичен импулс318 s
Време на согорување160 ѕ
ГоривоN2O4/UDMH
Трета фаза – 11S693
Мотори1 РД-861
Потисок78,70 kN
Специфичен импулс317 s
Време на согорување125 s
ГоривоN2O4/UDMH

Наследник

Украина развива комерцијална подизведба на Циклон-3, т.н. Циклон-4.

Загуба на Еквадорски сателит по судар со отпад од ракетата Циклон-3

На 23ти мај 2013 година во приближно 05:38 UTC, Еквадорскиот сателит NEE-01 Пегас минал многу блиску до искористена горнофазен дел од ракета Циклон-3 лансирана во 1985 година над Индискиот Океан. Иако немало директен судир меѓу ракетата и сателитот се верува дека имало мал судир со дел од облакот на отпад оставен од ракета.[3][4] По инцидентот се забележува дека сателитот се врти вон контрола по двете оски и не може да воспостави комункација со Земјата.[3] Сите напори да се воспостави контрола на сателитот пропаднале,[4] и на 28 август 2013 година донесена е одлука од страна на ЕХА и Еквадорската влада да се прогласи сателитот за загубен.[5]

Поврзано

  • Ангара
  • Дњепер
  • Циклон
  • Циклон-2
  • Циклон-4

Надворешни врски

Наводи

Предлошка:Expendable launch systemsПредлошка:Russian launch vehicles