Црква „Св. Никола“ - Градец

црква во Градец, Кривопаланечко

Св. Николаправославна црква во кривопаланечкото село Градец, претставник на Македонската преродба. Му припаѓа на Кривопаланечкото архијерејско намесништво во Кумановско-осоговската епархија на МПЦ - ОА.

Свети Никола
македонска православна црква
ЕпархијаКумановско-осоговска
Архијерејско намесништвоКривопаланечко
Местоположба

Карта

Координати42°13′44″N 22°17′23″E / 42.22889° СГШ; 22.28972° ИГД / 42.22889; 22.28972
МестоГрадец
ОпштинаКрива Паланка
ДржаваМакедонија
Општи податоци
ПокровителСвети Никола
Завршено1857
Архитектонски опис
Стилпредодбенички

Црквата е изградена во 1857 г. Претставува голема еднокорабна градба со отворен трем од западната и делумно од јужната страна. Од јужната страна во источен правец е доизградена затворена трапезарија.

Се вели дека во црквата се наоѓале „одаи“ за секое од маалата на селото, но и за селаните од соседните села Габар, Огут и Метежево.

Живопис и икони

Храмот бил целосно живописан, и од нив сочувани се дел од фреските, меѓу која најзначајна е Симнување од крстот. Нивен автор е Ѓорѓи Јереј. Резбаниот иконостас, иконите на него и резбаните царски двери со позлата се дело на мијачкиот мајстор Евгениј Поп Кузманов, кој ги изработил во 1869 г.[1] Поп Кузманов ги изработил и иконостасот, иконите на него и резбаните царски двери со позлата за црквата. Иконата на Свети Ѓорѓи е насликана „На 1869 година априлїѧ 2: денъ изъ рȢки Евгенiѧ поп КȢзмановича ѿ Деборъ“. Во десниот жртвеник има натпис „ПодписȢвамъ каксе рукоположi асъ їкономъ попъ Георгiѧ: 1885 декѣм: 20 служiтелъ сей церкве“. Во левиот жртвеник во 7 колони со по 16 реда се молитвите за осветување на црквата.[2]

Поврзано

Наводи