Чазма

Чазмаград во централниот дел на Хрватска. Градот е оддалечен околу 60 км од Загреб и околу 30 км од Бјеловар. Се простира на површина од 238 км2. Во градот живеат 8.095 жители од кои 96% се Хрвати.

Чазма
Čazma
Центарот на Чазма
Центарот на Чазма
Чазма Čazma is located in Хрватска
Чазма Čazma
Чазма
Čazma
Координати: 45°45′N 16°37′E / 45.750° СГШ; 16.617° ИГД / 45.750; 16.617
Површина
 • Вкупна240 км2 (90 ми2)
Население (2011)
 • Вкупно8,095
Час. појасСредноевропско време (UTC+1)

Население

Според пописот од 2001 година, подрачјето на градот Чазма имало 8.895 жители.

Пред новата територијална поделба на Хрватска, постоела поранешна голема општина Чазма, која го имала следниот етнички состав:

година на пописвкупноХрватиСрбиЈугословениостанати
199115.26313.897 (91,05%)685 (4,48%)234 (1,53%)447 (2,92%)
198116.63214.703 (88,40%)779 (4,68%)884 (5,31%)266 (1,59%)
197118.48717.013 (92,02%)1.116 (6,03%)168 (0,90%)190 (1,02%)

Чазма (населено место)

  • 2001 - 2.878
  • 1991 - 2.785 (Хрвати - 2.540, Срби - 86, Југословени - 69, останати - 90)
  • 1981 - 2.489 (Хрвати - 2.015, Југословени - 354, Срби - 66, останати - 54)
  • 1971 - 1.754 (Хрвати - 1.564, Срби - 90, Југословени - 56, останати - 44)[1]

Познати личности

  • Славко Колар, хрватски книжевник
  • Јанус Панониус, хрватско-унгарски книжевник
  • Иво Хорват, хрватски ботаничар
  • Иво Сердар, хрватски глумец

Наводи

Надворешни врски