Чекре

село во Ениџевардарско, Егејска Македонија
(Пренасочено од Чекри)

Чекре или Киркалово (грчки: Παραλίμνη, Паралимни; до 1926 г. Τσέκρι, Цекри[2]) — село во Ениџевардарско, Егејска Македонија, денес во општината Постол на истоимениот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 860 жители (2011). Сè до 1920-тите било населено исклучиво со Македонци.[3]

Чекре
Παραλίμνη
Чекре is located in Грција
Чекре
Чекре
Местоположба во областа
Чекре во рамките на Постол (општина)
Чекре
Местоположба на Чекре во општината Постол и областа Централна Македонија
Координати: 40°45.4′N 22°27.15′E / 40.7567° СГШ; 22.45250° ИГД / 40.7567; 22.45250
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругПостолски
ОпштинаПостол
Општ. единицаПазар
Надм. вис.&1000000000000001000000010 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно860
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија

Селото е сместено во северозападниот крај на Солунското Поле, 7 км југоисточно од Пазар (Ениџе Вардар) по патот за Гуменџе. Во минатото селото лежело на брегот на Енидџвардарското Езеро, пресушено во 1930-тите.

Историја

Во Отоманското Царство

Според османлиските дефтери, во периодот од 1527 до 1532 г. Чекре, наречено и и Киркалова, било вакуф на Евренос-бег во Ениџевардарската каза и броело 21 даночни домаќинства и 7 неженети.[4]

Според Николаос Схинас, во средината на 1880-тите Киркалово или Чекри (Κιρκάλοβο ή Τσέκρι) било село со 30 христијански семејства.[5]

Кон крајот на XIX век Чекре е заведено како чисто македонско село во Ениџевардарската каза. Црквата „Св. Атанасиј“ е од XVIII – XIX век. Во 1889 г. хрватскиот етнограф Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) напишал за Чекре:

Селото Чекри е сместено во рамницата крај езерото, на исток од градот. Жителите се Македонци и се занимаваат претежно со земјоделство, риболов и одгледување на пијавици. Земјоделците работат како наемници на муслиманскиот сопственик на селото, кој добива приходи и од ливадите. Крај селото минува река, која зимно време е непребродива бидејќи значајно се накачува во тој дел од годината.[6][7]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. селото броело 198 жители, сите Македонци христијани.[8][9]

Жителите на Чекре зеле учество во борбите на ВМРО. Било база за четите кои делувале околу Ениџевардарското Езеро, поради што било предмет на репресии од отоманската власт и грчките андарти. Поради тоа, голем дел од жителите биле принудени да се иселат во Пазар и Солун. Некои од нив се вратиле во селото по хуриетот од 1908 г.[10]

Во селото работела бугарската пропаганда и потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци за егзархискиот скеретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Киркалово (Kirkalovo) имало 160 Македонци под егзархијата и работело бугарско училиште.[8][11]

Во 1910 г. Халкиопулос напишал дека во селото Чекре (Τσέκρε) има 13 егзархисти.[5][12]

Според српскиот географ Боривое Милоевиќ, пред Балканските војни Киркалово се состоело од 12 македонски куќи.[3][5]

Во Грција

Во Првата балканска војна во 1912 г. селото е окупирано од грчка војска. Истата 1912 г. е заведено како село со христијанска вероисповед и македонски јазик. По Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. На пописот од таа година е заведен 51 жител, од кои 26 мажи и 25 жени,[5] а во 1920 г. селото имало 68 лица.[3] Изгледа дека во 1924 г. жителите се принудно иселени во Вугарија, што може да се заклучи од следните пописи, кои не покажуваат нормално население. На пописот од 1928 г. во него се водат 14 жители, од кои 11 мажи и 4 жени, а во 1940 г. вкупно 29 лица, од кои 25 мажи и 4 жени — од што се гледа дека во 1920-тите натаму станала населба на наемни работници кои работеле имоти. Во 1926 г. селото е преименувано во Паралимни, што во превд значи „крајезерско“.

Населението на Чекре почнало да се зголемува во Граѓанската војна, кога властите тука преселиле жители од планинските села и неколку каракачански семејства. По војната, жителите не се вратиле во селата и останале да живеат во Чекре. Така, во 1951 г. селото е заведено како обновено, со 815 жители.[3]

Население

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година194019511961197119811991200120112021
Население29815691879918816860
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство

Во селото се произведуваат големи количества памук, овошје и пченка, а развиено е и краварството.[3]

Личности

Родени во Чекре
  • Христо Бинчаров (1872 – ?) — курир и деец на ВМРО
  • Христо Куфалски — борец во Балканските војни[13]
Починати во Чекре
  • Павле Кониковски (Граматиков; 1870-ти – 1902) — револуционер, ениџевардарски и поројски војвода на ВМРО

Поврзано

Наводи