Централна Македонија (Грција)

управна област во Егејска Македонија, Грција

Централна Македонија (грчки: Περιφέρεια Κεντρικής Μακεδονίας, ПериФерија Кентрикис Македонијас) — област во Грција која се состои од средишниот дел на Егејска Македонија. Со 1,9 милиони жители го зазема второто место по населеност, веднаш по Атика. Главен град е Солун.

Ценрална Македонија
Περιφέρεια Κεντρικής Μακεδονίας
област
Знаме на Ценрална Македонија
Местоположба на Ценрална Македонија
Координати: 40°42′N 23°00′E / 40.7° СГШ; 23.0° ИГД / 40.7; 23.0
Земја Грција
УправаМакедонија и Тракија
Главен градСолун
Окрузи
Управа
 • УправникАпостолос Ѕиѕикостас (Нова демократија)
Површина
 • Вкупна18.810,52 км2 (726,278 ми2)
Население (2011)[1]
 • Вкупно1.882.108
 • Густина1,0/км2 (2,6/ми2)
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
ISO 3166GR-B
БДП (2011)[2] 
 • номин.28,1 млјд евра
 • по жител14.400 евра
Мреж. местоpkm.gov.gr

Управа

Областа е создадена во 1987 г.. Со реформата „Каликратис“, почнувајќи од 2011 г. областа добива изменети и проширени надлежности. Заедно со Источна Македонија и Тракија, областа е под надзор Децентрализираната управа на Македонија и Тракија со седиште во Солун.

Поделена е на 7 окрузи: Иматија, Кукуш, Пиерија, Постол, Сер и Солун и Халкидик. Окрузите понатаму се поделени на вкупно 38 општини. Иматија и Пиерија се наречени по долномакедонските области Ематија и Пиерија, согласно грчката политика на присвојување на древната историја на Македонија. Според народната номенклатура на краиштата, едниот округ соодветствува на „Берско“, а другиот на „Катеринско“.

Иако географски ѝ припаѓа на Централна Македонија, Света Гора е управно независна од неа, и ужива автономна самоуправа во рамките на грчката држава.

Стопанство

Централна Македонија е најпосетената област во Грција, со 18,2% од вкупниот туризам во земјата. Во 2008 г. областа ја посетиле 3,21 милиони туристи.[3] Во 2011 г. БДП по глава на жител на областа изнесувал 14.400 евра, заземајќи го деветто место од вкупно 13 области во Грција, или доста пониско од државниот просек од 18.500 евра.[2]

Демографија

Бидејќи нема официјален попис за тоа колку Македонци живеат во оваа област, кога ќе споредиме некои историски податоци и денешни статистики, се доаѓа до одредена проценка. Така, во оваа област Македонците живеат во околу 230 населени места и сочинуваат околу 10% од вкупното население, па според последниот попис тоа се приближно 195.000 Македонци.

Окрузи и општини

Областа има 7 окрузи и вупно 38 општини:

Карта на окрузите и општините во Централна Македонија
ОкругОпштинаПовршина (км²)НаселениеАдм. центар
ИматијаБер791,4366.547Бер
Гида473,3941.570Гида
Негуш424,9132.494Негуш
КукушКукуш1581,2151.926Кукуш
Пајонија923,7028.493Ругуновец
ПиеријаДион-Олимп495,325.668Литохоро
Катерина681,985.851Катерина
Пидна-Колиндар339,515.179Либаново
ПостолВртикоп239,5320.188Вртикоп
Воден611,2128.814Воден
Меглен985,8227.556С’ботско
Постол669,2263.122Пазар
СерВизалтија658,320.030Нигрита
Довишта338,7814.664Тополјани
Долна Џумаја451,521.145Долна Џумаја
Ениќој414,309.182Родулево
Зелјахово405,6112.397Зелјахово
Сер601,4976.817Сер
Синтика1112,4022.195Валовишта
СолунАмбелокипи-Менемени9,852.127Амбелокипи
Корделио-Арманќој12,77101.753Нов Арманќој-Корделио
Бешик782,723.478Ставрос
Даутбал217,7838.317Даутбал
Делта308,8845.839Текелиево
Илиџиево389,533.673Куфалово
Каламарија6,491.279Каламарија
Капуџилар-Хортач156,870.110Арсакли
Лагадина1220,3041.103Лагадина
Неаполи-Сикјес12,7684.741Сикјес
Павлос Мелас24,9299.245Ставруполи
Седес385,3253.201Седес
Солун19,3325.182Солун
Солунски Залив131,3650.264Хаџи Бали
ХалкидикАристотел739,8718.294Ерисово
Касандра333,6816.672Валта
Нова Пропонтида380,7736.500Нова Мудања
Полигеро951,9722.048Полигеро
Ситонија514,7012.394Никит

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица