11 мај

датум
<<мај>>
НПВСЧПС
01020304
05060708091011
12131415161718
19202122232425
262728293031
2024

11 мај — 131-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (132-и во престапна година).Остануваат 234 денови до крајот на годината.

Настани:

1867 Со Лондонскиот договор потврдена е независноста и неутралноста на Луксембург.
1946 Во Милано со концертот на кој диригираше Артуро Тосканини, повторно е отворена миланската Скала. Изградена е во 1778 г. од Џузепе Пермарини и собира 3.000 гледачи. Во неа настапуваа славните италијански уметници: Енрико Карузо, Тито Руфо, Амелита Гали - Курчи и други. Името го добила според црквата Санта Марија Скала, која се наоѓаше на местото каде што е изградена оваа оперска зграда, која повеќепати е обновувана.
1973 Долниот дом на Парламентот на Сојузна Република Германија ја потврди спогодбата за воспоставување на односи меѓу двете Германии. Со тоа е заклучен долгогодишниот период на отворено непријателство и непризнавање на Демократска Република Германија како суверена држава.
2010 Дејвид Камерон станува Премиер на Обединетото Кралство со победата на Конзервативците на парламентарните избори.

Родени:

483 Јустинијан Iвизантиски цар од Македонија (†565)
1904 Салвадор Дали — шпански сликар - надреалист.
1929 Гане Тодоровски — македонски поет.
1941 Ерик Бардон — англиски рок-музичар, член на групата „Енималс“.
1942 Ирена — грчка принцеза.
1946 Зоран Симјановиќ — српски композитор.
1947 Буч Тракс — американски блуз-музичар.
1949 Воја Брајовиќ — српски глумец.
1953 Ѓорѓе Балашевиќсрпски музичар и писател.
1964 Сибила Петлевски — хрватска писателка.
1978 Летиција Каста — француски модел и глумица.
1981 Адам Хансенавстралиски велосипедист.
1984 Андрес Инјесташпански фудбалер.
1986 Абу Диабифранцуски фудбалер.
1988 Марсел Кител — германски велосипедист.
1990 Немања Илиќ — српски ракометар.
1992 Тибо Куртоа — белгиски фудбалски голман.
1992 Пабло Сарабија — шпански фудбалер.
2003 Фермин Лопес — шпански фудбалер.

Починале:

1708 Жил Ардуен Мансар — француски архитект
1916 Макс Регер — германски композитор, пијанист и музички педагог.
1949 Коци Ѕоѕе — македонски комунист.
1976 Алвар Алто — фински архитект.
1981 Боб Марли — јамајски реге-музичар.
1991 Јусуф Хатуниќ — босански и југословенски фудбалер.
1996 Адемир — бразилски фудбалер.
2001 Даглас Адамс — англиски писател.
2003 Кирил Ќортошев — македонски филмски, тетарски и телевизиски глумец и режисер.
2006 Флојд Патерсон — американски боксер.
2019 Пеги Липтон — американска глумица.
2021 Норман Лојд — американски глумец.


🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица