Општина Оризари

Општина Оризари
денес дел од Општина Кочани


Општи податоци
СедиштеОризари
Демографија
Население4.403[1] жит.
Населени места
Самоуправа
Контактни податоци

Општина Оризари — поранешна рурална општина во Македонија, создадена во 1996 година,[2] а престанала да постои со законот за територијална поделба на Македонија од 2004 година, кога била припоена на Општина Кочани. Центар на општината била населбата Оризари.[2]

Населени места

Населени места на Општина Оризари се населбата Оризари и селата: Безиково, Вранинци, Главовица, Костин Дол, Небојани, Ново Село, Пресека, Прибачево и Речани.

Население

Според последниот попис од 2002 година, во Општина Оризари живееле 4.403 жители, од кои[1]:

националностброј
Македонци4.395
Албанци1
Власи1
Срби2
останати4

Наводи

Поврзано