Македонски Срби

Србите се уставно признато малцинство во Македонија. Според пописот од 2002 година нивниот број е 35 939 жители или 1,78% од вкупното население. Од политичка гледна точка, Србите во Македонија имаат 4 свои политички партии (ССМ - Српска странка во Македониjа, ДПСМ - Демократска Партија на Србите во Македонија и РССМ - Радикална Странка на Србите во Македонија, СНСМ - Српска напредна странка во Македонија), пратеник во Собранието на РМ, како и некои јавни личности кои учествуваат во политичкиот и културниот живот на Република Македонија.

Македонски Срби
Срби у Македонији
Паскач
Велко Пауновиќ
Вкупен број на населението

35.939

Региони со значително население
Северниот дел на Македонија
Јазици
македонски и српски јазик
Религии
Православно христијанство
Поврзани етнички групи
Срби,
како и останатите јужнословенски народи.

Историја

Првото забележано присуство на Срби во Македонија може да се означи кон крајот на XIX век, меѓутоа тоа е само од формален аспект. Со продорот на српската црковно-просветна и научно-политичка пропаганда во Македонија кон крајот на XIX век, дел од Македонците примиле српска национална свест и започнале да се изјаснуваат и сметаат за Срби, иако немале српско етничко, културно и јазично потекло.[се бара извор] Оваа појава се забележува и денес, особено во повеќе села на Скопска Црна Гора каде голем дел од македонското население се изјаснува и смета за српско, иако е со македонско етничко, културно и јазично потекло,[се бара извор] а и голем дел од нивните роднини се изјаснуваат и сметаат за Македонци.

Првите доселувања на Срби во Македонија се случуваат по 1913 година, односно по Букурешкиот мировен договор, кога вардарскиот дел на Македонија потпаднал под власта на Кралството Србија. Засилено и насилно населување на Срби - колонисти од хрватските области Лика, Кордун и Банија, како и од Црна Гора и Херцеговина се забележува во текот на 20-тите години на XX-от век. Во тоа време, насилно на земјата на Македонците биле населувани српски колонисти од другите краишта на Кралството Југославија, а ним им се давал во сопственост и поголемиот дел од земјоделското земјиште. Во овој период е забележана колонизација на Срби особено во југоисточна Македонија, во Дојранско, Валандовско и Гевгелиско и во рамничарските предели на Пелагонија, Скопското Поле, Росоманско и Неготинско во Повардарието.

За време на Втората светска војна, бугарските власти насилно ги иселуваат скоро сите српски колонисти од Македонија. По силните залагања на Методија Андонов - Ченто и Президиумот на АСНОМ, а со согласност на Јосип Броз Тито, враќањето на српските колонисти во Македонија по завршетокот на Втората светска војна било спречно и забрането.

Во времето на СФРЈ се забележува доселување на Срби во Македонија но со многу намален интензитет. Претежно се населувале воени лица од ЈНА кои често се женеле за Македонки поради што добивале воени станови и останувале во Македонија.

Области и населени места

Најголем број на Срби во Македонија претежно живее во градовите и во северниот дел на државата. Најголема застапеност на Срби има во Кумановско (областа Козјачија), Скопска Црна Гора (иако тоа се луѓе со македонско етничко потекло), градот Скопје, а некои потомци од српските колонисти се останати во селата Огњанци (Скопско) каде живеат измешани со Македонци, Албанци и Роми, и во селата Јосифово (Валандовско), Марвинци (Гевгелиско), Црничани (Дојранско) и Росоман (Тиквешко) каде живеат измешани со Македонци и го имаат прифатено месниот македонски југоисточен дијалект.

Статистички Србите во Македонија се најзастапени во општините: Чучер-Сандево со 28,6%, Старо Нагоричане со 19,1%, Куманово со 10,5% и градот Скопје со 2,82% каде што живее најголемиот број на Срби во Македонија.

Населени места

Карта на Србите во Македонија (2021)
Број на Србите во Македонија (2021)
Спомен-костурницата во 1937 година

Присутност на Србите по населени места, според пописните резултати од 2002 година:

Населено местоВкупноСрби
Град Скопје467 25714.251
Куманово70.8424.727
Кучевиште3.1671.654
Тромеѓа1.298604
Тетово52.915587
Табановце910516
Долно Коњаре1.286516
Карпош (Куманово)5.433503
Битола74.550499
Старо Нагоричане555452
Речица557445
Охрид42.033331
Матејче3.394325
Горно Коњаре1.136314
Велес43.716297
Гевгелија15.685292
Селемли327292
Бањане597288
Марвинци540280
Штип43.652272
Огњанци1.142256
Љубодраг686243
Мршевци651242
Росоман2.554238
Умин Дол442226
Четирце249215
Никуљане210205
Ново Село (Кумановско)274204
Пепелиште1.070194
Чучер-Сандево299180
Богданци6.011176
Илинден4.931176
Струмица35.311175
Јосифово1.730174
Иванковци857172
Мралино821166
Побожје591166
Бедиње2.327164
Кавадарци29.188159
Прилеп66.246151
Алгуња237149
Гостивар35.847146
Кадино2.090140
Марино3.533129
Криволак1.021127
Сирково603127
Тремник827121
Неготино13.284117
Петровец2.65999
Крива Паланка14.55888
Пробиштип10.81683
Кичево27.06782
Лопате2.44880
Балинци32878
Проевце2.31173
Мирковци96972
Струга16.55972
Брвеница2.91868
Кочани28.33063
Валандово4.40258
Ресен8.74858
Радовиш16.22360
Свети Николе13.74652
М'гленце8451
Тимјаник1.15549
’Ржаничино85545
Режановце70542
Сопиште5.32539
Кратово6.92439
Опае1.99638
Карабичане4337
Стојаково1.93136
Демир Капија3.27534
Миладиновци1.27634
Стар Дојран36332
Биљановце1.23132
Глуво34931
Сушево (Кумановско)3430
Црничани22129
Горњане8029
Сретеново31529
Нов Дојран1.10027
Крушево5.33026
Делчево11.50025
Брајковци43725
Дебар14.56122
Ѓавато43821
Ваташа3.50220
Виница10.86320
Македонска Каменица5.14720
Вратница50520
Богородица1.00118
Клечевце57317
Брзак10416
Градско2.21914
Берово7.00214
Николиќ54113
Агино Село96513
Дељадровци53212
Дуброво10611

Образование и култура

Во Република Македонија е овозможено изучување на српскиот јазик за српското малцинство во основното и средното образование. Во минатото скопската гимназија „Орце Николов“ била отворена како гимназија на српски јазик, а денес српски јазик се изучува само во кумановската гимназија. Постои и катедра за српски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје.

На вториот канал на националната телевизија постои програма на српски јазик, а во минатото постоеше и телевизија на српски јазик во Скопје (ТВ 96). Постојат и повеќе списанија на српски јазик, а во Македонија на големо е достапен и печатот на српски јазик од Србија, особено таблоидите, жолтиот и естрадниот печат.

Македонските глумци со српско потекло Дејан Лилиќ и Александар Микиќ во Драмскиот театар ја одгираа првата претстава („Кафез“) на српски јазик во независна Република Македонија. Поради политичките и културните блискости, српскиот јазик многу често се среќава на македонските телевизии и медиуми преку српската музика, песни, филмови, емисии, реални-шоуа и чести гостувања на српски пејачи и уметници во Македонија.

Познати македонски Срби

Поврзано

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица