Првите населби во регионот на Белград биле во предисториската Винча околу 4800 п.н.е. Градот бил населен во 3 век п.н.е. од Келтите, а по доаѓањето на Римјаните станал римска колонија во провинцијата Мизија и бил наречен Сингидунум.[9] Се смета за еден од најстарите европски градови, бидејќи неговата историја е подолга од 7000 години. Словенското име Белиград за првпат се споменува на 16 април 878 година од н.е., во една преписка помеѓу папата Јован VII и бугарскиот кнез Борис I. Белград за првпат станал главен град на Србија во 1403 година. Во својата многугодишна историја, бил освојуван од преку 40 војски: римски, византиски, бугарски, унгарски, отомански итн. Бил главен град на различните форми на Југославија од 1918 до 2003, како и на државната унија на Србија и Црна Гора од 2003 до 2006 година.
Белград има статус на посебна територијална единица во Србија, со посебна автономна градска власт. Територијата на Белград е поделена на 17 општини, од која секоја има свој локален совет. Белград зафаќа преку 3,6% од територијата на Србија и 21% од српското население (без населението на Косово), живее во градот. Претставува економски центар на Србија и главен град на српската култура, образование и наука.
Во строгиот центар на Белград, под денешната палата Албанија за време на нејзината изградба во 1938 е пронајден скелет на неандерталец кој загинал во борба со мамут чиј скелет е исто така пронајден во близина.Ова говори дека Белград бил населен уште од праисториската доба.[10] Подоцна на просторот на Балканскиот Полуостров пред 7.000 години се развила Винчанската култура па така нејзините остатоци можат да се пронајдат и во околината на Белград кај истоимената населба. Тој простор е населен уште од 3. век п.н.е. од страна на Келтите и набрзо премунува во рацете на Римјаните и станува населба Сингидунум. За време на прогонот на христијаните кој се случил во текот на владеењето на царот Диоклецијан во Сингидунум се спомнуваат првите христијански маченици. Со поделбата на Римското Царство останува под контрола на Византија.
Сингидунум го освојувале многу освојувачи како на пример Хуните, Сарматите, Острогите и Аварите- пред доаѓањето на Словените во 630. година од нашата ера. Првите записи за словенското име Белград датираат од 878. година. (словенски облик Бјелград), за време на владеењето на Првото Бугарско Царство упатувајќи на впечатокот за тврдината составена од бел камен гледана од страна на реката и Панонската Низина. Градот останал предмет на несогласување меѓу Византиското царство, Унгарија и Бугарија наредните четири века.[11]
Градот преминува под српска власт како дел од Срем во 1284. година. Првиот српски крал кој владеел со Белград бил Стефан Драгутин (1276—1282), владетел на кралството Долен Срем (Мачва). По големите порази во Косовската битка 1389. година, српското царство започнува да се распаѓа а неговите јужни делови со голема брзина преминуваат во рацете на Турците Османлии.[12] Сепак северот на српското царство долго време одолевал на нападите. Српскиот деспот Стефан Лазаревиќ го добил Белград од угарскиот и римскиот крал Жигмунд Луксембуршки, откако станал негов вазал. Во 1405 година Стефан Лазаревиќ го прогласил Белград за своја престолнина. Во наредниот период Белград доживеал голем подем. Повторно биле утврдени старите ѕидини на градот, заедно со замоците, а црквите и тврдините биле обновени, што му помогнало на градот да одолее на нападите на Турците дури 70 години.
Во ова време Белград станал прибежиште на многу балкански народи кои бегале од осмалиската власт. Се верува дека бројот на жители во овој период достигнал и до 40.000-50.000. Турците сакале да го покорат Белград затоа што тој им претставувал главна препрека во нивните понатамошни походи кон Средна Европа. Турците го нападнале градот во 1456. година кога се одиграла познатата Опсада на Белград каде христијанската војска под водство на Сибињанин Јанко успешно го одбраниле градот од турските напади.[13]
Белград се наоѓа на 116,75 метри надморска височина. Историското јадро на Белград ( денешна Белградска тврдина) се наоѓа на десниот брег на реката Сава. Во состав на Белград се и Нов Белгад и Земун кои се наоѓаат на левиот брег на реката Сава, а со тоа и во Средна Европа. Градот лежи на устието на реките Дунав и Сава. Урбаната површина на градот изнесува 359,92 км2. Белград се наоѓа на раскрсницата на западната и источната европска култура.[14]
Белград има умерено континентална клима. Просечната годишна температура е 12,3 °C. Најтоплиот месец е јули,со просечна температура од 21,8 °C,додека пак најладен месец е јануари со просечна температура од 0,6 °C. Белград во просек има околу 25 дена во годината со темепература преку 30 °C. Просечната годишна количина на врнежи е 680 милиметри. Годишно Белград има околу 2.025 сончеви часа, со јули и август како најсончеви, а декември и јануари како најмрачни месеци со само 2—2,3 сончеви часа дневно.
Храмот Свети Сава во Белград е најголем српскиправославенхрам, и воедно најголем православен храм на Балканот. Тој се наоѓа во источниот дел на Светосавскиот плоштад, во општината Врачар, во Белград. Подигнат е на местото за кое се сметало дека Коџа Синан-паша во 1594 година ги запалил моштите на Свети Сава, основачот на Српската православна црква. Изградбата на храмот била финансирана со собирање на доброволни прилози, како и со плаќање на поштенски марки. Недалеку од храмот е парохијскиот дом, а тука се наоѓа и предвидената зграда на патријаршијата. Овој спомен-храм претставува органски дел на современата живописна силуета на Белград, сочинувајќи едно од неговите главни обележја.
Храмот се наоѓа на крајот на белградската линија Калемегдан - плоштадот република - Теразије - Белграѓанка - Храмот Свети Сава. Изграден е во српско-византиски стил, со четири ѕвона високи 44 -{m}-. Висината на врвот на куполата изнесува 70 -{m}-, додека е главниот позлататен крст висок е уште 12 -{m}-, што му дава на врвот на храмот вкупна висина од 82 -{m}-, а надморска висина од 134 -{m}- (64 -{m}- над нивото на реката Сава). Поради тоа оваа црква зазема истакнато место на белградскиот хоризонт и видлива е од сите влезови на градот.
Белград како тема во уметноста и популарната културауреди извор
„Маѓепсани очила: раскази за Белград“ (српски: Очаране наочаре: приче о Београду) - збирка раскази на српската писателка Светлана Велмар-Јанковиќ од 2006 година.[17]
„Портата на Балканот: брз водич низ минатото на Белград“ (српски: Капија Балкана: брзи водич кроз прошлост Београда) — монографија на српската писателка Светлана Велмар-Јанковиќ од 1981 година.[18]