1 Катастарски податоци, каде не се вбројани езера, бари и ледници > 1 км2 и речни устија.2Единечно пребројување: жителите на повеќе општини (на пр. студенти и воени лица) се бројат само еднаш.
Гроа се наоѓа на неколку километри од брегот на Лорјан. Неколку фериботи дневно се движат од Лорјан до Гроа.
На островот има неколку мали градови. На северниот брег се наоѓаат високи карпи и песочни плажи во затскриените заливи на јужниот брег. Гроa е исто така дом на широк спектар на морски птици. Познат е и по тоа што е домаќин на единствената конвексна плажа во Европа, која исто така се движи по морските струи. Во текот на последните 15 години, плажата се движела половина километар кон запад.
Геологијата на Гроa е различна од онаа на блискиот континент, а источниот и јужниот брег се прогласени за минерален природен резерват од 1982 година. Можат да се најдат повеќе од 60 минерали, особено синиот глаукофан (забележлив на површината), епидот или гранат.[се бара извор] Островот главно се состои од шкрилци.
Голема поморска битка меѓу Британија и Франција се случила кај Гроa во 1795 година.