Бретонски јазик

келтски јазик

Бретонскиот јазик (изв. Brezhoneg) спаѓа во групата на келтските јазици од британската група, и е зборуван од страна на околу 300 000 луѓе претежно во Франција, главно во регионот Бретања.

Бретонски
Brezhoneg
Застапен воФранција
ПодрачјеБретања
Јазично семејство
Писмобретонска азбука
Јазични кодови
ISO 639-1br
ISO 639-2bre
ISO 639-3bre

Историја

И покрај тоа што бретонскиот јазик е многу близок со јазикот на Галите, сепак тој се разликува во голема мера од него. Освен со галскиот, бретонскиот јазик е многу близок и со келтските јазици кои се зборуваат на територијата на денешна Велика Британија и Ирска. Ова се должи на распаѓањето на Римското Царство и отселувањето на Келтите од островот.

Бретонскиот јазик е основен јазик во областа Бретања сè до XII век. По XII век, овој јазик сè повеќе почнал да се заменува со францускиот јазик и бретонскиот постепено започнал да исчезнува. Во 1930 година бретонскиот јазик бил зборуван од страна на 1 300 000 жители. Кога во 1532 година, Бретања попаднала под француска власт, бретонскиот јазик останал како малцински. Во тоа време било дозволено официјално да се употребува кој било малцински јазик во Франција. Но, по Француската револуција, францускиот јазик се наложил како единствен и на тој начин бретонскиот постепено се отфрлил од официјалната употреба во Бретања.Во почетокот на XX век, половина од населението на Бретања го знаеле и зборувале бретонскиот јазик, а по 1950 година нивниот број започнал да се намалува. Така, денес бретонскиот јазик е зборуван од страна на 500 000 луѓе.

Дијалекти

Карта на бретонските дијалекти

Основните дијалекти на бретонскиот јазик се:

  • корнуаjски или кемперски (Kerneveg, фр. Cornouaillais) - основен, го говорат 41% од Бретонците. Се зборува во регионот околу Кемпер (Quimper).
  • леонски (Leoneg, фр. Léonais) – кој се зборува во регионот околу Леон.
  • трегорски (Tregerieg, фр. Trégorrois) – кој се зборува во областа на Трегор
  • вански или гвенедски (Gwenedeg, фр. Vannetais) – кој се зборува во подрачјето на градот Ван (град во Франција) (Gwened, Vannes)

Примери

Двојазични патокази во Кемпер, Бретања
бретонскимакедонски
degemer matдобре дојде
deuet mat oc'hвие сте добредојдени
BreizhБретања
brezhonegбретонски
ti, "ty"куќа
ti-kêrопштина
kreiz-kêrцентар
da bep lec'hсите страни
skolучилиште
skol-veurуниверзитет
kenavoпријатно
krampouezhпалачинки
chouchennбретонска медовина
yec'hed matНа здравје!
war vor ataoсекогаш на море
kouign amannторта со многу путер и шеќер

Слични содржини

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица