Точност | Проверена |
Стојан Георгиев | ||
Роден | 18 март 1938 Петрич, Бугарија |
---|
Стојан Николов Георгиев (Мачката) — македонски национален деец од пиринскиот дел на Македонија, борец за националните права на Македонците под Бугарија.[1]
Стојан Георгиев потекнува од бунтовничко македонско семејство. Неговиот дедо од мајчина страна цели пет години поминал во затворот „Еди куле“ како борец за ослободување на Македонија од Османлиското ропство. И други негови предци се бореле и умирале за слободата на македонскиот народ.
Стојан Георгиев (наречен Томовичин по дедо му Томо) — роден на 18 март 1938 година во градот Петрич, Пиринскиот дел на Македонија. Уште како ученик на 18-годишна возраст доаѓа во судир со бугарската власт поради неговиот јавно искажан став за постоење на Македонците како посебен народ од Бугарите и членство во илегалната македонска организација Илинден. Покрај бројните полициски испитувања и малтретирања од секаков вид, има одлежано две затворски казни од по четири години. По паѓањето на комунизмот во Бугарија, избран е за прв претседател на ОМО „Илинден“. Наспроти сите закани и притисоци во Бугарија, учествува на разни меѓународни средби на кои го брани правото на Македонците да се стекнат со своите национални права.