18 март

датум
<<март>>
НПВСЧПС
0102
03040506070809
10111213141516
17181920212223
24252627282930
31
2024

18 март — 77-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (78-и во престапна година). Остануваат 288 денови до крајот на годината.

Настани:

1871 Започнува Париската Комуна. Француската влада пристапила кон разоружување на париската Национална гарда, но граѓаните одбија да го предадат оружјето и топовите и ги протерале претставниците на владата.
1900 Основан е холандскиот фудбалски клуб „Ајакс“.
1962 Во швајцарското гратче Евијан е потпишана Спогодба за прекин на огнот во Алжир, со што заврши осумгодишната војна за независност на таа земја од француската колонијална власт.
1996 Амбасадата на САД во Скопје започна со издавање визи.
1996 Претседателот на САД, Бил Клинтон го именува Кристофер Хил за амбасадор во Република Македонија.

Родени:

1780 Милош Обреновиќ — српски кнез.
1842 Стефан Маларме — француски поет.
1844 Николај Римски Корсаков — руски композитор.
1858 Рудолф Дизел — германски инженер и научник.
1869 Артур Невил Чемберлен — британски политичар.
1877 Едгар Кејси — американски парапсихолог и јасновидец.
1926 Ташко Белчев — македонски палеолингвист.
1929 Криста Волф — германска писателка.
1932 Џон Апдајк — американски писател.
1938 Стојан Георгиев Томовичин — македонски национален деец.
1941 Вилсон Пикет — американски музичар.
1947 Стево Црвенковски — македонски политичар.
1951 Бил Фризел —американски џез-гитарист.
1956 Ингемар Стенмарк — шведски скијач.
1959 Лик Бесон — француски филмски режисер.
1960 Стив Кловс — американски сценарист.
1961 Грант Харт — американски рок-музичар, член на групата Хускер ду (Husker Du).
1963 Ванеса Вилијамс — американска глумица и пејачка.
1970 Квин Латифа — американска пејачка и глумица.
1981 Фабијан Канчелара — швајцарски велосипедист.
1987 Дмитриј Тарасов — руски фудбалер.
1989 Сергеј Паршивљук — руски фудбалер.
1989 Тома Дамизо — француски велосипедист.
1997 Ивица Зубац — хрватски кошаркар.
1997 Глајсон Бремер — бразилски фудбалер.

Починале:

235 Александар Северримски цар.
1227 Хонориј IIIримски папа.
1314 Жак де Моле — последниот Голем мајстор на витешкиот ред Темплари.
1584 Иван IVцар на Русија.
1900 Антонио Нобре — португалски писател.
1909 Кузман Шапкарев — еден од најзначајните собирачи, публикатори, афирматори на македонски народни умотворби и еден од првите македонски учебникари.
1913 Георги I — крал на Грција.
1936 Елефтериос Венизелос — грчки револуционер.
1947 Михаил Герџиков — бугарски револуционер.
1980 Ерих Фром — германски филозоф и психоаналитичар.


🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица