Шарл де Гол, француски генерал, ги повика од Лондон сите Французи да ја продолжат борбата против германските освојувачи, кои во тие денови целосно ги поразија вооружените сили на Третата република. Во таа пригода Шарл де Гол ја изговори познатата мисла „Французите загубија една битка, но не и војната“.