Прејди на содржината

Interpol (музичка група)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Interpol
Interpol на настап во 2015; од лево кон десно: Даниел Кеслер, Пол Бенкс и Сем Фогарино
Животописни податоци
ПотеклоМенхетн, Њујорк, САД
Жанровипостпанк ривајвл
Период на активност1997–денес
Издавачи
  • Matador
  • Soft Limit
  • Capitol
Мреж. местоinterpolnyc.com

Interpol е американска рок група од Менхетен, Њујорк.[1][2] Основана е во 1997 година, а нејзиниот прв состав бил: Пол Бенкс (главен вокал, ритам гитара), Даниел Кеслер (гитара, придружен вокал), Карлос Денглер (бас гитара, клавијатури) и Грег Друди (тапани). Друди ја напуштил групата во 2000 година и бил заменет со Сем Фогарино. Денглер ја напуштил групата во 2010 година за да продолжи со други проекти, а Бенкс станал басист.

Interpol е една од групите кои се поврзуваат со њујоршката инди-музичка сцена и една од неколкуте групи кои произлегле од пост-панк преродбата во 2000-тите.[3] Групата нема примарен текстописец, при што секој член придонесува во композициите.[4]

Деби албумот на Interpol, Turn On the Bright Lights (2002) добил позитивни критики, и завршил на 10-то место на листата од NME за најдобар албум на годината[5] и прво на листата за 50 најдобри албуми на годината од Pitchfork Media.[6] Следните албуми Antics (2004) и Our Love to Admire (2007) имале поголем критички и комерцијален успех. Бендот во септември 2010 година го издал својот истоимен четврти албум, а потоа паузирал додека членовите се фокусирале на други проекти.[7] Нивниот петти студиски албум, El Pintor, бил објавен во септември 2014 година. Групата започнала јубилејна турнеја за Turn On the Bright Lights во 2017 година, и објавила албум во живо. Шестиот студиски албум на групата, Marauder, бил објавен во август 2018 година, а нивниот седми, The Other Side of Make-Believe, во јули 2022 година.

Историјауреди извор

Формирање на групата и први албуми (1997-2001)уреди извор

Групата ја основале Кеслер и Друди. Кеслер го запознал Денглер на час по филозофија на Њујоршкиот универзитетот и го повикал како член во групата. Подоцна, Кеслер се сретнал со Бенкс (кој првпат го запознал во Франција) и разговарале за соработка. Групата ја крстиле Interpol.

Во 2000 година, по објавувањето на EP албумот Fukd ID No. 3, Друди го напуштил бендот за да се насочи на Hot Cross и неговата продуцентска куќа Level Plane Records. Кеслер, на негово место во групата го повикал Фогарино, кој работел во продавница за облека и во тоа време размислувал да се повлече од музиката.[8] Додека бил член на Interpol, Друди исто така бил член на групата Saetia.

Потпишување со Matador Records, Тurn On the Bright Lights и Antics (2002–2005)уреди извор

Interpol на настап во Лас Вегас, 2005 година

Откако објавиле неколку EP во периодот од 1998 до 2001 година, групата на почетокот на 2002 година потпишала договор со Matador Records, член на независната групација Beggars. Првото издание содржело преснимени верзии на „PDA“ и „NYC“, а било објавено во јуни истата година. Turn On the Bright Lights бил објавен на 19 август 2002 година. Албумот бил споредуван со пост-панк групите од раните 1980-ти и доцните 1970-ти, особено Joy Division, Echo and the Bunnymen и The Smiths.[9] Албумот до 2004 година бил продаден во 300.000 примероци.[8]

Кон крајот на 2003 година групата започнала со сесии за следениот албум. Вториот албум Antics бил објавен на 27 септември 2004 година. Албумот бил продаден во 350.000 примероци во првите четири месеци по објавувањето.[8] „Slow Hands“, „Evil“ и „C'mere“ се искачиле на 36-то, 18-то и 19-то место соодветно на топ 40 топ листата во Велика Британија.[10] Албумот на крајот достигна златен тираж во ОК, а подоцна и во САД.[11]

По објавувањето на албумот групата повторно тргнала на турнеја која траела речиси 18 месеци, а свиреле и со U2 и The Cure. Бендот паузираше три месеци по завршувањето на турнејата. За време на турнејата, групата ја објавила песната „Direction“, напишана за серијата од HBO Шест стапки под земја.

Други албуми (2006–денес)уреди извор

Интерпол на настап на рок фестивал во Лисабон, 2007 година

Следните албуми Antics (2004) и Our Love to Admire (2007) имале поголем критички и комерцијален успех. Бендот во септември 2010 година го издал својот истоимен четврти албум, а потоа паузирал додека членовите се фокусирале на други проекти.[7] Нивниот петти студиски албум, El Pintor, бил објавен во септември 2014 година. Групата започнала јубилејна турнеја за Turn On the Bright Lights во 2017 година, и објавила албум во живо. Шестиот студиски албум на групата, Marauder, бил објавен во август 2018 година, а нивниот седми, The Other Side of Make-Believe, во јули 2022 година.

Дискографијауреди извор

Студиски албуми

  • Turn On the Bright Lights (2002)
  • Antics (2004)
  • Our Love to Admire (2007)
  • Interpol (2010)
  • El Pintor (2014)
  • Marauder (2018)
  • The Other Side of Make-Believe (2022)

Членовиуреди извор

Сегашни членовиуреди извор

  • Пол Бенкс  - главен вокал, ритам гитара (од 1997 година - денес), бас гитара (од 2014 - денес)
  • Даниел Кеслер  - гитара (од 1997 година), пијано, клавијатури (од 2010 година), придружен вокал (1997-2003)
  • Сем Фогарино  - тапани (од 2000 година)

Поранешни членовиуреди извор

  • Грег Друди  - тапани (1997-2000)
  • Карлос Денглер  - бас гитара, клавијатури (1997-2010)

Членови на турнеиуреди извор

  • Ерик Алтеслебен - клавијатури, придружен вокал (2002-2003)
  • Фредерик Блашко - клавијатури, придружен вокал (2004-2005)
  • Дејвид „Фармер Дејв“ Шер - клавијатури, придружен вокал (2007-2008)
  • Дејвид Паџо  - бас гитара, придружен вокал (2010-2011)
  • Брендон Кертис  - клавијатури, придружен вокал (од 2010 година)
  • Бред Труо - бас гитара, придружен вокал (од 2011 година)

Наводиуреди извор

Надворешни врскиуреди извор

🔥 Top keywords: Главна страницаСпецијална:БарајГоце ДелчевМакедонски парламентарни избори (2024)Свети Кирил и МетодијМакедонијаГордана Сиљановска-ДавковаКарлес ПуџдемонНова КаледонијаОче нашМарко ЦепенковПретседател на МакедонијаПреспански договорСкопјеСредоземно МореСловачкаВтора светска војнаПечалбариМакедонски претседателски избори (2024)Македонска револуционерна организацијаСписок на македонски народни поговоркиБојана АтанасовскаМочуриштеХристијан МицкоскиКорупцијаГригор ПрличевМакедонски парламентарни избори (2020)Чорбаџи ТеодосИталијаКочо РацинПеколот (Божествена комедија)Лудвиг ван БетовенСпецијална:СкорешниПромениИлинденско востаниеПанонски легендиДржавни празници во МакедонијаТурцијаКалеш АнѓаПоштенски броеви во Македонија