Обединета нормативна податотека

Обединетата нормативна податотека (германски: Gemeinsame Normdatei, крат. GND) — меѓународна нормативна податотека во која се организирани лични имиња, предметни определници и здруженија од разни библиотечни каталози. Наменета е првенствено за документација во библиотеки и архиви. Со неа раководи Германската национална библиотека (DNB) во соработка со разни библиотечни мрежи. Правата на GND се водат под лиценцата Криејтив комонс Нула (CC0).[1]

Екранска снимка на GND

Видови на единици во GND

Обединетата нормативна податотека е пуштена во април 2012 и ги здружува содржините на следниве нормативни податотеки (сега укинати):

  • Нормативна податотека на лични имиња (Personennamendatei; PND)
  • Обединета нормативна податотека на здруженија (Gemeinsame Körperschaftsdatei; GKD)
  • Нормативна податотека на клучни зборови (Schlagwortnormdatei; SWD)
  • Податотека на единствени наслови на Германскиот музички архив (Einheitssachtitel-Datei des Deutschen Musikarchivs; DMA-EST)

На нејзиното започнување (5 април 2012), GND содржи 9.493.860 податотеки, од кои 2.650.000 се однесуваат на лични имиња.

Постојат шест вида на единици во GND:[2]

ВидГермански (официјално)Превод
pPerson (individualisiert)личност (поединец)
nName (nicht individualisiert)личност (име)
kKörperschaftздружение
vVeranstaltungнастан
wWerkдело
sSachbegriffпоим
gGeografikumместо

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица