Киспикеси

село во Серско, Егејска Македонија
(Пренасочено од Ќоспекли)

Киспикеси, Ќоспекли или Ќопеки (грчки: Σκούταρι, Скутари; до 1927 г. Κιοπεκή, Ќопеки[2]) — село во Серско, Егејска Македонија, денес во општината Сер на Серскиот округ, Грција. Сè до 1920-тите било населено исклучиво со Македонци.[3]

Киспикеси
Σκούταρι
Киспикеси is located in Грција
Киспикеси
Киспикеси
Местоположба во областа
Киспикеси во рамките на Сер (општина)
Киспикеси
Местоположба на Киспикеси во Серскиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 41°4.13′N 23°27.38′E / 41.06883° СГШ; 23.45633° ИГД / 41.06883; 23.45633
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСерски
ОпштинаСер
Општ. единицаКиспикеси
Надм. вис.&1000000000000001500000015 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно1.863
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија

Селото се наоѓа во Серското Поле на 9 км јужно од градот Сер.

Историја

Во Отоманското Царство

Во XIX и почетокот на XX век Киспикеси било чисто македонско село во Серската каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Кис Пикеси (Kis-pikessï) имало 38 домаќинства со 132 жители Македонци.[4][5] Грчка статистика од 1886 г. го води Киз Пикеси (Κιζ Πικεσί) како село со 65 христијани.[6]

Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:

К’з пикеси, на З од Сал Маала, чифлик од Тахир-бег. Истото население како во Ени Маала, куќи 20; Македонци 100 души.[7][8]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. К’с Пикеси брои 270 жители Македонци-христијани.[4][9]

Во првото десетлетие на XX век населението на селото било под врховенството на Цариградската патријаршија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. населението на Киз Пикеси (Kiz-Pikessi) се состоело од 240 Македонци патријаршисти и 24 Роми.[4][10] Подоцна селото прешло под врховенството на Бугарската егзархија. Грчка статистика од 1908 г. го води Кис Пикеси (Κις Πεκεσί) како егзархиско со 250 жители.[6]

Во Грција

За време на Првата балканска војна селото е окупирано од бугарска војска, а по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото имало 341 жител, а во 1920 г. населението се смалило на 270 лица.[3] Во 1924 г. под притисок на власта 34 жители се иселиле во Бугарија, а во Киспикеси довеле грчки колонисти од селото Скутари (денес Штит) кај Свиленград, Бугарија. Во 1927 г. селото е преименувано по тоа село.[11] На пописот од 1928 г. Киспикеси било етнички мешано село со 1.446 жители,[3] од кои 1.125 лица (291 семејства) биле грчки доселеници.[12]

Месности во Киспикеси преименувани со службен указ на 6 јули 1968 г.
ИмеГрчкиНово имеГрчкиОпис
Баркуш[13] или БајкушΜπαϊκούςМегалопулиΜεγαλοπούλι[14]месност на ССИ од Киспикеси, по десниот брег на Белица[13]
Бин Ѓол[13]Μπίν ΓκιόλЛимнулесΛιμνούλες[14]месност на ССЗ пд Киспикеси, по десниот брег на Белица[13]
Кара ОрманΚαρά ΌρμάνМавро ДасоΜαύρο Δάσο[14]

Културни и природни знаменитости

Население

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година194019511961197119811991200120112021
Население1.7941.9212.1672.1712.3372.3862.6142.154
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи