Алириза Лога

политичар

Алириза Лога (албанскиː Aliriza Loga; Ливада, Струшко, 17 март 1947 - Струга, 18 декември 2000) — македонски политичар, поранешен пратеник во Македонското Собрание.[1]

Алириза Лога
Aliriza Loga
Роден(а)17 март 1947
Ливада, Струшко, СФРЈ СФР Југославија денес Македонија Македонија
Починал(а)18 декември 2000
Струга, Македонија Македонија
НационалностМакедонски Албанец
Занимањеполитичар

Животопис

Лога е роден на 17 март 1947 година во струшкото село Ливада. Завршил Природно - математички факултет група Хемија. Од 1973 година до 1981 година работел како професор по Хемија во Гимназијата во Струга. Лога бил еден од првите членови и основач на Партијата за демократски просперитет. Со одвојувањето од Партијата за Демократски просперитет станал член на Партијата за Демократски просперитет на албанците, во која бил и член на Претседателството на Партијата.[2] Од 1991 година до 1996 година бил директор на Основното училиште „Наим Фрашери“ во селото Делогожди. Од 1998 година бил пратеник во Собранието на Македонија и претседател на Комисијата за образование и наука.Починал на 18 декември 2000 година во Струга.[3]

Наводи