17 март

датум
<<март>>
НПВСЧПС
0102
03040506070809
10111213141516
17181920212223
24252627282930
31
2024

17 март — 76-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (77-и во престапна година). Остануваат 289 денови до крајот на годината.

Настани:

1891 Воспоставена е првата телефонска врска меѓу Лондон и Париз. Првата телефонска линија во Европа беше отворена во 1877 година во Берлин, во Германија. Пет години подоцна Берлин ја доби првата телефонска централа само со 48 претплатници. Тоа беа почетоците на телефонскиот сообраќај кој со голема брзина го освои светот.
1947 Во Скопје е формирана првата хируршка клиника во Македонија.
1958 САД од космодромот „Кејп Каневерал“ во орбитата околу Земјата го лансираа вториот американски сателит „Вангард I“.
1963 При ерупција на вулканот Агунг на индонезискиот остров Бали загинаа најмалку 11.000 луѓе.
1969 Голда Меир станала првата жена на должноста премиер на Израел.
1992 Република Македонија и Република Словенија воспоставиле дипломатски односи.
1998 Џу Жунгѓи станал премиер на Кина.
2014 Властите на АР Крим објавуваат независност од Украина и доставуваат барање да станат федерална единица на Русија како Република Крим, притоа распишувајќи референдум кој завршува со огромна поддршка за предлогот.

Родени:

1834 Готлиб Вилхелм Дајмлер — германски инженер.
1919 Нет Кинг Коул — американски музичар.
1921 Иван Несторовски — македонски геолог.
1921 Љупчо Сантов — македонски партизан и учесник во НОБ.
1935 Владимир Поповиќ — српски и југословенски фудбалер и тренер.
1936 Никола Нака — македонски градежен инженер.
1938 Рудолф Нуреев — руски и советски балетан.
1939 Џовани Трапатони — италијански фудбалер и тренер.
1943 Газанфер Бајрам — македонски академски сликар.
1955 Гери Синис — американски глумец и режисер.
1959 Дени Ејнџ — американски кошаркар.
1964 Роб Лоу — американски глумец.
1967 Били Корган — американски рок-музичар, член на групата „Смешинг пампикнс“ (The Smashing Pumpkins).
1970 Флорин Радучоју — романски фудбалер.
1976 Алваро Рекоба — уругвајски фудбалер.
1983 Раул Меирелеш — португалски фудбалер.
1985 Дарио Каталдо — италијански велосипедист.
1986 Един Џеко — босански фудбалер.
1989 Шинџи Кагава — јапонски фудбалер.
1993 Кума Бабакар — сенегалски фудбалер.
1994 Марсел Забицер — австриски фудбалер.
1998 Урош Рачиќ — српски фудбалер.

Починале:

180 Марко Аврелиј — римски цар и стоички филозоф.
1782 Даниел Бернули — швајцарски лекар, физичар и математичар.
1956 Ирена Жолио-Кири — ќерка на Пјер и Марија Кири.
1973 Перл Бак — американска писателка.
1976 Лукино Висконтииталијански филмски режисер и сценарист, еден од зачетниците на неореалистичката филмска школа.
1988 Валтер Ниг — швајцарски теолог.
2010 Алекс Чилтон — американски поп-рок музичар, член на групата Биг стар (Big Star).
2023 Дубравка Угрешиќ — хрватска писателка.
2024 Стив Харли — англиски рок-музичар, член на групата Кокни ребелс (Cockney Rebels).


🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица