Босанска Крупа

Босанска Крупаград и седиште на истоимената општина во западна Босна и Херцеговина, односно во ентитетот Федерација Босна и Херцеговина, сместена во долината на реките Уна и Крушница. Според прелиминарни податоци на попис на населението во 2013 година, во Босанска Крупа се попишани 29.659 лица.

Босанска Крупа

Географија

Најголемиот дел на градот се развил на нискиот дел помеѓу ридовите Хума и Стар Град на надморска висина од 176 m во проширениот дел на реката Уна.

Историја

Средновековна Крупа бил град во Хрватското кралство, а со османскиот поход на Виена го освојува Кара Мустафа Паша Соколовиќ. Последниот хрватски капетан бил војводата Петар Бакиќ, кој се удавил на вливот на Крушница во Уна. Додека се водела тешка битка на левиот брег на реката Уна, на местото на денешната железничка станица, се наоѓала австриска војска составена претежно од Хрвати, под команда на Германецот Ауерсберг кој не сакал да помогне на опколените Крупљани. Една група од осумдесет Хрвати се обидела да помогне, но османлиските војници ги спречија во намерата да го сторат тоа.

Население

Националност199119811971
Муслимани по националност43.104 (73,90%)37.381 (67,68%)31.842 (62,61%)
Срби13.841 (23,73%)15.029 (27,21%)18.230 (35,84%)
Хрвати139 (0,23%)173 (0,31%)286 (0,56%)
Југословени708 (1,21%)2.155 (3,90%)239 (0,46%)
Останати и непознато528 (0,90%)491 (0,88%)259 (0,50%)
Вкупно58.32055.22950.856