Прејди на содржината

Веле Митаноски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Веле Митаноски
Роден1949
Црвена Вода, Охридско, Македонија Македонија
Занимањепублицист, новинар, политичар и пратеник

Веле Митаноски (Црвена Вода, Охридско, 1949) — македонски новинар, политичар, публицист и пратеник[1] и некогашен дописник на агенцијата Танјуг. Нарекуван е „човекот кој знае премногу“.

Животописуреди извор

Митаноски е роден во охридското село Црвена Вода во 1949 година. По завршувањето на високото образование, почнува да работи како новинар. Неговата почитичка кариера е доста шаренолика. Почнува да делува како член на СКМ ПДП, предводен од Петар Гошев, каде се кандидирал на првите избори во 1990 година, но во вториот круг загубил. Следните избори во 1994 година се кандидира како независен пратеник, но откако Гошев и Георгиевски се откажале од вториот круг, Митаноски има се придружува. Подоцна делува како член на СДСМ, и по нивната победа во 2002 година, тој е директор на Агенцијата за информирање и еден од луѓето кој ја воделе Канцеларијата за односи со јавноста на Бранко Црвенковски. Набрзо излегува од СДСМ и почнува да ја формира НСДП со Тито Петковски, кога успева да добие пратенички мандат на изборите во 2006 година . Но по распадот на НСДП, тој станува потпретседател на новоформирана партија Социјалдемократска Унија. Доста е активен како политички аналитичар, кога во мај 2011 година од печат му излегува книгата „Рани спомени“ во која се напишани неговите сведоштва од случувањата во Вевчани и македонската демократска пролет, на случајот - Студенчица, на падот на комунистичката диктатура во Албанија, на 2001-та и подготвувањето на Охридскиот рамковен договор.[2] Се служи со англискиот и рускиот јазик. Живее во Охрид.

Библиографијауреди извор

  • „Рани спомени“ (2011) - автобиографија
  • „Спомени-рани“ (2013) - автобиографија

Наводиуреди извор

🔥 Top keywords: Главна страницаСпецијална:БарајГоце ДелчевМакедонски парламентарни избори (2024)Свети Кирил и МетодијМакедонијаГордана Сиљановска-ДавковаКарлес ПуџдемонНова КаледонијаОче нашМарко ЦепенковПретседател на МакедонијаПреспански договорСкопјеСредоземно МореСловачкаВтора светска војнаПечалбариМакедонски претседателски избори (2024)Македонска револуционерна организацијаСписок на македонски народни поговоркиБојана АтанасовскаМочуриштеХристијан МицкоскиКорупцијаГригор ПрличевМакедонски парламентарни избори (2020)Чорбаџи ТеодосИталијаКочо РацинПеколот (Божествена комедија)Лудвиг ван БетовенСпецијална:СкорешниПромениИлинденско востаниеПанонски легендиДржавни празници во МакедонијаТурцијаКалеш АнѓаПоштенски броеви во Македонија