Голема океанска друмска трка „Кедел Еванс“

австралиска велосипедска трка

Голема океанска друмска трка „Кедел Еванс“ (позната и како Голема океанска друмска трка или Друмска трка Кедел) — годишна професионална велосипедска еднодневна трка за мажи и жени, која почнувала и завршувала во Гилонг, Викторија, Австралија, движејќи се долж сликовитиот Голем океански пат.

Голема океанска друмска трка „Кедел Еванс“
За трката
Датумјануари-февруари
РегионАвстралија
ДисциплинаДрумски велосипедизам
НатпреварувањеСветска турнеја на UCI (2017-)
Видеднодневна трка
Историја
Прво одржување2015 (2015)
Одржувања7 (2023)
Прв победник Џани Мерсман (БЕЛ)
Најмногу побединема повеќекратни победници
Неодамнешен победник Мариус Мајрхофер (ГЕР)

Првата трка била одржана во 2015 година како трка за збогување за Кедел Еванс, единствениот победник на Тур де Франс и на Светското друмско првенство од Австралија.[1] Изданието во 2017 година било додадено на Светската турнеја по првпат.[2][3]

Тек

Трката за мажи е долга 174 километри, додека женската трка е долга 113 километри. Трката започнува во градот Гилонг во сојузната држава Викторија минувајќи низ родниот град на Еванс Барвон Хедс на полуостровот Беларин, поминувајќи до познатата сурферска плажа Белс Бич и долж Големиот океански пат. Потоа, трката се упатува кон ридовите до Гилонг за три круга пред завршницата.[1]

Победници

Машка трка

ГодинаПобедникВторопласиранТретопласиран
2015 Џани Мерсман Сајмон Кларк Нејтан Хас
2016 Питер Кенох Ли Хауард Николо Бонифацио
2017 Никијас Арнт[4] Сајмон Геранс Камерон Мајер
2018 Џеј Мекарти Елија Вивијани Дарил Импи
2019 Елија Вивијани[5] Кејлеб Јуан Дарил Импи
2020 Дрис Девенинс Павел Сиваков Дарил Импи
2021 откажана
2022 откажана
2023 Мариус Мајрхофер Иго Паж Сајмон Кларк
2024 Лоренс Пити Натнаел Тесфацион Георг Цимерман

Женска трка

ГодинаЗемјаВозачЕкипа
2015  АвстралијаНилан, РејчелРејчел Нилан Билдинг Чемпионс Сквад
2016  АвстралијаСпрат, АмандаАманда Спрат Орика-АИС
2017  Холандијаван Влетен, АнемикАнемик ван Влетен Орика-Скот
2018  АвстралијаХоскинг, КлоиКлои Хоскинг Але-Чиполини
2019  КубаСиера, АрленисАрленис Сиера АСА
2020  ГерманијаЛиперт, ЛијанеЛијане Липерт Тим Санвеб

Наводи

Надворешни врски