Сајмон Геранс

австралиски велосипедист

Сајмон Геранс (англиски: Simon Gerrans; р. 16 мај 1980) — поранешен австралиски професионален друмски велосипедист, кој професионално настапувал во периодот 2005-2018. Моментално работи како спортски стажант во Голдман Сакс во Лондон.[2]

Сајмон Геранс
Геранс на Критериум ду Дофине 2011
Лични податоци
Цело имеСајмон Геранс
Роден16 мај 1980(1980-05-16)(44 г.)
Мелбурн, Австралија Австралија
Висина1,70 м[1]
Маса64 кг[1]
Податоци за клубот
Мом. клубпензиониран
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачуниверзален
Аматерски клубови
2003
2003–2004
2004–2005
Тим Рингерике СК
Карвалхелхос-Боависта (тренинг)
Аг2р Превојанс (стажант)
Професионални клубови
2005–2007
2008
2009
2010–2011
2012–2017
2018
Аг2р Превојанс
Кредит Агрикол
Сервело ТестТим
Инеос Гренадиерс
ГринЕЏ
Ванти-Груп Гобер
Значајни победи
Големи трки
Џиро д’Италија
1 поединечна етапа (2009)
1 етапа ТТТ (2015)
Тур де Франс
2 поединечни етапи (2008, 2013)
1 етапа ТТТ (2013, 2018)
Вуелта а Еспања
1 поединечна етапа (2009)

Етапни трки

Хералд Сан Тур (2005, 2006)
Трка околу Данска (2011)
Тур Даун Андер (2006, 2012, 2014, 2016)

Еднодневни трки и класици

Национален друмски првак (2012, 2014)
Лиеж-Бастон-Лиеж (2014)
Милано-Санремо (2012)
ГП Западна Франција (2009)
Гран при Квебек (2012, 2014)
Гран при Монтреал (2014)

Геранс е двократен австралиски национален друмски првак, освојувајќи ја титулата во 2012 година[3] и во 2014 година. Покрај овие победи, негови најголеми триумфи се рекордните четири победи на домашната трка Тур Даун Андер[4] и еднодневните трки како што се ГП Западна Франција 2009, Милано-Санремо 2012, Гран при Квебек 2012 и Гран при Квебек 2014,[5] и Лиеж-Бастон-Лиеж 2014 и етапи на сите три големи трки. На Тур де Франс 2013, Геранс ја преземал жолтата маичка на третата етапа на Корзика, освојувајќи ја спринтерската завршница, и исто така бил дел од победничката екипа на екипниот хронометар на четвртата етапа во Ница.

Животопис

Геранс е роден во Мелбурн, Викторија и пораснал во Мансфилд (Викторија).

Тој започнал со велосипедизам откако го повредил коленото и зборувајќи со неговиот сосед, поранешниот носител на жолтата маичка Фил Андерсон, кому му се припишува воведувањето на Сајмон во овој спорт.[6] Геранс бил стипендист на Австралискиот институт за спорт.[7]

Во 2002, завршил петти во сениорското Австралиско национално друмско првенство и ја освоил титулата за под 23 години. Започнал да вози како тренинг за тимот Карвалхелхос-Боависта, основан во Португалија од 1 септември 2005 и потоа како тренинг за тимот Аг2р Превојанс од 1 септември 2004. Станал професионален возач во 2005, возејќи со АГ2Р Превојанс и учествувајќи на неговиот прв Тур де Франс во истата година.

Геранс бил подложен на операција во болница во Ница, откака доживеал тежок пад на ГП д'Увертур ла Марселеза во февруари 2006. Игла била вметната во неговата разнишана лева клучна коска и еден штраф во неговото скршено десно рамо и неколку конци на неговата глава.[8] Се вратил на тренинг по три недели подоцна и заминал да ја претставува Австралија на Игрите на Комонвелтот во 2006 во Мелбурн.[9]

Во 2008 година, Геранс возел за тимот на Кредит Агрикол. Ја освоил етапата 15 на Тур де Франс, висока точка на неговата кариера дотогаш, откако се нашол во групата напред скоро цел ден. Иако, нападите биле постојани од другите силни искачувачи во бегството, во која четвртиот возач отпаднал од групата, тој всушност спринтал на крајот за последните неколку метри, без одговор од другите двајца останати натпреварувачи.[10]

По затворањето на тимот Кредит Агрикол Геранс потпишал со професионалниот континентален тим Сервело ТестТим за сезоната во 2009.[11] И покрај неговиот успех во претходната година, тој не бил вклучен во екипата за Тур де Франс 2009.[12]

На етапата 14 на Џиро д’Италија 2009 Геранс ги нападнал неговите совозачи од групата на краткото стрмно искачување Сан Лука, близу Болоња, за да победи на етапа – прва Гранд Тур етапна победа за Сервело ТестТим.[13] По освојувањето на 10-та етапа на Вуелта а Еспања 2009 Геранс станал првиот Австралиец, кој освоил етапа на сите три главни трки.[14]

Сајмон Геранс (Тим Скај) по победата на Трката околу Данска 2011

Тој потпишал со Тим Скај за сезоната 2010[15] и станал дел од изборот на тимот за Тур де Франс 2010. Геранс бил вмешан во голема несреќа на етапата 8 на трката, што предизвикало скршена рака и негово откажување од трката.[16]

Во 2011, Геранс бил трет на Амстел Голд Рејс.[17] Во август ја освоил и трката околу Данска.[18] Кратко по победата, било објавено дека Геранс ќе се придружи на ГринЕЏ за почетната сезона на тимот во 2012.[19]

2012

Во јануари 2012, Геранс станал национален друмски првак по првпат, поминувајќи го возачот на Лампре-ИСД Метју Лојд и возачот на Тим Скај Ричи Порт за победа.[3] Подоцна во месецот го освоил и Тур Даун Андер по вторпат. Победата ја обезбедил на петтата етапа, кога второто место на етапата му овозможило да ја преземе водечката маичка од Валверде, кој ја освоил етапата. Обајцата возачи имале исто време, но поради подобрите етапни завршници, Геранс го презел водството и не го загубил до крајот.[20][21] На 17 март 2012, Геранс го освоил Милано-Санремо во спринтерската завршница, победувајќи ги возачите на РадиоШек-Нисан Фабијан Канчелара и на Ликвигас-Канондејл Винченцо Нибали на линијата во Санремо.[22] Подоцна во сезоната, Геранс го освоил второто место на Класика де Сан Себастијан, преовладувајќи во групата зад водечкиот напред Луис Леон Санчес (Рабобанк), кој ја поминал целта седум секунди пред него.[23] Во септември, Геранс остварил трета победа на трка од Светската турнеја, откако бил успешен на Гран при Квебек. Тој тргнал во напад со возачот на Аксент.џобс-Вилемс Веранда Грег ван Авермат на 3,5 километри пред целта. Двоецот се одвоил од групата пред последните потешкотии на трката. Потоа, Геранс го отспринтал Белгиецот на целта, додека останатите во групата пристигнале четири секунди подоцна.[24]

2013

Геранс во жолтата маичка на Тур де Франс 2013

Во 2013, со помошта на неговата екипа имал многу успеси. Ја започнал сезоната завршувајќи 10. на познатата трка Лиеж-Бастон-Лиеж. Геранс имал добар Тур Даун Андер помагајќи ѝ на својата екипа и ја освоил петтата етапа на трката, кога се нашол во бегството составено од Хавиер Морено од Шпанија и Том-Јелте Слагтер од Холандија. На крајот Геранс бил подобар во спринтот од Слагтер, поминувајќи го за малку на целта. Завршил на 9. место на националното друмско првенство. Меѓутоа, многу од неговите успеси дошле во Европа. Геранс завршил трет на Амстел Голд Рејс. Неговото учество на Волта а Каталуња му ја донело победата на шестата етапа, откако го отспринтал Џани Мерсман за една должина на тркалото. Геранс ја започнал Трката околу Баскија со победа на воведната етапа. Откако го довел колегата Питер Венинг, Сајмон Геранс спринтал за негова трета етапна победа во годината пред Петер Велитс. Неговите вистински триумфи дошле на Гранд Тур трките на кои настапил. На Тур де Франс, Геранс и неговата екипа имале многу успешен почеток на трката. Ја освоил третата етапа по спринтот на целта во борба со Петер Саган. Етапната победа била прва за новосоздадената екипа на Тур де Франс. Следниот ден, на екипниот хронометар, екипата ја однела победа, победувајќи ги Омега Парма-Квик Степ за 3 десетинки. Ова било втора етапна победа за екипата за два дена и Сајмон Геранс ја носел жолтата маичка. Со ова, тој станал само шестиот возач од Австралија кој некогаш ја облекол престижната жолта маичка.

2014

По освојувањето на националната друмска трка, Геранс настапил и ја освоил по третпат трката Тур Даун Андер. Исто така ја освоил првата етапа и ја задржувал водечката маичка благодарение на временските бонуси на средните спринтови и етапните завршници.[4] На 27 април 2014, Геранс го освоил велосипедскиот монумент Лиеж-Бастон-Лиеж со спринт, станувајќи прв Австралиец кој ја освоил трката.[25]

Сајмон Геранс (прв од лево) на подиумот по завршувањето на Светското друмско првенство, на кое завршил на второто место

На првата етапа, Марк Кевендиш се судрил со Геранс во последните 500 метри, обајцата завршувајќи на асфалтот. Сударот со случил кога групата го достигнала бегалецот Фабијан Канчелара. Откако не успеал да влезе во внатрешната линија на левата кривина, надвор од неговата екипа, Кевендиш буткал со неговата глава и рамена во очаен обид да го помери Сајмон Геранс на лево. Кевендиш сакал да добие чиста патека до целта, но Геранс не се поместил, бидејќи Французинот Бријан Кокар бил на неговата лева страна. Кевендиш изгубил контрола на неговото предно тркало и силно удрил со неговото десно рамо на Геранс.[26]

Геранс се вратил на победничките патеки во Квебек, враќајќи се од механички проблем на 20 километри пред крајот и успевајќи дури и да победи на Гран при Квебек откако го претекнал Том Димулен при завршницата на слаба нагорнина. Тој е првиот велосипедист кој остварил две победи на оваа канадска трка од Светската турнеја.[5] Два дена подоцна, Геранс забележал уште еден успех: станал првиот возач кој победил на Гран при Квебек и Монтреал во иста година откако победил во спринтот на Гран при Монтреал.[27] Овие две победи ја најавиле неговата добра форма на само една недела пред Светските првенства во Понферада, на кои се нашол на второто место откако неговата група не успеала да стигне до бегалецот Михал Квјатковски.[28].

2015

Геранс имал несреќен почеток на сезоната, откако ја скршил клучната коска во јануари, додека тренирал за Тур Даун Андер. Негова прва трка потоа била Страде Бјанке, но го скршил своето колено во друг пад при италијанската трка.[29] Барал резултат кога се вратил на тркањето, но неговата лоша среќа продолжила откако паднал двапати на Лиеж-Бастон-Лиеж и ја напуштил трката.[30] Меѓутоа, не се здобил со некои посериозни повреди при падовите. Учествувал на Џиро д’Италија и повторно паднал на дождливата дванаесетта етапа, присилувајќи да ја напушти.[31] На Тур де Франс, Геранс бил вклучен во масовен пад при голема брзина на третата етапа и морал да ја напушти трката поради скршен рачен зглоб.[32]

2016

Геранс ја започнал годината добро со победа на две етапи на австралиската трка Тур Даун Андер.[33] Благодарение на бонус секундите за високите пласмани на поединечните етапи го освоил генералниот пласман по четврти пат во неговата кариера.[34] Ова го донело на врвот на новиот Светски пласман UCI, кој започнал во јануари 2016 година,[35] каде се задржал 7 седмици.[36] Ја скршил клучната коска на 12. етапа на Тур де Франс.[37]

2017

Геранс забележал сезона без победи и не бил избран за ниедна од големите трки.[38] Во септември 2017 било објавено дека ќе се приклучи на Ванти-Груп Гобер за 2018 година, со улога на капетан во екипата и клучен помошник за Ричи Порт и Грег ван Авермат.[39] Геранс подоцна открил дека размислувал за пензионирање пред да биде лично повикан од Порт по Тур де Франс за да се приклучи на БМЦ.[40]

2018

Геранс бил избран за Тур де Франс 2018, негово 12. учество на трката.[41] Во август 2018 година во отворено писмо објавено од Ванти-Груп Гобер дека ќе се повлече од трките на крајот на сезоната, изјавувајќи дека неговата „страст за спорт не е тоа што беше“, но означувајќи дека сака да остане во велосипедизмот, истовремено поминувајќи повеќе време со неговото семејство.[42]

Достигнувања

2002
1. Национално друмско првенство под 23 години
1. Краен пласман Трка околу Тасманија
1. Етапа 3
1. Етапа 2 ГП Тел
2003
1. Класик Мелбурн-Варнамбул
1. Етапа 3 Трка околу Тасманија
2004
1. Етапа 9 Хералд Сан Тур
2005
1. Краен пласман Хералд Сан Тур
1. Етапа 3
1. ГП Артиџанато Карнагезе
1. Тур ду Финистер
2006
1. Краен пласман Тур Даун Андер
1. Етапа 1
1. Краен пласман Хералд Сан Тур
2007
1. ГП де Плумелек-Морбихан
2. Краен пласман Серија Заливски класик
1. Етапа 5
1. Бодовен пласман
2008
1. Етапа 15 Тур де Франс
1. Етапа 2 Критериум Интернационал
1. Етапа 1 Рут ду Суд
2009
1. ГП Уест-Франција
1. Етапа 14 Џиро д’Италија
1. Етапа 10 Вуелта а Еспања
1. Етапа 1 Серија Заливски класик
3. ГП ди Лугано
6. Лиеж-Бастон-Лиеж
7. Амстел Голд Рејс
8. Флеш Валон
10. Светско друмско првенство
2011
1. Краен пласман Трка околу Данска
2. ГП Уест-Франција
3. Национално друмско првенство
3. Амстел Голд Рејс
5. Копа Сабатини
10. Краен пласман Волта ао Алгарве
2012
1. Национално друмско првенство
1. Краен пласман Тур Даун Андер
1. Милан-Санремо
1. Гран при Квебек
2. Класика де Сан Себастијан
4. Гран при Монтреал
2013
Тур де Франс
1. Етапа 3
1. Етапа 4 (ТТТ)
1. Етапа 5 Тур Даун Андер
1. Етапа 6 Волта а Каталуња
1. Етапа 1 Трка околу Баскија
3. Амстел Голд Рејс
10. Лиеж-Бастон-Лиеж
2014
1. Национално друмско првенство
1. Краен пласман Тур Даун Андер
1. Етапа 1
1. Спринтерски пласман
1. Лиеж-Бастон-Лиеж
1. Гран при Квебек
1. Гран при Монтреал
2. Светско друмско првенство
3. Амстел Голд Рејс
3. Ватенфал Класик
7. Краен пласман Хералд Сан Тур
2015
Џиро д’Италија
1. Етапа 1 (ТТТ)
6. Светско друмско првенство
2016
1. Краен пласман Тур Даун Андер
1. Спринтерски пласман
1. Етапа 3
1. Етапа 4
1. Светски пласман UCI (7 седмици)
5. Голема океанска друмска трка „Кедел Еванс“
Награда за борбеност на етапа 14 Вуелта а Еспања
2017
2. Голема океанска друмска трка „Кедел Еванс“
2. Национално друмско првенство
2. Краен пласман Трка околу Норвешка
2018
1. Етапа 3 (ТТТ) Тур де Франс
1. Етапа 1 (ТТТ) Тур де Свис
5. Голема океанска друмска трка „Кедел Еванс“

Резултати од класиците

Монумент20052006200720082009201020112012201320142015201620172018
Милано-Санремо14716836
Трка околу Фландрија92
Париз-Рубене настапил во текот на кариерата
Лиеж-Бастоњ-ЛиежСОСО546111219101СО3377
Џиро ди ЛомбардијаСОСОСОСО
Класична трка20052006200720082009201020112012201320142015201620172018
Амстел Голд Рејс3712763320337011СО79
Флеш Валон66748542186
Класика де Сан Себастијан539310234СО
ГП Западна Франција52186211012125147
Гран при Квебек321190
Гран при Монтреал714192

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи

Надворешни врски