Доказ (филм)

Доказ (англиски: Proof) е американски филм од 2005 година, продуциран од „Мирамакс“, а во режија на Џон Меден. Главните улоги ги толкуваат: Гвинет Палтроу и Ентони Хопкинс.

Содржина

Филмот претставува интересна драма за животот на една чудна млада жена, која ја прогонува минатотот на татко ѝ и ја засенува нејзината иднина. Катарина (ја игра Палтроу) посветила многу години, грижејќи се за својот татко Роберт (го игра Хопкинс), кој е брилијантен математички гениј, но истовремено и менатлно нестабилен човек. По неговата смрт, тој остава мистерија. Соочувајќи се со можноста дека ги наследила неговата генијалност и лудило, Катарина мора да се соочи и со враќањето на нејзината отуѓена сестра, како и со вниманието што ѝ го посветува поранешниот студент на Роберт.[1] [2] [3]

Палтроу на Меѓународен филмски фестивал во Торонто 2000
Центарот Ентони Хопкинс во Кралскиот велшки колеџ за музика и драма, Кардиф

Наводи