Смрт

Смрт — постојан крај на биолошкото функционирање на секој жив организам. Вистинската природа на смртта со векови е централна тема во светските религии, како и во филозофијата. Во повеќето религии постои верување во некој вид живот по смртта или реинкарнација. Современата наука ја смета смртта за конечна состојба.

Смртта се грижи за цвеќињата, Хуго Симберг (1906)
Череп, симболична претстава за смртта

Во медицината постои термин клиничка смрт, а тоа е состојба при која на пациентот му функционираат нормално срцето и белите дробови, но мозокот е мртов.

Статистика на смртноста

Во 2014 година, во Македонија умреле 19.718 лица од кои 10.210 (51,8%) биле од машки пол. Најчеста причина за смртта биле болестите на кардиоваскуларниот систем (57,2%), додека 18,9% умреле од злоќудни неоплазми. Кај 4,2% од умрените, причина за смртта биле ендокрините, нутритивните и метаболичните болести, а 3,6% умреле заради болести на респираторниот систем. Во 2014 година, во Македонија умреле 233 доенчиња, т.е. 1,2% од вкупниот број на умрени лица. Кај возрасните, просечната старост на умрените мажи била 69,9 години, додека просечната возраст на умрените жени била 74,8 години.[1]

Смртта во јужнословенската митологија

Смртта е персонифицирано битие чија единствена должност била да ја одзема душата од телото на смртникот. Смртта била прикажувана како битие во долга бела или црна облека, со качулка на главата од која најчесто не може да се согледа ликот. Смртта најчесто припаѓала на машкиот пол, иако во некои преданија таа е претставена како стара жена.

Во народното творештво, смртта била ужасната од молбите и плачот на луѓето, па посакала од бога да ја ослободи од должноста, но тој одбил. „Еве јас отсега вамо ќе создадам турли - турли болести по луѓето и од болестите што ќе ѝ создадам луѓето ќе умираат и на болеста ќе ѝ викаат, а тебе ќе ти забораат да те колнат” - Марко Цепенков.[2]

Според старите верувања, смртта е единствената која го знае мигот во кој секое живо битие треба да почине. Смртта доаѓа по божјите (или сопствени) закони и никој не е во можност да ја повика или да ја присили да му ја земе душата без таа да сака. „Смртниот час“ е миг на разделбата на душата од физичкото тело. По верувањата, душата заминува на „друг/оној свет“. Зависно од моралните и хуманите однесувања на поединецот, по старите верувања, и смртниот час можел да биде краток, лесен и милозлив или долготраен, измачувачки и страшен[3].

Смртта во уметноста и во популарната култура

Смртта се јавува како честа тема во литературата, сликарството, филмот и во популарната култура.

Смртта како тема во книжевноста

Смртта како тема во прозата

Смртта како тема во народните приказни

  • „Мртвиот Костадин“ — албанска народна приказна.[52]
  • „Чумата и девојчето во едно село“ — албанска народна приказна.[53]

Смртта како тема во народната поезија

Смртта како тема во поезијата

  • „Херојска смрт“ - песна во проза на францускиот поет Шарл Бодлер.[67]
  • „По повод смртта на Жуков“ - песна на рускиот поет Јосиф Бродски од 1974 година.[68]
  • „Ирски воздухопловец ја предвидува својата смрт“ (ангиски: An Irish Airman Foresees his Death) - песна на ирскиот поет Вилијам Батлер Јејтс.[69]
  • „Античка трагедија“ — песна на македонскиот поет Блаже Конески.[70]
  • Смртта на Смаил-ага Ченгиќ“ (хрватски: Smrt Smail-age Čengijića) - поема на хрватскиот поет Иван Мажураниќ.[71]
  • „Љубов и смрт“ — песна на македонскиот поет Јован Котески.[72]
  • „Смртта на Каритон“ — песна на македонскиот поет Јован Котески.[73]
  • „Љубов и смрт“ (италијански: Amore e Morte) - песна на италијанскиот поет Џакомо Леопарди од 1832 година.[74]
  • „Смртта на Петенера“ (шпански: Muerte de la Petenera) - песна на шпанскиот поет Федерико Гарсија Лорка.[75]
  • „Смрт“ (шпански: Muerte) - песна на шпанскиот поет Федерико Гарсија Лорка.[76]
  • „Газела за темната смрт“ (шпански: Gacela de la muerte oscura) - песна на шпанскиот поет Федерико Гарсија Лорка.[77]
  • „Умрел в мугри“ (шпански: Murio al amanecer) - песна на шпанскиот поет Федерико Гарсија Лорка.[78]
  • „Смртта на Антоњито ел Камборио“ (шпански: Muerte de Antoñito el Camborio) - песна на шпанскиот поет Федерико Гарсија Лорка.[79]
  • „Розова смрт“ - песна на Андре Бретон.[80]
  • „Славната смрт од животот подобра е“ - песна на арапскиот поет Антара.[81]
  • „На денот на мојата смрт“ - песна на италијанскиот писател и режисер Пјер Паоло Пазолини.[82]
  • „Mors“ - песна на францускиот поет Виктор Иго.[83]
  • „Смрт“ - песна на германскиот поет Рајнер Марија Рилке.[84]
  • „Со смрт против смртта“ - поетска збирка на Бранко Миљковиќ и Блажо Шќепановиќ.[85]
  • „Шума на мртвите“ - песна на српскиот поет Бранко Миљковиќ.[86]
  • „Смртта на поетот“ - поетски циклус на рускиот писател Борис Пастернак од 1930-1931 година.[87]
  • „На прерано умрениот“ - песна на рускиот писател Борис Пастернак.[88]
  • „Смртта на ѕвездознаецот“ (Zvezdoznančeva smrt) - песна на српскиот поет Васко Попа.[89]
  • „Смрт од вода“ (Death By Water) - песна на британскиот поет Т.С. Елиот од 1922 година.[90]
  • „Искуството со смртта“ - песна на германскиот поет Рајнер Марија Рилке.[91]
  • „Смртта на љубената“ - песна на германскиот поет Рајнер Марија Рилке.[92]
  • „Посмртна рехабилитација“ - песна на полскиот поет Тадеуш Ружевич од 1957 година.[93]
  • „Смрт“ - песна на полскиот поет Тадеуш Ружевич.[94]
  • „Жива смрт“ (хрватски: Živa smrt) - песна на Антун Густав Матош.[95]
  • „Песни за смртта“ (српски: Песме смрти) - песна на српскиот поет Јован Дучиќ.[96]
  • „Песна на умирањето“ (српски: Песма умирања) - песна на српскиот поет Јован Дучиќ.[97]
  • „Господинот Когито го набљудува умрениот пријател“ - песна на полскиот поет Збигњев Херберт.[98]
  • „Смрт“ - песна на полскиот поет Збигњев Херберт.[99]
  • „По смртта на саканата жена“ - песна на арапскиот поет Џерир.[100]
  • „Неизбежноста на смртта“ - песна на ирачкиот поет Ал-Зехави.[101]
  • „Смрт во мразот“ (Smrt u ledu) - песна на српската поетеса Десанка Максимовиќ од 1979 година.[102]
  • „Смрт во морската шир“ (Smrt na pučini) - песна на српската поетеса Десанка Максимовиќ од 1979 година.[103]
  • „Клиничка смрт“ (Klinička smrt) - песна на српската поетеса Десанка Максимовиќ од 1983 година.[104]
  • „Смрт“ - песна на југословенскиот поет Мак Диздар.[105]
  • „Понеделнички муабет за смртта“ - песна на македонската поетеса Ана Бунтеска од 2015 година.[106]
  • „Несреќа на средината од семестарот“ — песна на северноирскиот поет Шејмас Хини.[107]
  • „Балада“ - песна на полската поетеса Вислава Шимборска.[108]
  • „Писмата на умрените“ - песна на полската поетеса Вислава Шимборска.[109]
  • „За смртта без претерување“ - песна на полската поетеса Вислава Шимборска.[110]
  • „Заткулисни преговори со мртвите“ - песна на полската поетеса Вислава Шимборска.[111]

Смртта како тема во драмата

Смртта како тема во сликарството

Смртта како тема во музиката

  • „Метал на смртта“ (англиски: Death Metal) - поджанр на хеви метал музиката.
  • „Благодарни мртовци“ (англиски: The Grateful Dead) — американска рок-група, активна од 1965 до 1995 година.[114]
  • „Напалмска смрт“ (англиски: Napalm Death) — британска хард-кор група.[115]
  • „Смрт“ (англиски: Death) - американска хеви метал група.
  • „Смрт во Вегас“ (англиски: Death in Vegas) - британска рок-група.
  • „Павана за мртвата принцеза“ (француски: Pavane pour une infante defunte) - композиција на францускиот композитор Морис Равел.[116]
  • „Островот на мртвите“ - симфониска поема на рускиот композитор Рахманинов.[117]
  • „Смртта јава на коњ“ (англиски: Death Rides a Horse) - композиција на италијанскиот композитор Енио Мориконе (Ennio Morricone).[118]
  • „Потврда за смрт“ (англиски: Death Certificate) - албум на американскиот рапер Ајс Кјуб (Ice Cube) од 1991 година.[119]
  • „Смрт“ (англиски: Death) - песна на Ајс Кјуб од 1991 година.[119]
  • „Смртта на Александар“ (англиски: Death of Alexander) - песна на македонската музичка група Анастасија.[120]
  • „Смртта оди зад тебе“ (англиски: Death walks behind you) - песна и албум на рок-групата Atomic Rooster од 1970 година.[121]
  • „И кога ќе умрам“ (англиски: And when I die) - песна на американската рок-група Blood Sweat and Tears од 1969 година.[122]
  • „(Не плаши се од) Косачот“ (англиски: (Don't Fear) The Reaper) — песна на американската рок-група Blue Öyster Cult од 1976 година.[123]
  • „Хомеини умре вечерва“ (англиски: Khomeini Died Tonight) — песна на американската рок-група Bongwater од 1989 година.[124]
  • „Во колата на смртта“ (англиски: In The Deathcar) - песна на Горан Бреговиќ од 1993 година.[125]
  • „Смрт“ (англиски: Death) - песна на Горан Бреговиќ од 1993 година.[125]
  • „Мртвиот Џо“ (англиски: Dead Joe) - песна на австралиската рок-група The Birthday Party од 1982 година.[126]
  • „Мојата смрт“ (англиски: My Death) — песна на Жак Брел и Морт Шуман.[127]
  • „Смртта на Морисон Џим“ (српскохрватски: Smrt Morisona Džima) — песна на словенечката рок-група Булдожер (Buldožer).[128]
  • „Песната на смртта на црниот ангел“ (англиски: Black Angel's Death Song) - песна на американската рок-група Велвет андерграунд (Velvet Underground) од 1966 година.[129]
  • „Додека не нè раздели смртта“ (англиски: Till Death Do Us Part) — музички албум на американската хип-хоп група Geto Boys од 1993 година.[130]
  • „Љубов и смрт“ - песна на македонската етно-група DD Synthesis.[131]
  • „Напред во смртта“ (англиски: Forward To Death) — песна на американската панк-рок група Дед Кенедис (Dead Kennedys) од 1980 година.[132]
  • „Осамената смрт на Хети Керол“ (англиски: The Lonesome Death Of Hattie Carroll) — песна на американскиот рок-музичар Боб Дилан од 1964 година.[133]
  • „Џин е мртва“ (англиски: Jean is dead) — песна на американската хардкор-панк група Дисендентс (Descendents) од 1982 година.[134]
  • „Среќни луѓе на смртта“ (англиски: Happy Death Men) — песна на британската рок-група Echo And The Bunnymen од 1980 година.[135]
  • „Смрт на еден кловн“ (англиски: Death Of A Clown) - песна на британската рок-група Кинкс (The Kinks) од 1967 година.[136]
  • „Смрт или слава“ (англиски: Death Or Glory) - песна на англиската рок-група Клеш (The Clash) од 1979 година.[137]
  • „Фреди е мртов“ (англиски: Freddie's Dead) — песна на американскиот музичар Куртис Мејфилд (Curtis Mayfield') од 1972 година.[138]
  • „Постепена смрт“ (англиски: Creeping Death) - песна на американската хеви-метал група Металика (Metallica) од 1984 година.[139]
  • „Мртов на тротоарот“ (англиски: Dead on the sidewalk) - песна на македонската рок-група Mooger Fooger.[140]
  • „Божествена смрт“ (англиски: Divine Death) — песна на британската хард-кор група Napalm Death од 1987 година.[141]
  • „Приватна смрт“ (англиски: Private Death) — песна на Napalm Death од 1988 година.[142]
  • „Мртвиот Боб“ (англиски: Dead Bob) — песна на канадската рок-група Ноуминсноу (Nomeansno) од 1986 година.[143]
  • „Песна за мртвите“ (англиски: Real Emotional Girl) - песна на американскиот музичар Ренди Њумен (Randy Newman) од 1983 година.[144]
  • „Смртен ден“ (англиски: Dying Day) — песна на шкотската рок-група Orange Juice од 1982 година.[145]
  • „Мртов“ (англиски: Dead) — песна на американската рок-група Пиксис (Pixies) од 1989 година.[146]
  • „Распродажба на болката“ (српски: Распродаја бола) — песна на српската рок-група Рибља чорба од 1979 година.[147]
  • „Четвртина мртов“ (англиски: 1/4 Dead) — песна на британската панк-рок група Рудиментари пени (Rudimentary Peni) од 1983 година.[148]
  • „Танатос“ (англиски: Thanatos) — песна на шкотската рок-група Скидс (Skids) од 1979 година.[149]
  • „Ангелот на смртта“ (англиски: Angel of Death) - песна на американската хеви-метал група Слеер (Slayer).[150]
  • „Смрт за нашите пријатели“ (англиски: Death To Our Friends) - песна на американската рок-група Sonic Youth од 1986 година.[151]
  • „Дојди и умри“ (англиски: Come And Die) - песна на Therapy? и Fatal од 1993 година.[152]
  • „Ѕид на смртта“ (англиски: Wall of Death) - албум на американскиот дует Ричард и Линда Томпсон (Richard and Linda Thompson) од 1982 година.[153]
  • „Марш на смртта“ (англиски: Death March) - песна на американската рок-група Faith No More од 1987 година.[154]
  • „Бил е мртов“ (англиски: Bill is Dead) - песна на британската рок-група Фол (The Fall) од 1990 година.[155]
  • „Втора смрт“ - песна на македонската рок-група Хахаха од 2012 година“.[156]
  • „Ја полниш земјата со смрт“ - песна на македонската рок-група Хахаха од 2012 година“.[156]
  • „Ајде да умриме“ (англиски: Let's Go Die) - песна на американската хардкор панк група Hüsker Dü од 1982 година.[157]
  • „Мртвите чекаат“ (англиски: The dead are waiting) - песна на македонскиот музичар Кирил Џајковски од 2001 година.[158]
  • „Почивај во мир“ (англиски: R.I.P.) - песна на македонскиот музичар Кирил Џајковски од 2001 година.[158]
  • „Само еден час откако ќе умреш...“ (Only an hour after you die...) - песна на македонскиот музичар Кирил Џајковски од 2001 година.[158]

Смртта како тема во филмот

Наводи

Поврзано

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица