Иван Василевски

Иван Василевскимакедонски поет, романописец и новинар.[1]

Иван Василевски
Роден10 септември 1947
Босилово
Починал28 март 2015
Струмица, Македонија Македонија
Занимањеписател и новинар

Животопис

Василевски е роден во с. Босилово, Струмичко на 10 септември 1947 година. Завршил Филолошки факултет во Скопје. Работи како новинар во Македонското радио. Член на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) од 1991 година. Во 2008 година, ја добил наградата Ацо Шопов (награда), за Утки.[2]

За поемата "Азбукословецот", на традиционалната манифестација "Прличеви беседи", во февруари 2014 година, Василевски ја добил наградата "Григор Прличев", која се доделува за најдобра поема.[3] Починал на 28 март 2015 во Струмица.[4]

Творештво

Автор е на книгите:

  • Привев во тишината (поезија, 1977),
  • Антон Хлебец (роман, 1985),
  • Црнорисци (поезија, 1990),
  • Куќа на ѕвездите (поезија, 1994)
  • Азбукословецот (поема, 2013).

Наводи