28 март

датум
<<март>>
НПВСЧПС
0102
03040506070809
10111213141516
17181920212223
24252627282930
31
2024

28 март — 87-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (88-и во престапна година). Остануваат 278 денови до крајот на годината.

Настани:

1939 Франковистичките единици под команда на генерал Монтеросо го зазедоа Мадрид. Со тоа заврши Шпанската граѓанска војна.
1996 Република Македонија и Република Никарагва воспоставиле дипломатски односи на амбасадорско ниво.
1996 Во Скопје започна со работа Македонската берза на долгорочни хартии од вредност, прв пазар на капитал во Република Македонија.

Родени:

1483 Рафаело Сантииталијански сликар, истакнат претставник на ренесансата во сликарството.
1749 Пјер Симон Лаплас — француски астроном, физичар и математичар.
1799 Карл фон Базедов — германски лекар и научник.
1800 Јохан Георг Ваглер — германски зоолог.
1824 Бранко Радичевиќ — српски поет.
1868 Алексеј Максимович Пешков — попознат како Максим Горки, руски писател.
1914 Бохумил Храбал — чешки писател.
1921 Дирк Богард — англиски глумец.
1936 Марио Варгас Љоса — перуански писател, добитник на Нобеловата награда во 2010 година.
1942 Џери Слоун — американски кошаркарски тренер.
1944 Киќо Слабинац — хрватски и југословенски пејач.
1944 Рик Бери — американски кошаркар.
1961 Бајрон Скот — американски кошаркар и тренер.
1962 Јуре Франко — словенечки и југословенски скијач.
1964 Александар Волков — украински и советски кошаркар.
1965 Срѓан Тодоровиќ — српски и југословенски глумец и музичар.
1966 Џон Акселрод — американски диригент.
1977 Раду Јуде — романски филмски режисер.
1985 Станислас Вавринка — швајцарски тенисер.
1986 Лејди Гага — американска поп-пејачка.
1987 Кајетано Сармиенто — колумбиски велосипедист.
1993 Матија Настасиќ — српски фудбалер.
1996 Бенжамен Павар — француски фудбалер.

Починале:

1811 Доситеј Обрадовиќ — српски просветител.
1941 Вирџинија Вулф — англиска писателка и есеист
1943 Сергеј Василевич Рахманинов — руски композитор, пијанист и диригент.
1969 Двајт Ајзенхауер — американски генерал и политичар.
1985 Марк Шагал — француски сликар.
2001 Властимир Николовски — македонски композитор.
2013 Борис Стрел — словенечки и југословенски скијач.


🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица