Кошаркарска федерација на Македонија

Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ) — врховно раководно тело на кошарката во Македонија. Раководи со машките и женските сениорски и младински репрезентации, како и со машките и женските сениорски и младински лиги и куп натпреварувања. Седиштето на МКФ е во Скопје.

Кошаркарска федерација на Македонија
Основана1950 (во рамки на КФЈ)
1992 (како независна федерација)
ВидНационална спортска федерација
СедиштеСкопје, Македонија
Местоул. Дебарца бр. 28,[1] Дебар Маало
ЧленствоФИБА Европа, ФИБА Свет
Службени јазициМакедонски
ПретседателПеро Антиќ
Клучни лицаТодор Гечевски
Владимир Георгиевски
Мреж. местоmkf.mk

Домашни натпреварувања

Машка конкуренција

Женска конкуренција

  • Прва лига
  • Куп на Македонија

Меѓународни натпреварувања

Машката кошаркарска репрезентација

Младински репрезентации

Репрезентации под 20 години

  • Машка репрезентација под 20 години
  • Женска репрезентација под 20 години

Репрезентации под 18 години

  • Машка репрезентација под 18 години
  • Женска репрезентација под 18 години

Репрезентации под 16 години

  • Машка репрезентација под 16 години
  • Женска репрезентација под 16 години

Раководство

Челници на КФМ

Челниците на КФМ се[2]:

  • Дејан Лекиќ - генерален секретар
  • Соња Спасовска - технички секретар
  • Врбица Стефанов - директор на сениорска репрезентација
  • Илија Мерџановски - директор на репрезентации

Управен одбор на КФМ

Управниот одбор на КФМ е во следниот состав:[2]

  • Даниел Димевски - претседател
  • Димитар Костадинов - потпретседател
  • Дарко Дарковски
  • Војо Петров
  • Роберт Блажевски
  • Емил Стојменов
  • Виктор Здравков
  • Христијан Шапкар
  • Ѓорѓи Ристов
  • Љупчо Васевски
  • Алеко Ангеловски
  • Зоран Марковски
  • Предраг Чемерикиќ
  • Љупчо Стаматовски
  • Абдураим Бајрактар
  • Милорад Славковиќ
  • Ване Соколовски - претседател на Здружение на прва лига мажи
  • Драган Христов - претседател на Здружение на втора лига мажи
  • Дарко Здравковски - претседател на Здружение на трета лига мажи
  • Михаил Апостолски - претседател на Здружение на прва лига жени
  • Владимир Огњановски - претседател на Здружение на младински лиги

Историја

Во 2009 година, името на Федерацијата било сменето од Кошаркарска федерација на Македонија во Македонска кошаркарска федерација. Тој назив го носел сè до мај 2019 година, кога бил ставен службениот назив Кошаркарска федерација на Република Северна Македонија согласно контроверзната политика на владејачките структури.

Во март 2015 дошло до судир меѓу раководството на КФМ и дел од клубовите кои формирале Иницијативен одбор за свикување вонредно собрание на КФМ на кое би се извршила смена на претседателот Даниел Димевски. Притоа, ФИБА доставила допис до Агенцијата за млади и спорт на Македонија во врска со спорот меѓу двете страни, заканувајќи се со санкции ако не се почитува процедурата за свикување собрание на КФМ.[3] Потоа, Управниот одбор на КФМ го признал правото на Иницијативниот одбор на клубовите за свикување вонредна седница на Собранието на КФМ и донел одлука да се формира заедничка комисија, составена од претстваници на двете спротивставени страни, која би нашла заедничко решение, а со цел да се избегне опасноста од казна од страна на ФИБА.[4] За надминување на кризата во македонската кошарка, претседателот на МКФ Даниел Димевски закажал изборно собрание, кое се одржало на 27 април при што тој не поднесол кандидатура за втор мандат.[5] На изборното собрание, одржано во хотелот „Александар палас“ во Скопје, за нов претседател на КФМ едногласно бил избран Петар Наумоски. Притоа, на почетокот на гласањето, како противкандидат на Наумовски бил предложен членот на управниот одбор на КФМ Абдураим Бајрактар, кој бил поддржан од 10 члена на собранието, но потоа, тој се повлекол од изборот, поради неправилности во процедурата на пријавување. По изборот, Наумоски предложил нов состав на управниот одбор на КФМ, во состав: Абдураим Бајрактар, Илија Пенов, Сашо Босилков, Сашо Дракуловски, Тони Трајков, Даниел Воиновски, Александар Свртинов, Среќко Трајковски, Ристо Јаневски, Благоја Георгиевски - Буштур, Горан Ѓорѓиевски, Пејчо Илиев - Баџо и Анатол Кутревски.[6] Со изборот на новиот претседател не завршиле превирањата во МКФ, зашто на почетокот од јуни 2015 година, генералниот секретар Дејан Јовановски поднесол оставка, по само еден месец поминат на таа функција, а покрај него си заминал и директорот на репрезентацијата Илија Мерџановски.[7] Малку подоцна, за нов спортски директор на репрезентацијата бил поставен Заре Марковски.[8]

На 31 август 2020 година, Федерацијата го сменила своето седиште од улица Македонија и се преселила на улицата Дебарца во населбата Дебар Маало.[1]

Досегашни претседатели на Кошаркарската федерација на Македонија

ПретседателГодини на мандатНавод
Ацо Петровски1950-1952
Деспот Колачевски1952-1955
Петар Божиновиќ1955-1957
Благоја Ангеловски1957-1971
Петар Димовски1971-1974
Драгољуб Лазов1974-1978
Александар Варналиев1978-1981
Васил Тупурковски1981-1982
Деспот Сотировски1982-1983
Мети Крлиу1983-1986
Милош Ѓурчиновски1986-1988
Љубомир Фишиќ1988-1990
Душан Петрески1990-1992
Благоја Самакоски1992-1993
Зоре Темелковски1993-1997
Јордан Камчев1997-1999
Горан Рафајловски1999-2001
Леонид Гајдаџиев2001-2004
Драгољуб Арсовски2004-2005
Даниел Димевски2005-2015
Петар Наумоски2015-2019
Перо Антиќ2019-[9][10]

Извор:[11]

Годишни признанија

Наводи

Надворешни врски