Перо Антиќ

македонски кошаркар


Перо Антиќ (р. 29 јули 1982 во Скопје) — македонски сегашен претседател на Кошаркарската федерација на Македонија и поранешен кошаркар и член на Македонската кошаркарска репрезентација.[1]

Перо Антиќ

Антиќ во дресот на Црвена Звезда (2017)
Антиќ во дресот на Црвена Звезда (2017)

Лични информации
Роден на29 јули 1982(1982-07-29)(41 г.)
Роден воСкопје, СФРЈ
НационалностМакедонија Македонија
Висина2,10
Тежина118
ПозицијаЦентар / Крилен центар
Информации за кариерата
Драфт2004 / Не драфтуван
Проф. кариера1999—2018
Сениорски клубови
Години:Клубови:
1999—2001
2001—2005
2005—2007
2007—2008
2008—2009
2009—2010
2010—2011
2011—2013
2013—2015
2015—2017
2017—2018
Работнички Скопје Работнички Скопје
АЕК Атина АЕК Атина
Црвена Ѕвезда Црвена Ѕвезда
Лукоил Академик Лукоил Академик
Локомотив Ростов Локомотив Ростов
Лукоил Академик Лукоил Академик
Спартак Санкт Петербург Спартак
Олимпијакос Олимпијакос
Атланта Атланта Хокс
Фенербахче Фенербахче
Црвена Ѕвезда Црвена Ѕвезда
Репрезентација
2001—2013Македонија Македонија

Тој е првиот и единствениот досега македонски кошаркар што играл во НБА-лигата, каде две години го носел дресот на Атланта хокс.

Животопис

Антиќ почнал да игра кошарка на 11-годишна возраст, заедно со неговиот брат Александар во младинските школи на "КК Работнички", како и во кадетската и јуниорската репрезентација на Македонија. На возраст од 16 години го направил своето деби во првиот тим на клубот. На 17 години, отишол на колеџ во САД.

Во април 2015 година, Антиќ заедно со својот соиграч Табо Сефолоша биле уапсени рано наутро во њујоршкиот клуб „1 ОАК“, бидејќи ја попречувале полицијата да изврши увид во инцидентот во кој кошаркарот на Индијана Пејсерс Крис Коупленд и неговата сопруга биле нападнати и расечени со нож.[2]

Професионална кариера

Домашна кариера

Својата професионална кариера, Антиќ ја започнал во "КК Работнички" од Скопје во 1999 година.

Меѓународна кариера

Од 2001 до 2005 година, Антиќ настапувал за „АЕК“ од Атина. Со овој тим во 2001 го освоил Купот на Грција, а во 2002 година, по цели 15 години, клубот станал шампион на Грција). Од 2005 до 2007 година, тој настапувал за „КК Црвена Ѕвезда“ и во 2006 година го освоил Купот на СЦГ. Потоа, кариерата ја продолжил во „КК Лукоил Академик“ од Софија, каде играл од 2007 до 2008 година. Со овој клуб, Антиќ ги освоил купот и првенството на Бугарија, а тој и во двете натпреварувања ги освоил сите награди (МВП, најдобар стрелец и најдобар скокач). Така, тој бил најкорисниот играч на сезоната 2007/2008 во Бугарија, каде имал просек од 23,3 бода и доминантни 9,3 скокови по натпревар. Од 2008 до 2010 година, Антиќ играл за „КК Локомотив“ од Ростов на Дон, а во сезоната 2010 година се вратил во „КК Лукoил Академик“ од Софија и со тој клуб пак ги освоил првенството и купот на Бугарија, а Антиќ бил прогласен за МВП). Истата година, Антиќ потпишал за „КК Спартак“ од Санкт Петербург и со негова помош, клубот по долги години го освоил Купот на Русија, а Антиќ бил прогласен за МВП.
Во 2011 година, непосредно по освојувањето на четвртото место на Евробаскетот во Литванија, Перо заминал во грчкиот клуб „Олимпијакос“ од Атина. Во 2012 година, со овој клуб, Антиќ го освоил грчкото првенство, а станал и шампион на Европа. Следната година, "Олимпијакос" по вторпат станал европски шампион. Веднаш по тоа, Антиќ, како слободен играч, потпишал договор со клубот од НБА „Атланта Хокс“, со што станал првиот Македонец кој заиграл во НБА.[3]
Летото 2015 година, Антиќ ја напуштил екипата на „Атланта“ и потпишал договор со „Фенербахче“. Според истражувањето на американскиот статистичар Марк Поркаро и турскиот новинар Ферсу Јајабејоглу, Антиќ се нашол на 32. место на најплатените кошаркари во Европа, со годишна плата од 1,2 милиони евра.[4]

Настапи во НБА

Сезона 2013-2014

Непосредно по потпишувањето за „Атланта хокс“, Антиќ не добивал можност да заигра. Својот прв настап за „Атланта“ го имал дури во ноември, на натпреварот против „Њујорк Никс“, одигран на домашен терен во „Арената Филипс“, на кој Антиќ одиграл 12 минути и 55 секунди при што постигнал 4 бода, а имал 5 скокови и 2 асистенции. Сепак, на крајот, „Атланта“ го загубила мечот со 91-95.[5]

Подоцна, по повредата на центарот на „Атланта“, Ал Хорфорд, Антиќ добивал поголема минутажа и играл сè подобро, добивајќи место во првата петорка на „Атланта“. Така, на мечот против „Индијана пејсерс“, Антиќ постигнал 16 бода, а на мечот против „Мајами хит“ и рекордни 17 бода. Најпосле, на мечот против „Орландо меџик“, одигран на гостински терен, Антиќ поминал дури 33 минути на паркетот и го забележал првиот „дабл-дабл“ во НБА, остварувајќи 10 бода, 12 скокови и една асистенција. Притоа, Антиќ ги постигнал решавачките четири бода во победата против „Орландо“ (натпреварот завршил со резултат од 112-109 за „Атланта“).[6]

Во првиот дел од сезоната, заклучно со јануари 2014 година, Антиќ покажал солидни остварувања на паркетот: од вкупно 29 настапи во лигата, во просек, постигнувал по 5,8 бода, 3,4 скокови и 1 асистенција по натпревар, а просечно играл 15,5 минути по натпревар. Само во јануари, кога заиграл во првата петорка на „Атланта“, неговиот просек изнесувал 11,4 бода, 5,9 скока и 1 асистенција по натпревар, со прецизност од 49,2% од игра, 43,2% од линијата за три бода и 78,6% од слободни фрлања. Во конкуренција на дебитантите во НБА, Антиќ бил трет најпрецизен шутер на тројки, десетти најдобар скокач и дванаесеттиот најдобар стрелец. Како резултат на одличните игри, Антиќ бил избран за настап на „ол-стар викендот“ (NBA all star weekend), во рамките на таканаречениот „предизвик на ѕвездите во подем“ (rising stars challenge), на кој настапуваат најдобрите дебитанти во НБА лигата и играчите кои втора сезона настапуваат во НБА.[7]

На почетокот на март 2014 година, по пауза од 17 натпревари, поради повреда на глуждот, Антиќ повторно заиграл за „Атланта хокс“ на гостувањето против „Портланд трејлблејзерс“. Притоа, Антиќ влегол во игра од клупата и на теренот поминал 16 минути, постигнувајќи 10 бода и 4 скокови. Во однос на прецизноста, Антиќ погодил двапати од линијата за слободни фрлања (од два обида), постигнал две тројки (од 4 обида) и еднаш погодил од поле (од еден обид). Сепак, и покрај добрата игра на Антиќ, неговиот тим бил поразен со 78:102.[8] Меѓутоа, по само неколку настапи, кон крајот на март, на натпреварот против „Минесота тимбервулфс“, по еден успешен шут за тројка, Антиќ ја нагазил ногата на својот тренер и повторно се повредил.[9]

Сезона 2014-2015

Втората сезона во НБА-лигата, Антиќ ја започнал во мечот против „Индијана Пејсерс“, кој неговиот тим го добил со 102-92. Притоа, Антиќ одиграл 20 минути и постигнал седум бода и имал еден скок и една асистенција.[10] Во следното коло, во натпреварот одигран на гости против актуелниот шампион „Сан Антонио Спарс“, тимот на Антиќ загубил со 92-94, а тој одиграл нецели 16 минути, постигнувајќи седум бода (од три обиди од игра) и имал три скока.[11] Потоа, на натпреварот против „Њујорк никс“, одигран во Атланта, Антиќ играл 17 минути при што постигнал само два бода, а имал и два скока.[12] Во осмото коло, Антиќ настапил во натпреварот против „Јута џез“ во кој неговиот тим победил со 100-97, а Антиќ одиграл 20 минути, постигнувајќи 6 бода и 5 скока.[13] Во 20. коло, на натпреварот против „Индијана“, одигран на гостински терен во Индијанаполис, тимот на „Атланта“ ја остварил седмата победа во низа (108-92), а Антиќ остварил учинок од седум бода, два скока и една асистенција, поминувајќи 15 минути на паркетот.[14] Потоа, „Атланта“ ја остварил и осмата победа по ред, совладувајќи го тимот на „Филаделфија“ со 95-79, а Антиќ играл 12 минути, постигнувајќи пет бода (од кои, една тројка).[15]

По пауза од три натпревари, поради грип, Антиќ се вратил во тимот на „Атланта“ на гостувањето против „Кливленд кавалирс“, кога „Атланта“ победила со 127-98, при што Антиќ играл 13 минути и постигнал 11 бода, а имал и четири скока и две асистенции.[16] Во јануари 2015 година, Антиќ настапил во почетната петорка на натпреварот на „Атланта“ против „Бостон селтикс“, во кој неговиот тим победил со 105-91, што претставувало десетта победа во низа. Притоа, Антиќ одиграл 24 минути и имал учинок од шест бода, пет скока, четири украдени топки и една асистенција.[17] Малку подоцна, со победата против „Индијана“ од 110-91, „Атланта“ поставила нов клупски рекорд, остварувајќи ја 14. победа по ред, во која значаен придонес имал и Антиќ, со своите 12 бода, четири скока и две асистенции, играјќи 18 минути за својот тим.[18]

Во февруари 2015 година, на домашен терен, „Атланта“ го победила тимот на „Њу Орлеанс“ со 105-96, а Антиќ постигнал девет бода и имал шест скока.[19] Во следното коло, на гостувањето против „Мемфис Гризлис“, тимот на „Атланта“ загубил со 88-94, а Антиќ играл 15 минути при што остварил учинок од два бода и два скока.[20] Потоа, „Атланта“ загубила на гостувањето против „Бостон селтикс“ со 88-89, а Антиќ имал скромен учинок од едне бод и четири скока.[21] На гостински терен, „Атланта“ го победила и тимот на „Милвоки бакс“ со 97-86, а Антиќ одиграл 13 минути при што постигнал три бода (сите од слободни фрлања) и имал три скока и една асистенција.[22] Подоцна, на натпреварот против „Далас маверикс“, во кој „Атланта“ победила со 104-87, Антиќ имал два скока и една асистенција, но не успеал да постигне кош, бидејќи бил непрецизен од трите обиди за „тројка“.[23][24]

Во март 2015 година, по повредата на коленото, Антиќ се вратил во тимот на „Атланта“ на натпреварот против „Хјустон рокетс“, во кој неговиот тим победил со 104-96, а Антиќ одиграл 12,45 минути, остварувајќи учинок од три бода, два скока и две асистенции.[25] По залечувањето на повредата на ногата, Антиќ се вратил во тимот на „Атланта“ на гостувањето кај „Денвер Нагетс“ при што неговиот тим загубил со 102-115. Антиќ играл околу 20 минути, во кои постигнал шест бода имал два скока.[26] Во натпреварот против „Голден стејт“, којшто тимот на „Атланта“ го загубил со 95-114, Антиќ одиграл речиси 20 минути, со учинок од три бода (сите од слободни фрлања), пет скока и една асистенција.[27] На гостувањето во Орландо, тимот на „Атланта“ забележал победа од 95-83, а Антиќ одиграл околу 22 минути и имал учинок од пет бода и четири скока.[28] Потоа, „Атланта“ го победила и тимот на „Милвоки“ 101-88, а Антиќ играл 15 минути, со учинок од осум погодоци и два скока.[29]

Во април 2015 година, во вториот натпревар од четврфиналната серија од разигрувањето за титулата, „Атланта“ го победила „Бруклин“ со 96-91 при што Антиќ постигнал осум бода, сите во третата четвртина, а остварил и два скока.[30] Подоцна, во четвртиот натпревар, којшто „Атланта“ го загубила со 115-120, Антиќ одиграл речиси 17 минути и имал учинок од шест бода и четири скока.[31] Во мај, во петтиот меч против „Вашингтон“, Антиќ одиграл нецели седум минути во кои постигнал четири бода, сите од слободни фрлања, а имал и три скока.[32] Во првиот натпревар од финалето во источната конференција на НБА, „Атланта“ изгубила на домашен терен од „Кливленд Кавалирс“ со 89-97, а Антиќ одиграл 10 минути при што не успеал да даде ниту еден погодок.[33]

Репрезентативни настапи

Со репрезентацијата на Македонија, на Европското првенство 2011 во Литванија, Перо Антиќ го освоил четвртото место.

Останати дела

Во летото 2017 година, Перо Антиќ станал главен акционер во кошаркарскиот клуб Гостивар 2015.[34]

Во април 2019 година, Антиќ станал кандидат за претседател на Македонската Кошаркарска Федерација.[35] Во мај таа година, тој бил избран за претседател Федерацијата откакомбил единствен кандидат на таа позиција.[36][37]

Признанија

По враќањето од Евробаскетот во Литванија, заедно со членовите на репрезентацијата, тој ја добил академската титула „Хонорис кауза“, доделена од страна на Универзитетот „ФОН“.[38]

Титули и награди

Поединечни награди

  • Најдобар кошаркар во странство за 2010 година[39][40]
  • Најдобар кошаркар во странство за 2012 година[41][42][43]
  • Најдобар кошаркар во странство за 2013 година[44][45][46]
  • Најдобар кошаркар во странство за 2014 година[47][48]
  • Најдобар кошаркар во странство за 2016 година[49][50]
  • Најдобар кошаркар за 2017 година[51][52]

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица