Месен Лист

недалечно вонгалактичко подрачје во вселената

Месен Лист — блиско вонгалактичко подрачје каде Млечниот Пат, припадниците на Месната Група и други галаксии делат слична особена брзина.[2] Ова подрачје се наоѓа во полупречник од околу 7 Мпс (23 Мсг),[3] и има дебелина од 0,46 Мпс (1,5 Мсг).[1] Галаксиите подалеку од тоа подрачје имаат изразено различни брзини.[3] Месната Група има само релативно мала особена брзина од 66 км⋅с−1 во однос на Месниот Лист. Типичната брзинска распределба на галаксиите изнесува само 40 км⋅с−1 во полупречничка насока.[2] Речиси сите недалечни сјајни галаксии му припаѓаат на Месниот Лист.[1] Тој е дел од Месната Зафатнина и е сместен во суперјатото Девица (Месно Суперјато).[4] Месниот Лист образува ѕид од галаксии кој исцртува една граница на Месната Шуплина.[5]

Месен Лист
Податоци од набљудување (епоха )
Најсјаен членМесна Група
Голема полуоска17 Мсг (5 Мпс) [1]
Мала полуоска1,5 Мсг (0,5 Мпс) [1]
Црвено поместување0.00
Оддалеченост
(содружна)
0 Мсг (0 Мпс)

Значителна составница на средната брзина на галаксиите во Месниот Лист е производ на гравитациското привлекување на галактичкото јато Девица, што прави особено движење од ~185 км⋅с−1 кон јатото.[2] Втора составница е насочена вон средиштето на Месната Шуплина — просторно подрачје сиромашно со галаксии кое се шири и има тековна големина од 45 Мпс (150 Мсг).[3] Оваа составница има брзина од 259 км⋅с−1.[2] Месниот Лист е наклонет 8° од Месно Суперјато (Девица).[4]

Таканаречениот Совет на Џинови е прстен од дванаесет големи галаксии кои ја обиколуваат Месната Група во Месниот Лист и има полупречник од 3,75 Мпс (12,2 Мсг).[4] Десет од нив се спирални, а останатите две се елиптични. Елиптичните (Мафеи 1 и Кентаур A) се наоѓаат на спротивните страни од Месната Група.

Галаксии во „Советот на Џинови“[4]
ОзнакаИмеСоѕвездиеОддалеченост (Мсг)Ѕвездена маса *
NGC 253ВајарВајар1110,805
PGC 9892Мафеи 1Касиопеја1110,928
PGC 10217Мафеи 2Касиопеја1110,493
IC 342Колдвел 5Жирафа1110,302
NGC 3031M 81Голема Мечка1210,905
NGC 3034M 82Голема Мечка1110,573
NGC 4736M 94Ловечки Кучиња1510,458
NGC 4826M 64Береникина Коса1610,496
NGC 5236M 83Водна Змија1610,642
NGC 5128Кентаур AКентаур1111,169
NGC 4945Колдвел 83Кентаур1210,528
ESO 97-G13ШестарШестар1410,559

* Масата е наведена како логаритам на масата во сончеви маси.

Поврзано

  • Месна Шуплина
  • Супергалактички координатен систем

Наводи