Млечен Пат
Млечен Пат (народен назив: Кумова Слама) — спирална галаксија која припаѓа на месната група на галаксии во нашата вселена. Иако Млечниот Пат е само една од милијардата галаксии кои постојат во познатиот универзум, галаксијата е од особено значење на човештвото ако матична на нашиот Сончев Систем.
Кумова Слама / Попова Слама | |
Инфрацрвена слика на јадрото на галаксијата Млечен Пат | |
Податоци од набљудување | |
---|---|
Тип | Sb, Sbc или SB(rs)bc[1][2] (пречкеста спирална галаксија) |
Пречник | 150–200 исг (46–61 кпс) |
Дебелина на ѕвезд. диск | ≈ 2 исг (0,6 кпс)[3][4] |
Број на ѕвезди | 100–400 милијарди [(1–4)×1011][5] |
Маса | 0,8–1,5×1012 M☉[6][7][8][9] |
Момент на импулсот | ≈1⋅1067 J s[10] |
Оддал. на Сонцето од галактичкото Средиште | 26,4 ± 1,0 исг [11][12][13] |
Галактичка обиколка на Сонцето | 240 мг[14] |
Свртување на спиралата | 220–360 мг[15] |
Свртување на пречката | 100–120 мг[15] |
Брзина во однос на мирувачката рамка на КПЗ | 631 ± 20 км/с[16] |
Ослобод. брзина во Сончевата положба | 550 км/с[9] |
Густина на темната материја во Сончевата положба | 0,0088+0,0024 −0,0018 M☉pc−3 или 0.35+0,08−0,07 GeV cm−3[9] |
Поимот „Млечен“ потекнува од лелеавата бела светлика која се простира над Земјината атмосфера, видлива од Земјата. Светлината е создадена од сјајот на сите ѕвезди во оваа галаксија, која е најсветла во делот каде што е соѕвездието – Стрелец, кон Галактичкото Средиште.
Главниот диск на галаксијата е широк меѓу 80.000 и 100.000 светлосни години во пречник, и околу 1000 светлосни години во дебелина. Се претпоставува дека галаксијата Млечен Пат содржи меѓу 200 и 400 милијарда ѕвезди. Во средината на „Млечниот Пат“ има супермасивна црна дупка која што се вика „Стрелец А*“.
Старост
Староста на галаксијата се претпоставува дека е 13,6 милијарда години, или врсник на нашата вселена. Овие бројки се засноваат врз истражувања во 2004, кои ги спроведе тим на реномирани астрономи.
Местото на нашето Сонце
Сонцето, а со тоа и Земјата и Сончевиот Систем, се наоѓа во близината на надворешниот крак наречен Орионов Крак, на оддалеченост од 7,94 ±0,42 парсеци од Галактичкото Средиште. Далечината меѓу Орионовиот и Персеевиот Крак која е следна изнесува 6.500 светлосни години.
На Сонцето му се потребни меѓу 225-250 милиони години да заврши една обиколка околу галактичкото јадро. Орбиталната брзина на сончевиот Систем е околу 217 км2.
Иднината на Млечниот Пат
Најновите истражувања покажуваат дека галаксијата Андромеда се приближува до галаксијата Млечен Пат со брзина од 300 км/с. Според ова истражување двете галаксии ќе се судрат за отприлика 3-4 милијарда години. Доколку ова се случи се претпоставува дека нашето Сонце и другите ѕвезди нема да се судрат меѓусебно, туку ќе се спојат за да формираат елиптична галаксија чие формирање ќе трае околу милијарда години.
Народни верувања во Македонија
Летно време, по средината на целото небо се гледа белузлавата лента на нашата галаксија Млечен Пат. Кај народот таа лента има две имиња: Кумова Слама и Попова Слама, од кои второто најверојатно е постаро народно име. Според преданијата, на небото е отсликана кражбата на слама на некој поп (или кум) од кумашинот.[17]
Како тема во уметноста и во популарната култура
- „На Млечниот Пат“ — филм на режисерот Емир Кустурица.[18]
- „Млечен Пат“ (англиски: Milky Way) — песна на американската група Бордомс (Boredoms) од 1990 година.[19]
- „Млечен Пат“ (англиски: Milky Way) — композиција на американската џез-група Weather Report од 1971 година.[20]
- „Под Млечниот Пат“ (англиски: Under the Milky Way) — песна на австралиската рок-група The Church од 1988 година.[21]
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
- Написи за Млечниот Пат — Македонско астрономско друштво (македонски)
- НМ (25 април 2018). „Направена тридимензионална мапа на Млечниот Пат“. Нова Македонија. (македонски)
- Стојановска, Невенка (1 август 2018). „Колку тежи Млечниот Пат“. Емитер. (македонски)
- „Уникатно откритие за Млечниот Пат го објаснува феноменот "Големата привлечност"!“. Ексклузив. февруари 2017. Архивирано од изворникот на 2019-07-25. (македонски)
- Анимирана прошетка низ Млечниот Пат Архивирано на 12 јуни 2013 г. — Универзитет на Јужен Велс (англиски)
- Млечен Пат — 3Д карта
- Млечен Пат — широк поглед од 9 милијарди пиксели.