НБА сезона 2009-2010

(Пренасочено од НБА сезона 2009-10)

Сезоната 2009-2010 во НБА лигата била 64-тото издание на НБА првенството. Сезоната е завршена со победа на Лос Анџелес Лејкерс, кој го поразиле Бостон Селтикс со 4-3 во НБА финалето.

НБА 2009-2010
Детали за натпреварувањето
Спорт Кошарка
ОрганизаторНБА
Периодод: 27 октомври 2009
до: 17 јуни 2010
Екипи30 (во 6 групи)
Титули
МВПЛеброн Џејмс
Најдобар тренерСкот Брукс
Најдобар стрелецКевин Дурант
МВП на финалетоКоби Брајант
следна →     ← претходна

Регуларниот дел од сезона, започнал во вторник 27 октомври 2009, а завршил во среда 14 април 2010. Секој од 30-те екипи, одиграл по 82 натпревари. НБА Плејофот започнал на 17 април, а завршил на 17 јуни.

НБА Драфтот 2009 се одржа на 25 јуни 2009, а прв пик бил Блејк Грифин, драфтуван од ЛА Клиpерс.[1] Далас Маверикс биле домаќини на 59-тиот Ол-Стар натпревар во Каубој Стадионот во Арлингтон, Тексас на 14 февруари 2010.[2]

За вторпат во историјата на НБА плеј-офот, сите осум тимови од Западната Конференција имале 50 или повеќе победи, а разликата помеѓу #1 носител и #8 носител во Западната Конференција била само 7 победи. Двата настани се случиле за првпат во 2008.

Најдобар скор имале Кливленд Кавалиерс со 61 победа, но ова и воедно било најнискиот најдобар рекорд во една НБА сезона после Индијана Пејсерс, која исто така победила во 61 натпревар во сезоната 2003-2004.[3]

Екипи учеснички

НБА Драфт

= Ол-Стар
ПикИграчНац.Екипа НБАКолеџ/екс екипа
1Блејк Грифин (КЦ) САДЛос Анџелес КлиперсОклахома
2Хашим Табит (Ц) ТанзанијаМемфис ГризлисКонектикат
3Џејмс Харден (Б) САДОклахома Сити ТандерАризона Стејт
4Тајрик Еванс (Б) САДСакраменто КингсМемфис
5Рики Рубио (П) ШпанијаМинесота Тимбервулфс (преку Вашингтон)ДКВ Ховентут (Шпанија)
6Џони Флин (П) САДМинесота ТимбервулфсСиракјуз
7Стефен Кари (П) САДГолден Стејт ВориорсДејвидсон
8Џордан Хил (КЦ) САДЊујорк НиксАризона
9ДеМар ДеРоузан (Б) САДТоронто РепторсУСЦ
10Брендон Џенингс (П) САДМилвоки БаксЛотоматика Рома (Италија)

Трансфери

Главни трансфери:
Размени:

  • Милвоки го заменија форвардот Ричард Џеферсон за форвардите Брус Боуен, Курт Томас и Фабрисио Оберто од Сан Антонио.[4]
  • Минесота Тимбервулфс ги заменија штитниците Ренди Фој и Мајк Милер за форвардите Етан Томас, Дариус Сонгаила, Олексеј Печеров и 5. пик во 2009, кој подоцна беше Рики Рубио од Вашингтон.[5]
  • Феникс го заменија центарот Шекил О’Нил за гардот Саша Павлович, центарот Бен Валас
    од Кливленд , иден пик во втората рунда од драфтот и пари.[6]
  • Њу Џерси го заменија гардот Винс Картер и форвардот Рајан Андерсон
    за градовите Рафер Алстон и Кортни Ли и центарот Тони Бати од Орландо.[7]
  • Орландо, Далас, Мемфис и Торонто се согласија на размени на 8 играчи помеѓу 4те тима, кој ги испрати Шон Мерион во Далас, а Хидо Туркоглу во Торонто.[8]
  • Шарлот го замени центарот Емека Окафор за центарот Тајсон Чандлер од Њу Орлеанс.[9]

Потпишувања:[10][11]

Обновувања на договорите:[10][11]

  • Атланта Хокс ги обновија договорте со слободните играчи Мајк Биби и Заза Пакулиа и форвардот Марвин Вилијамс.
  • Бостон Селтикс го обнови договорот со Глен Дејвис.
  • Шарлот Бобкетс го обнови догоророт со Рејмонд Фелтон.
  • Кливленд Кавалиерс го обновија договорот со центарот-форвардот Андерсон Варежао.
  • Далас Маверикс го обнови договорот со гардот Џејсон Кид.
  • Денвер Нагетс го обновија договорот со форвардот Крис Андерсен.
  • Лос Анџелес Лејкерс ги обновија договорите со гардот Коби Брајант и форвардот Ламар Одом.
  • Мајами Хитс го обновија договорот со центарот Џамал Маглур
  • Њујорк Никс ги обновија договорите со центарот-форвардот Дејвид Ли и гардот Нејт Робинсон.
  • Феникс Санс го обновија договорот со гардот-форвардот Грант Хил.
  • Торонто Рапторс го обновија договорот со центарот-форвардот Андреа Баргнани .
  • Лос Анџелес Клиперс го обновија договорот со гардот Рики Дејвис.
  • Јута Џез ги обновија договорот со слободние играчи Кајл Корвер, Мехмет Окур и Карлос Бузер и гардот-форвардот Паул Милсап.
  • Орландо Меџик го обновија договорот со центарот Марцин Готрат.

Промени на тренерот

Промени на тренерот
Претсезонски
Тимтренер 2008–2009тренер 2009–2010
Вашингтон ВизардсЕд ТрапскотФлип Саундерс
Сакраменто КингсКени НатПол Вестфал
Филаделфија СевентисиксерсТони ДиЛеоЕди Џордан
Минесота ТимбервулфсКевинМекХејлКурт Рамбис
Детроит ПистонсМајкл КериЏон Кустер
Сезонски
ТимПретходен тренерНов тренер
Њу Орлеанс ХорнетсБајрон СкотЏеф Боуер
Њу Џерси НетсЛоренс ФранкТом Барис
Том БарисКики Вандевеге
Лос Анџелес КлиперсМајк ДанливиКим Хјуз

Претсезонски

  • На 22 април 2009, Вашингтон Визардс го ангажираа Флип Саундерс за главен тренер.[12]
  • На 23 април 2009, Сакраменто Кингс го отпуштија тренерот Кени Нат и други 4 асистенти поради слабиот сезонски учинок од само 17 победи.[13]
  • На 11 мај 2009, тренрот на Филаделфија Севентисиксерс, Тони ДиЛео поднесе оставка од местото тренер на клубот поради приватни причини. ДиЛео ги задржа своите стари позиции како Асистент на Генералниот Менаџер и Вице-претседател.[14]
  • На 1 јуни 2009, Филаделфија Севентисиксерс го ангажираа Еди Џордан за тренер.[15]
  • На 9 јуни 2009, Сакраменто Кингс го ангажираа Пол Вестфал за тренер.[16]
  • На 17 јуни 2009, Минесота Тимбервулфс го отпуштија тренерот Кевин МекХејл,кој седеше на клупата 15 години.[17]
  • На 30 јуни 2009, Детроит Пистонс го отпуштија тренерот Мајкл Кери, кој се наоѓаше на таа позиција само една сезона.[18]
  • На 9 јули 2009, Детроит Пистонс го ангажираа помошниот тренер на Кавалиерс, Џон Кастер за тренер.[19]
  • На 10 август 2009, Минесота Тимбервулфс го ангажираа помошниот тренер на Лејкерс, Курт Рамбис за тренер.[20]

Сезонски

  • На 12 ноември, Њу Орлеанс Хорнетс го отпуштија Бајрон Скот како тренер, заменувајчи го со генералниот менаџер Јеф Боуер.[21]
  • На 29 ноември, Њу Џерси Нетс го отпуштија Лоренс Франк како тренер , итно заменувајќи го со тренерот асистент Том Барис.[22]
  • На 1 декември, Њу Џерси НЕтс го назнација генералниот менаџер Кики Вандевеге како тренер, заменувајќи го Том Барис, кој го водеше тимот само 2 натпревари после отпуштањето на Лоренс Франк.[23]
  • На 4 февруари, тренерот на Лос Анџелес Клиперс Мајк Данливи се откажа од тренерските должности. Тој беше назначен за генерален менаџер на тимот(подоцна отпуштен на 9 март). Тренерот асистент Ким Хјуз беше итно назначен за тренер.[24]

Важни настани

Јуни

Јули

  • На 7 јули, НБА изјави дека салари капот за оваа сезона же биде $57.70 милиони и ќе стапи насила од 8 јули.[26]

септември

  • На 1 септември, пет годишниот договор помеѓу НБА и судиите истече. Двете страни не постигнаа договор за пред-сезоната, резултирајќи со заклучување на НБРА (Национална Кошаркарска Судиска Асоцијација) кое започна на 18 семтември.[27][28]
  • На 5 семтември, трипати НБА првакот Брус Боуен се пензиниран после 12 сезони во НБА, на возраст од 38.[29]
  • На 11 семтември, ко-сопственикот на Шарлот Бобкетс, Вилијам Бек почина во авионска несреќа, на возрасѕт од 49.[30]
  • На 11 семтември, НБА легендите Мајкл Џордан, Џон Стоктон и Дејвид Робинсон заедно со тренерот на Јута Џез, Џери Слоан беа претставени во Кошаркарската Хала на Славните.[31]
  • На 16 септември, ко-сопственикот на Индијана Пејсерс, Мелвин Сајмон почина на возраст од 82 години.[32]
  • На 24 семтември, Микаел Прокхоров, најбогатиот Русин, според Форбс, постигна договор да стане главен сопственик на Нетси и да ја финансира речиси половина од изградбата на новата арена на Нетс.[33]
  • На 30 септември, НБА издаде наредба Твитер и други социјални сајтови да забранат играчите, тренерите и другиот кошаркарски персонал да ги користат за време на натпреварите..[34]

октомври

  • На 1 октомври, пред-сезоната започна, а судиите беа заменети со судиите од Женската НБА и од младинската НБА поради заклучувањето на НБРА.[35] Ова се забележа по првпат после сезоната 1995-96.[36]
  • На 2 октомври, Одборот на гувернери од НБА дозволи пораширена употреба на забавени снимки, започнувајжи оваа сезона за да се забранат оштетувања во врска со дозволените 24 секунди за шут за време на натпреварите, и да се утврди, за време на двете последните минути и продолженијата, дали играчот ја допрел топката, пред да излезе надвор од теренот.[37]
  • на 8 октомври, НБА ја изигра својот прв натпревар во Тајпеј. Пред-сезонскиот натпревар помеѓу Индијана Пејсерс и Денвер Нагетс беше изигран во Тајпеј Арената. Тајпеј стана седмиот азиски град, кој е домаќин на НБА натпревар, после Пекинг, Гангџоу, Макао, Шангај, Токио и Јокохама.[38][39]
  • На 9 октомври, Марвин Фишман, еден од првичните сопственици на Милвоки Бакс, почина на 84 години.[40]
  • На 23 октомври, НБА и судиите изјавија дека потпишале двегодишен договор за следните 2 сезони, со што заврши заклучувањето на НБРА.[41][42]
  • На 27 октомври, регуларната сезона започна со рекордни 83 интернационалци на воведната ноќ, изеднувајќи го рекордот од 2006-07. Израелецот Омри Каспи, швеѓанецот Џонас Џеребко и танзаниецот Хашим Табит ги претставуваа нивните држави за првпат во НБА.[43] На отворачката ноќ беше поставен друг рекорд, каде што во тимовите имаше со поранешни 63 поранешни играчи од НБА младинската лига во 29 НБА тимови.[44]

ноември

  • На 10 ноември, тренерот Ал Церви од Хала на славните почина на 92 години.[45]
  • На 24 ноември, сопственикот на Вашингтон Визардс, Абе Полин почина на 85 години.[46]
  • На 25 ноември, десет пати учесникот на Ол-Стар, Ален Ајверсон изјави дека ќе се пензионира. Тој претходно беше отпуштен од Мемфис Гризлис на 19 ноември, откако изигра само 3 натпревари со Гризлите..[47][48]

декември

  • На 2 декември, Ален Ајверсон се врати од неговата пензија и се согласи да игра за Филаделфија Севентисиксерс, тимот каде што го направи своето деби пред 13 години.[49]

јануари

  • На 6 јануари, гардот на Вашингтон Визардс Џилберт Аренас беше суспендиран на неодредено време сè до понатамошни истраги поради недозволено носење на оружје во соблекувајната на Визардс. Репортерите изјавија дека Аренас носел оружје порад расправите со соиграчот Џаравис Критентон завреме на коцкање.[50] Аренас подоцна беше обвинет за носење оружје без лиценца и подоцна беше парично казнет.[51][52]
  • На 9 јануари, гардот на Детроит Пистонс, Бен Гордон го постигна 10 милионитот кош во историјата на НБА.[53]
  • На 27 јануари, НБА го суспендира гардот на Вашингтон Визардс Џилберт Аренас и Џаварис Критентон за остатокот од сезоната. Двајцата Аренас и Критентон носеа оружје во соблекувајната на Визардс во Веризон Центарот, казната за двајцата е донесена според правилата на лигата и на градот за забрането поседување оружје без дозвола. Пред неколку дена, Критентон беше обвинет за поседување на оружје без лиценца.[54]

февруари

  • На 3 февруару, Дик МекГуир од Халата на Славните почина од природни причини на 84 години.[55]

2010 НБА Ол-Стар пауза
2010 НБА Ол-Старот се одржа во Каубој Стадинот, во Тексас, на 14 февруари 2010, каде Истокот побееди со минимална разлика, 141-139, а играчот на Мајами Хит, Двејн Вејд беше назначен за МВП. На натпреварот имаше најголема посетеност на сите времиња од 108,713 гледачи. За време на НБА Ол-Старот Викендот, Нејт Робинсон од Њујорк Никс го освои натпреварот во забивањеза третпат во неговата кариера; Кевин Дурант, го освои воведниот натпревар, победувајжи го НБА H–O–R–S–E натпреварувањето; Пол Пирс од Бостон Селтикс го победи Стефен Кари во тајбрејкот за да го освои натпреварот во тројки. Стив Неш го освои натпреварот во вештини.


  • На 27 февруари, пет пати Ол-старот Карл Браун почина од природни причини на 82 години.[56]
  • На 27 февруари, Мајкл Џордан постигна договор за да стане главен сопственик на Бобкетс. Џорданбеше ко-сопственик на Бобкетс со одлуката во 2006.[57]

Март

  • На 9 март, Мајк Данливи беше отпуштен од местото Генерален Менаџер на Клиперс.[58]
  • На 13 март, Вашингтон Визардс станаа првиот тим по 10 години кој изиграл 3 натпревари во три последователни ноќи. Овој распоред беше предизвикан од февруарската снежна виулица, поради која натпреварот со Атланта Хокс се презакажа.[59]

април

  • На 5 април, Кошаркарската Хала на Славните објави дека во 2010 во своите редови ќе ги прими поранешните играчи на НБА, Денис Џонсон, Гас Џонсон, Карл Мелоун и Скоти Пипен на церемонијта која ќе се одржи на 13 август. Сопственикот на Лос Анџелес Лејкер, Џери Бас беше примен помеѓу соработниците во Кошаркарската Хала на Славните. Национален кошаркарски тим на САД, кој освои златен медал на 1992 Летни олимписки игри беше примен во Кошаркарската Хала на Славните во категоријата Тимови. Тимот именуван "Дрим Тим", беше првиот тим составен од НБА игачи. Пред промената на правилата во ФИБА во 1989, НБА играчите немаа дозвола да играат на меѓународни кошаркарски турнири [60]
  • На 12 април, Њу Џерси Нетс го изиграа последниот нивни натпревар во Изод Центарот, каде што изгубија со 105–95 од Шарлот Бобкетс. Нетси, кои од 1981 играа во Изод Центарот сега ќе треба да се преселат во Пруденшл Центарот во следните 2 сезони, сè до нивното конечно преселување во Барклајс Центарот во Бруклин, Њујорк во 2012.[61]
  • На 14 април, Орландо Меџик го изиграа својот последен натпревар во Емвеј Арената, на кој победи со 125–111, против Филаделфија Севентисиксерс. Магичните, кои играаво Емвеј Арената од нивната прв сезона во НБА, ќе се преместат во Емвеј Центарот во следната сезона .[62]

Подобрени рекорди

Поединечни

  • 27 октомври: НБА рекорд. Форвардот на Кливленд Кавалиерс, ЛеБрон Џејмс стана најмладиот играч, кој постигнал 13,000 бода во кариерата.[63]
  • 6 ноември: НБА рекорд. Гардот на Лос Анџелес Лејкерс, Коби Брајант стана најмладиот играч, кој постигнал 24,000 бода во кариерата.[64]
  • 14 ноември: НБА рекорд. Рукито на Милвоки Бакс, Брендон Џенингс постигн 55 бода, подобрувајќи го рекордот на Бакс, за најмногу бодови постигнати од руки, поставен од Карим Абдул-Џабар на 21 февруари 1970 за 4 бода. Тој исто така стана најмладиот играч во НБА кој постигнал над 50 коша во еден натпревар. Тој само за 2 бода не го подобри тимскиот рекорд за бодови, поставен од Мајкл Рид на 11 ноември 2006. Тој исто така за 3 бода не го подобри лига рекордот за најмногу бодови од руки, поставен дав пати од Вилт Чембрлент..[65][66]
  • 25 ноември: НБА рекорд. Гардот на Далас Маверикс, Џејсон Кид стана втор најдобар асистент на сите времиња во НБА. Кид направи 7 асистенции за да има вкупно 10 337 асистенции, престигнувајжи го Марк Џексон, кој има 10 334.[67]
  • 2 декември: Тимски рекорд на Кливленд Кавалиерс. Центарот Жидринас Иглаускас го изигра својот 724-ти натпревар со Кавалиерс за да го постави тимскиот рекод за најмногу изиграни натпревари. Тој го подобри минатиот рекорд од 723, кој го дрќеше Дени Фери.[68]
  • 2 јануари: Тимски рекорд на Оклахома Сити Тандер. Форвардот Кевин Дјурант постигна повеќе од 30 коша во седум последователни натпревари, подобрувајќи го тимскиот рекорд, поставен од Спенсер Хејвуд во јануари 1972.[69][70]
  • 2 јануари: НБА рекорд. Форвардот на Кливленд Кавалиерс, ЛеБрон Џејмс стана најмладиот играч, кој постигнал 14,000 бода во кариерата.[71]
  • 3 јануари: Тимски рекорд на Торонто Рапторс. Форвардот Крис Бош стана водач во најмногу бодови кај Раптор, престигнувајќи го Винс Картер, кој имаше 9 420 бода. Бош постигна 22 коша за да има вкупно 9 429 бода[72]
  • 13 јануари: НБА рекорд. Форвардот на Далас Маверикс, Дирк Новицки стана првиот Европеец, кој постигнал 20 000 бода во кариерата.[73][74]
  • 13 јануари: Тимски рекорд на Минесота Тимбервулфс. Центарот Ал Џеферсон постави тимски рекорд во најмногу скока во еден меч во поразот од Хјустон после 3 продолженија.[75]
  • 16 јануари: Тимски рекорд на Мајами Хит. Гардот Двејн Вејд стана водач во асистенции кај Хит, престигнувајжи го Тим Хардавеј, кој има 2867 асистенции.[76]
  • 21 јануари: НБА рекорд. Гардот на Лос Анџелес Лејкерс, Коби Брајант стана најмладиот играч, кој постигнал 25,000 бода во кариерата.[77]
  • 1 февруари: Тимски рекорд на Лос Анџелес Лејкерс. Гардот Коби Брајант стана водач во најмногу коша кај Лејкерси, престигнувајќи го Џери Смит, кој има 25 192 бода.[78] Брајант постигна 44 коша за да има вкупно 25 209 бода и да стане 14 на листата со најмногу бодови во кариерата.[79]
  • 2 февруари: НБА рекорд. Форвардот на Атланта Хокс, Џош Смит стана најмладиот играч, кој направил 1 000 блокади во кариерата.[80]
  • 26 февруари: Тимски рекорд на Орландо Меџик. Центарот Двајт Хауард забележа 20 последователни дабл-дабл учиноци, подобрувајќи го рекордот од 19, поставен од Шекил О’Нил.[81][82]
  • 5 март: Тимски рекорд на Кливленд Кавалиерс. Форвардот ЛеБрон Џејмс стана тимски водач на сите времиња во најмногу изиграни минути со 21 573 во натпреварот против Детроит Пистонс, surpassing previous franchise leader Žydrūnas Ilgauskas.[83]
  • 12 март: Тимски рекорд на Оклахома Сити Тандер. Форвардот Кевин Дјурант на 36 натпревари оваа сезона постигна 30 или повеќе коша, подобрувајќи го тимскиот рекорд ос Спенсер Хејвуд, поставен во 1972-73 НБА сезоната.[84]
  • 17 март: Тимски рекорд на Торонто Рапторс. Форвардот Крис Бош стана првиот од Рапторси кој постигнал 10 000 бода.[85]
  • 19 март: НБА рекорд. Форвардот на Кливленд Кавалиерс, ЛеБрон Џејмс стана најмладиот играч, кој постигнал 15,000 бода во кариерата.[86]
  • 26 март: Тимски рекорди на Бостон Селтикс. Гардот Рајан Рондо постави тимски рекорд на сите времиња во украдени топки во една сезона, преминувајќи го Рик Фокс. Пол Пирс постави тимски рекорд на сите времиња во погодени слободни фрлања, преминуваќи го Џон Хавличек.[87]

Тимски

  • 2 декември: Најлош старт без победа. Њу Џерси Нетс не успеаа да ја прекинат нивната серија од 18 порази од почетокот на сезоната. Со ова направија рекорд на сите времиња со најлош старт без победа. Нетс го подобрија стариот рекорд од 17 натпреври, поставен од Мајами во 1988-89, во нивната прва сезона во НБА и од Лос Анџелес Клиперс во 1998-99, вбројувајжи го и после отклучувањето на НБА.[88]
  • 17 декември: Најмногу обиди за тројка во едно полувреме. Њујорк Никс направија 29 обиди за тројка во првото полувреме во натпреварот против Чикаго Булс, поставувајќи нов НБА рекорд за најмногу обиди за тројка во едно полувреме.[89]
  • 21 декември: Победа после најголема негатива. Сакраменто Кингс успаа да ги победат Чикаго Булс после негативата од 35 бода. Ова е победа после втората најголема негатива во историјата на НБА. Резултатот беше Сакраменто 44, Чикааго 78 со останати 8:50 во третата четвртина, каде Кингс со серија од 58-19 успеаа да победат во регуларниот тек на натпреварот. Конечниот резултат беше Сакраменто 102, Чикаго 98. НБа рекордот за ова е поставен на 27 ноември 1996, кога Јутља Џез ги победија Денвер Нагетс после 36 бода негатива во регуларниот тек на натпреварот со резултат Јута 107, Денвер 103. Џез тоа го направијана домашен терен, а додека Кингс на гостински терен.[90]
  • 23 декември: Најмалку бодови постигнати во продолжение. Сакраменто Кингс не успеаа да постигнат кош во продолжението во мечот против Кливленд Кавалиерс, станувајќи деветтиот тим во историјата на НБА, кој не постигнал кош во продолжението.[се бара извор]
  • 28 декември: Најлош старт после 30 натпревари од сезоната. Њу Џерси Нетс станаа шестиот тим во историјата на НБА кој изгубил 28 меча од 30 натпревари, придружувајќи му се на 1970-71 Кливленд Кавалиерс, 1992–93 Далас Маверикс , 1993–94 Далас Маверикс, 1997–98 Денвер Нагетс, and 2004–05 Њу Орлеанс Хорнетс.[91]
  • 13 јануари: Првиот тим кој направил 3 000 победи. Лос Анџелес Лејкерс ги победија Далас Маверикс во Далас за да ја направат нивната 3 000-та победа во регуларните сезони. Лејкерс станаа првата екипа која има 3 000 бода во нејзиното постоење.[92]
  • 23 јануари: Најлош старт со 3 победи. Њу Џерси Нетс станаа третиот тим во историјата на НБА, кој изгубил 40 од 43 натпревари, изедначувајќи се со Далас Маверикс во 1993-94 и Денвер Нагетс во 1997-98.[се бара извор]
  • 24 јануари: Победа со најголема разлика во тимската историја. Далас Маверикс ги победија Њујорк Никс со 128–78 во Медисон Сквер Гарден. Разликата од 50 бода е најгома разлика во тимската историја. За Никс ова е најлош домашен, а втор најлош пораз во тимската историја.[93][94]
  • 31 јануари: Најмногу тројки во една четвртина. Кливленд Кавалиерс постигнаа 11 тројки во првата четвртина во натпреварот против Лос Анџелес Клиперс. Со тоа го изедначија НБА рекордот, поставен од Милвоки Бакс против Феникс Санс на 28 март 2006.
  • 6 февруари: Најлош старт после 50 натпревари од сезоната. Њу Џерси Нетс станаа третиот тим во историјата на НБА кој изгубил 46 од 50 натпревари, придружувајќи им се на 1972-73 Филаделфија Севентисиксерс и 1992–93 Далас Маверикс.
  • 6 март: Најмногу обиди за 3 бода без да се погоди ниеден. Њујорк Никс се обидеа 18 пати за 3 бода без да се погоди ниедна во натпреварот против Њу Џерси Нетс. Со ова го надминаа лигашкиот рекорд од 16 поставен од Вашингтон Визардс на 2 ноември 2007.[95]
  • 22 март: Најлош старт после 70 натпревари. Њу Џерси Нетс станаа вториот тим во историјата на НБА кој изгубил 63 од првите 70 натпревари, приклучувајќи му се Далас Мавериск во 1992-93.

Завршна табела во регуларниот дел од сезоната

Источна конференција

Атлантска дивизија

НПИ%GB
1. Бостон Селтикс (4)82503261,0-
2. Торонто Репторс82404248,810
3. Њујорк Никс82295335,421
4. Филаделфија 76ерс82275532,923
5. Њу Џерси Нетс82127014,638

Централна дивизија

НПИ%GB
1. Кливленд Кавалирс (1)82612174,4-
2. Милвоки Бакс (6)82463656,115
3. Чикаго Булс (8)82414150,020
4. Индијана Пејсерс82325039,029
5. Детроит Пистонс82275532,934

Југоисточна дивизија

GVP%GB
1. Орландо Меџик (2)82592372,0-
2. Атланта Хокс (3)82532964,66
3. Мајами Хит (5)82473557,312
4. Шарлот Бобкетс (7)82443853,715
5. Вашингтон Визардс82265631,733

Западна конференција

Северозападна дивизија

НПИ%GB
1. Денвер Нагетс (4)82532964,6-
2. Јута Џез (5)82532964,6-
3. Портланд Т. Блејзерс (6)82503261,03
4. Оклахома Тандер (8)82503261,03
5. Минесота Тимбервулфс82156718,338

Тихоокеанска дивизија

НПИ%GB
1. Л.А. Лејкерс (1)82572569,5-
2. Финикс Санс (3)82542865,93
3. Л.А. Клиперс82295335,428
4. Голден Ст. Вориорс82265631,731
5. Сакраменто Кингс82255730,532

Југозападна дивизија

НПИ%GB
1. Далас Маверикс (2)82552767,1-
2. Сан Антонио Спарс (7)82503261,05
3. Хјустон Рокетс82424051,213
4. Мемфис Гризлис82404248,815
5. Њу Орлеанс Хорнетс82374545,118

Плејоф

 Прво колоПолуфинале на конференцијаФинале на конференцијаНБА финале
                   
1  Кливленд Кавалирс4 
8  Чикаго Булс1 
 1  Кливленд Кавалирс2 
 4  Бостон Селтикс4 
4  Бостон Селтикс4
5  Мајами Хит1 
 4  Бостон Селтикс4 
Источна конференција
 2  Орландо Меџик2 
3  Атланта Хокс4 
6  Милвоки Бакс3 
 3  Атланта Хокс0
 2  Орландо Меџик4 
2  Орландо Меџик4
7  Шарлот Бобкетс0 
 E4  Бостон Селтикс3
 W1  Л.А. Лејкерс4
1  Л.А. Лејкерс4 
8  Оклахома Тандер2 
 1  Л.А. Лејкерс4
 5  Јута Џез0 
4  Денвер Нагетс2
5  Јута Џез4 
 1  Л.А. Лејкерс4
Западна конференција
 3  Финикс Санс2 
3  Финикс Санс4 
6  Портланд Т. Блејзерс2 
 3  Финикс Санс4
 7  Сан Антонио Спарс0 
2  Далас Маверикс2
7  Сан Антонио Спарс4 

Екипа победник

Првак на НБА 2009-2010



Лос Анџелес Лејкерс
(16º титула)

Статистикa

Последно обновено на 7 април. Извор: [1]

КатегоријаИграчТимСтат
Бодови по натпреварЛеБрон ЏејмсКливленд Кавалиерс29.9
Скокови по натпреварДвајт ХауардОрландо Меџик13.3
Асистенции по натпреварСтив НешФеникс Санс11.0
Иградени топки по натпреварРајан РондоБостон Селтикс2.39
Блокови по натпреварДвајт ХауардОрландо Меџик2.8
Процент на бодови од играКендрик ПеркинсБостон Селтикс.606
Процент за 3 бодаКајл КорверЈута Џез.550
Процент за слободни фрлањаСтив НешФеникс Санс.934

Награди

Играчи на неделата

Следниве играчи се назначени за Играчи на Неделата.

НеделаИсточна КонференцијаЗападна КонференцијаРеф.
Окт. 27 – Ное. 1Двајт Хауард (Орландо Меџик)Кармело Ентони (Денвер Нагетс)[96]
Ное. 2 – Ное. 8Џо Џонсон (Атланта Хокс)Крис Каман (Лос Анџелес Клиперс)[97]
Ное. 9 – Ное. 15Брендон Џенингс (Милвоки Бакс)Дирк Новицки (Далас Маверикс)[98]
Ное. 16 – Ное. 22ЛеБрон Џејмс (Кливленд Кавалиерс)Коби Брајант (Лос Анџелес Лејкерс)[99]
Ное. 23 – Ное. 29Џералд Валас (Шарлот Бобкетс)Тим Данкан (Сан Антонио Спарс)[100]
Ное. 30 – Дек. 6Кевин Гарнет (Бостон Селтикс)Карлос Бузер (Јута Џез)[101]
Дек. 7 – Дек. 13Родни Стаки (Детроит Пистонс)Дерон Вилијамс (Јута Џез)[102]
Дек. 14 – Дек. 20Двајт Хауард (Орландо Меџик)Коби Брајант (Лос Анџелес Лејкерс)[103]
Дек. 21 – Дек. 27ЛеБрон Џејмс (Кливленд Кавалиерс)Коби Брајант (Лос Анџелес Лејкерс)[104]
Дек. 28 – Јан. 3Дерик Роуз (Чикаго Булс)Кевин Дурант (Оклахома Сити Тандер)[105]
Јан. 4 – Јан. 10ЛеБрон Џејмс (Кливленд Кавалиерс)Крис Каман (Лос Анџелес Клиперс)[106]
Јан. 11 – Јан. 17Стефен Џексон (Шарлот Бобкетс)Кармело Ентони (Денвер Нагетс)[107]
Јан. 18 – Јан. 24ЛеБрон Џејмс (Кливленд Кавалиерс)Чонси Билапс (Денвер Нагетс)[108]
Јан. 25 – Јан. 31Крис Бош (Торонто Рапторс)Кевин Дурант (Оклахома Сити Тандер)[109]
Фев. 1 – Фев. 7ЛеБрон Џејмс (Кливленд Кавалиерс)Расел Вестбрук (Оклахома Сити Тандер)[110]
Фев. 15 – Фев. 21Двајт Хауард (Орландо Меџик)Карлос Бузер (Јута Џез)[111]
Фев. 22 – Фев. 28ЛеБрон Џејмс (Кливленд Кавалиерс)Дирк Новицки (Далас Маверикс)[112]
Mar. 1 – Мар. 7Двејн Вејд (Мајами Хит)Дирк Новицки (Далас Маверикс)[113]
Мар. 8 – Мар. 14Ендрју Богут (Милвоки Бакс)Брендон Рој (Портланд Трел Брејзерс)[114]
Мар. 15 – Мар. 21Пол Пирс (Бостон Селтикс)Пау Гасол (Лос Анџелес Лејкерс)[115]
Мар. 22 – Мар. 28Двејн Вејд (Мајами Хит)Ману Џинобили (Сан Антонио Спарс)[116]

Играчи на месецот

Следниве играчи се назначени за Играчи на Месецот.

МесецИсточна КонференцијаЗападна КонференцијаРеф.
ноемвриЛеБрон Џејмс (Кливленд Кавалиерс)Кармело Ентони (Денвер Нагетс)[117]
декемвриЛеБрон Џејмс (Кливленд Кавалиерс)Коби Брајант (Лос Анџелес Лејкерс)[118]
јануариЛеБрон Џејмс (Кливленд Кавалиерс)Крис Пол (Њу Орлеанс Хорнетс)[119]
февруариЛеБрон Џејмс (Кливленд Кавалиерс)Карлос Бузер (Јута Џез)[120]
МартДвејн Вејд (Мајами Хит)Амаре Стадемаер (Феникс Санс)[121]

Руки на месецот

Следниве играчи се назначени за Руки на Месецот.

МесецИсточна КонференцијаЗападна КонференцијаРеф.
ноемвриБрендон Џенингс (Милвоки Бакс)Тајрик Еванс (Сакраменто Кингс)[122]
декемвриБрендон Џенингс (Милвоки Бакс)Тајрик Еванс (Сакраменто Кингс)[123]
јануариБрендон Џенингс (Милвоки Бакс)Стефен Кари (Голден Стејт Вориорс)[124]
февруариЏонс Џеберко (Детроит Пистонс)Дарен Колисон (Њу Орлеанс Хорнетс)[125]
МартБрендон Џенингс (Милвоки Бакс)Стефен Кари (Голден Стејт Вориорс)[126]

Тренер на месецот

Следниве тренери беа назначени за Тренери на Месецот.

МесецИсточна КонференцијаЗападна КонференцијаРеф.
ноемвриСтен ван Ганди (Орландо Меџик)Алвин Гентри (Феникс Санс)[127]
декемвриМајк Браун (Кливленд Кавалиерс)Лионел Холингс (Мемфис Гризлис)[128]
јануариЛери Браун (Шарлот Бобкетс)Џорџ Карл (Денвер Нагетс)[129]
февруариСкот Скилс (Милвоки Бакс)Скот Брукс (Оклахома Сити Тандер)[130]
МартЕрик Сполстра (Мајами Хит)Алвин Гентри (Феникс Санс)[131]

Салари Кап

На 7 јули 2009, НБА изјави дека НБА Салари Капот за 2009-10 сезоната ќе биде $57,70 милиони и ќе стапи насила на 8 јули, кога тимовите ќе можат да купуваат слободни играчи и да вршат замени. Даночното ниво беше поставено на $69.92 милиони, со што секојтим плаќа $1 данок за секој $1 со кој се надминати $69,92 милиони. Средното ниво на исклучок беше $5,854 милиони за сезона, а милнималната плата за тимот беше поставен на 75% од салари капот, односно $43.275 милиони..[26]

За сезоната 2008-09, слари капот беше поставен на $58.68 милиони ($0.98 милиони), додека даночното ниво беше на $71.15 million ($1.23 милион). И ако приходите на лигата се зголемија за 2.5% во претходната сезона, намалувањето на салари капот и даночното ниво беше резултат на формулата, користена за салари капот и данокот да бидат под условите на заедничкиот договор.[26]

Медиумска поддршка

Сезоната 2009-100 ќе биде пренесувана во САД преку ABC, ESPN, TNT и NBA TV. Поголем број на натпревари ќе бидат пренесувани на ABC, ESPN и TNT, а додека помал број на NBA TV. Три тимови , Хјустон Рокетс, Њу Џерси Нетс и Шарлот Бобкетс ќе немаат ТВ појавување на ABC, ESPN and TNT. ABC ќе пренесува некои натпревари во недела и на Божик. ESPN главно ќе ги пренесува натпреварите во среда и петок, а додека TNT фглавно натпреварите во четврток. TNT исто така ќе го пренесува 2010 Ол-Старот и вечерните саботни настани на НБА Ол-Старот.[132][133][134]

Наводи