Рики Рубио


Рикард Рубио Вивес (роден на 21 октомври 1990, во Ел Масноу, Барселона), попознат како Рики Рубио, е шпански кошаркар, плејмејкер на Финикс Санс и на шпанската кошаркарска репрезентација.

Рики Рубио


Лични информации
Роден на21 октомври 1990(1990-10-21)(33 г.)
Роден воЕл Масноу, Шпанија
НационалностШпанија Шпанија
Висина1,93 м
Тежина86 кг
Позицијаплејмејкер
Информации за кариерата
Драфт2009 / Рунда: 1 / Пик: 5
Избран од:
Минесота Тимбервулфс Минесота Тимбервулфс
Проф. кариера2005–
Моментален клуб
КлубФиникс Финикс Санс
Број11
Сениорски клубови
Години:Клубови:
2005–2009
2009–2011
2011–2017
2017–2019
2019–
Ховентут Бадалона Ховентут Бадалона
Барселона Барселона
Минесота Тимбервулфс Минесота Тимбервулфс
Јута Јута Џез
Финикс Финикс Санс
Репрезентација
2008-Шпанија Шпанија

Рубио станал најмладиот играч што заиграл во шпанската АЦБ лига, дебитирајќи за екипата на Ховентут Бадалона на 15 октомври 2005 година, на возраст од само 14 години.[1][2] Своето деби во Евролигата го направил на 24 октомври 2006 година, на 16-годишна возраст, со што станал првиот играч роден во 90-тите години, кој играл во натпревар од Евролигата.[3] На 25 јуни 2009 година, тој бил драфтуван како петти пик во првата рунда на НБА Драфтот 2009 од страна на Минесота Тимбервулфс,[4] што го прави првиот играч роден во 90-тите години кој бил драфтуван во НБА. На 31 август 2009 година, Ховентут ги разменил правата над Рубио со Барселона,[5] и тој следниот ден потпишал шестгодишен договор со Барселона.[6] Во 2011 година, Рубио им се приклучил на Минесота Тимбервулфс,[7] и поминал шест сезони во клубот пред да биде разменет во Јута Џез во јуни 2017. Во јули 2019, тој бил разменет во Финикс Санс.

За шпанската репрезентација Рубио дебитирал во 2008 година, а со неа бил победник на две Европски првенства во 2009 и 2011, како и на Светското првенство 2019 на кое бил избран и за МВП.

Тиутли

Клупски

  • Хувентут:
    • УЛЕБ куп (1): 2007/08.
    • ФИБА Еврокуп (1): 2005/06.
    • Суперкуп на Шпанија (1): 2008.
  • Барселона:
    • Евролига (1): 2009-2010
    • Шпанско првенство (1): 2010-2011.
    • Куп на Шпанија (2): 2010, 2011.
    • Суперкуп на Шпанија (2): 2009, 2010.

Репрезентативни

Поединечни

  • Најкорисен играч на Светското првенство (1) : 2019
  • Идеални тим Светското првенство (1) : 2019
  • НБА Западна конференција - Руки на месецот : декември, јануари
  • Растечка ѕвезда на Евролигата (1): 2009-2010
  • Мистер Европа (1): 2008.
  • Најкорисен играч на Европско првенство под 16 години (1): 2006.

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица