NML Лебед

црвен суперџин
(Пренасочено од НМЛ Лебед)

NML Лебед или V1489 Лебед (NML Cygni, V1489 Cygni) — црвен хиперџин[6] и втора позната ѕвезда по големина, со полупречник од 1.640 Сончеви полупречници (1,14×109 или 7,6 ае) или од 1.183–2.770 Сончеви полупречници (823.000.000–1.927×109 км; 5,50–12,88 ае). Се проценува дека е оддалечена од Земјата 1,6 кпс, околу 5.300 сг.[8]

NML Лебед
Местоположба на NML Лебед (заокружена)
Податоци од набљудување
Епоха J2000      Рамноденица J2000
СоѕвездиеЛебед
Ректасцензија20ч 46м &1000000000000255400000025,54с[1]
Деклинација+40° 06′ &1000000000000059400000059,4″[1]
Прив. величина (V)16.60[2]
Особености
Спектрален типM6I[3]
Привидна ѕвездена величина (K)12,3[4]
B−V Боен показател+2,04[2]
Променлив типSR[5]
Астрометрија
Сопствено движење (μ) Рект: −1,55[6] млс/г
Дек.: −4,59[6] млс/г
Паралакса (π)0.620 ± 0.047[6] млс
Оддалеченост1.610[6] пс
Податоци
Маса50[7] M
Полупречник1.183[4] (1.640-2.770[6] R
Сјајност272.000[4][6] L
Температура3.834[4] (2.500-3.250)[6] K
Други ознаки
V1489 Cyg, RAFGL 2650, IRC+40448, 2MASS J20462554+4006594, AAVSO 2042+39
Наводи во бази
SIMBAD— податоци
Лебед OB2 — ѕвезденото здружение во кое се наоѓа NML Лебед.

Ѕвездата е дел од здружението Лебед OB2, едно од масивните здруженија најблиски до Сонцето, протегаќи се речиси 2° на небото или ∼30 парсеци во пречник, на растојание од 1,74±0,2 кпс.[9]

Историја на набљудување

Ѕвездата е откриена во 1965 г. од Нојбебауер, Марц и Лејтон, кои опишале две многу црвени сјајни ѕвезди, со бои што одговараат на црнотелесна тепмература од 1.000 K.[10] Акронимот NML во името се првите букви од имињата на откривачите.[11] Втората ѕвезда за кратко се водела како NML Бик[12] но денес е позната како IK Бик,[13]мирида од типот M9. NML Лебед потоа ја добил ознаката V1489 Лебед поради малите полуправилни колебања во светлоста,[14] но сепак го задржува NML Лебед како најчесто име. Нејзиниот состав почнал да станува познат со откривањето на OH-мазери (1612 MHz) во 1968 г.[15] Пронајдени се и молекули од H2O, SiO, CO, HCN, CS, SO, SO2 и H2S.[16]

Особености

Во поново време полупречникот на NML Лебед се наведува како 1.183 R.[4] Поточното мерење на нејзиното растојание и сјајност, заедно со претпоставките за нејзината делотворна температура даваат полупречник од 1.640 R при температура од 3.250 K или 2.770 R при температура од 2.500 K.[6] Во 2004 г. Зубко и др. го процениле дека ѕвездата е многу поголема, со полупречник од дури 3.740 R,[17] согласно претпоставената оддалеченост од 2.000 пс и аголен пречник од 8,6 млс.[18] Поновите мерења укажуваат на браново добиен аголен пречник од 44 млс при оддалеченост од 1.600 пс, со што оптичкиот аголен пречник би изнесувал 22 млс.[6]

Ако ја сместиме во средиштето на нашиот Сончев Систем, ѕвездата би се протегала подалеку од орбитата на Јупитер. Има зафатнина меѓу 1,6 и 21,4 милијарди пати поголема од онаа на Сонцето. Болометричка сјајност (Lbol) на NML Лебед изнесува речиси 3 × 105 L. Нејзината болометрична величина (Mbol) е околу −9,0. Спаѓа меѓу најсјајните студени хиперџинови и најсјајните ѕвезди во Млечниот Пат. По поведение, NML Лебед е полуправилна променлива ѕвезда со период од околу 940 дена.[9]

Ѕвездата е сместена близу очекуваната положба на која ѕвезда од 25 M би се развила по осум милиони години.[6] Тешко е да се процени нејзината тековна маса. Еден извор вели дека таа изнесува 50 M.[7]

NML Лебед е во поодмината развојна фаза и во нејзината атмосфера се пронајдени низа тешки елементи и молекули, особено кислород, хидроксил и вода. Опкружена е со правилв материјал[6][9] и има несиметрична маглина во облик на зрно грав складна со распределбата на мазерите со испаренија од H2O.[19]

Се смета дека ѕвездата губи 2×10−4 M маса годишно,[16] што е меѓу најголемите степени на губиток од сите познати ѕвезди. Годишната паралакса на NML Лебед изнесува околу 0,62 лачни милисекунди.[6] Од набљудувањата се проценува дека ѕвездата има две засебни оптички дебели обвивки од прав и молекули. Оптичката длабочина на внатрешната обвивка изнесува 1,9, а пак внатрешната е дебела 0,33.[20] Овие обвивки од прав се образувале поради силниот ветер од подрачјата по главната низа, и дуваат со брзина од 23 км/с.[9]

Наводи

&1000000000000002000000020ч &1000000000000004600000046м &1000000000000255400000025,54с, +&1000000000000004000000040° &1000000000000000600000006′ &1000000000000594000000059,40″